- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Доколку Македонците во Егејскиот дел на Македонија бидат единствени, соништата на нашите дедовци ќе се остварат.
А, на последниве избори во Грција јас гледам оптимистички оти семето е посеано и од сегашните илјада гласови, нашите луѓе таму, следниот пат ќе соберат сто илјади гласови.
Ова денеска на општонародниот собир во пелагониското село Новаци го рече архимандритот Никодим Царкњас, кој учествуваше на осветувањето на манастирот Успение на Пресвета Богородица заедно со митрополитот Петар и другите свештенослужители, а под покровителство на премиерот Никола Груевски.
Царкњас, смета дека „Северна Македонија“ е добро решение во спорот за името.
„Во Северна Грција не беше прифатливо ништо. За мене лично како Никодим Царкњас и како борец, не е лошо, добро е, оти кога има северна, има јужна, има, источна и западна Македонија“, рече архимандритот Царкњас.
Премиерот Груевски не сакаше да го коментира ваквиот став на Царкњас, меѓутоа уште еднаш рече дека нема решение за овој спор без референдум.
„Јас не би коментирал кој што друг кажал. Ние сме во разговори поврзани во изнаоѓање на решение за овој проблем. Меѓутоа, како што имаме кажано, сепак, на крајот граѓаните ќе го имаат зборот за она што се вика иднина за Државата и она што се вика носење на круцијални одлуки за Република Македонија“, рече премиерот Никола Груевски.
Покрај осветувањето на новачкиот манастир, премиерот Груевски на денешниот престој во Битола го озваничи стартот во изградбата на 150 солидарни станови во овој град.
a1
e pope pope