[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
ОТКАКО МУ СПАСИ ЖИВОТ НА НАВИВАЧ НА ШКЕНДИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Лекарот на Брегалница, Стојчев - најхуман во 2004 [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
ШТИП. - Д-р Ѓорѓи Стојчев, специјалист по спортска медицина и вработен во Медицинскиот центар во Штип, е прогласен за најхуман доктор во 2004 година со што го прими и признанието за најхуман човек во оваа година. Како лекар на ФК Брегалница, Стојчев на прволигашкиот натпревар во Тетово со Шкендија 79 спаси од сигурна смрт еден навивач на домашната екипа. Во првото полувреме од овој натпревар, на навивачот на Шкендија, кој бил на трибините, наеднаш му се слошило и паднал во несвест. Докторот на Брегалница, кој седел на резервната клупа со играчите на штипскиот клуб, кога видел за што се работи, без размислување ја прескокнал високата ограда на стадионот и отишол кај онесвестениот навивач. Според зборовите на докторот, навивачот бил во клиничка смрт и повеќе од 10 минути се борел за неговиот живот, но со интензивна брза помош успеал да го врати во живот. Родителите на младиот тетовчанец по завршувањето на натпреварот му искажале голема благодарност на штипскиот доктор кој го спасил нивниот син.
(Ј. Т.) [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Дома Назад Горе [/FONT]