Точно. Оти никој не се нафати да истражи за секој, не само за Бранко? Сите имаат повеќе од колку што пријавуваат.
Во СЕМОС, нема Бранко акции? На кого се пишани?
Za Branko e napraveno edno istrazuvanje, malku poodamna ama ovaa e edinstveno publikuvano. Mozebi avtorot na serijalov ke ne pochesti so ushte nshto od ОА "Трансформација-96".
ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 8 )
ЦРВЕНКОВСКИ ПРЕД ОСУМ ГОДИНИ ТЕЖЕШЕ 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Општо познато е дека во процесот на приватизацијата се создаде една олигархиска структура која го приграби за себе најголемиот дел од општествениот капитал создаван со децении, од повеќе генерации. Секако интересна е технологијата на богатењето на т.н. транзициски богаташи, кои извршија невидено економско злосторство врз сопствениот народ. Но, уште поинтересно е и тоа што во рамките на својата работа агентите на Службата за државна безбедност ќе дојдат до одредени податоци и за висината на имотот на Црвенковски во тоа време, бидејќи како што веќе пишував, агентите на службата беа суптилно убедувани дека наводно имаат одврзани раце да прибираат сознанија за секого, без оглед на неговата функција. Нив не им беше кажано дека формирањето на третата управа во СДБ, задолжена за организиран криминал, како и заведувањето на оперативната акција "Трансформација 96", беа всушност за потребите на Црвенковски за да има увид во т.н.приватизаицја. Во секое зло, добро.
За презентирањето на огромниот број податоци до кои дојде СДБ во врска со криминалната приватизација во рамките на ОА "Трансформација-96", сигурно би можело да се публикува т.н. бела книга. Колку што дозволува просторот, во оваа пригода, за потребите на нашата анализа по случаен избор ќе презентираме податоци, на пример, за богатењето на еден наш локален тајкун. Инаку, избраниот случај е поучен пример и репер за гангстерското богатење и на останатите, пред се од т.н. олигархиска структура. Низ приказот на овој случај, всушност, се отсликува идентичноста и на останатите случаи на т.н. приватизирање на општествените фирми.
Во овој контекст, сметам дека еден од актерите со историска одговорност за грабежот на македонското стопанство е и Глигоров, кој во зенитот на својата апсолутна власт ќе дозволи да се донесе прочуениот македонски криминален Закон за приватизација, кој ќе доведе до бесплатно разграбување на фирмите во т.н. приватизација. Сумарно кажано, еве што стои во службени материјали на агентите на СДБ за случајот на фирмата и богатењето на спомнатиот бизнисмен, чие име веројатно лесно ќе се препознае. Имено, ОА "Трансформација" дојде до сознанија дека оваа компанија, како и останатите, почна со приватизацијата во услови на дефинираната политичка и правна рамка, која обезбедуваше целокупното македонско богатство бесплатно да помине во рацете на неколку луѓе. На самиот старт на приватизацијата, еден светски познат 50 милиони долари за откуп на компанијата.
Но, политичкото водство во Македонија не сакаше преку платена приватизација да го полни буџетот, туку планираше богатење на поединици преку бесплатен откуп на претпијатијата. Затоа му се дозволува на спомнатиот "менаџер" со својата дружина, за само 4 милиони долари, на неколку рати, да ја откупат компанијата-и тоа не со свои пари, туку од приходот на компанијата остваруван во секојдневното работење, значи бесплатно. Наспроти понудените 50 милиони долари. Иронијата да биде поголема, компанијата ќе биде проценета на околу 4 милиони долари, а истовремено во своите магацини во тој момент држи резерви во вредност од околу 5 милиони долари. Тој износ "менаџерите" го прикрија во пресметковната вредност, се со цел компанијата да се откупи по багателна цена.
Но, што е најинтересно, по откупувањето на компанијата од т.н. менаџерски тим, главниот тајкун и неговата тајфа од позиција на газди ќе го продадат управувачкиот пакет од 51 отсто за сума од 34 милиони долари токму на спомнатата странска компанија, преку една друга нејзина фирма. Значи, наместо 50 милиони долари да завршат во буџетот, доколку имавме вистински платена приватизација, се дозволи најпрвин "менаџерите" бесплатно да си ја присвојат компанијата, а потоа од позиција на газди да ја продадат за 34 милиони долари, кои завршуваат во приватни џебови. Така преку ноќ тие станаа милионери, а сето тоа врз трудот на целиот македонски народ, која практично не доби ништо, а со децении со невиден ентузијазам ги градеше фабриките.
Далеку од тоа некој наивно ќе поверува дека целокупните високи суми што на класичен гангстерски начин ги заработија т.н.транзициони богаташи завршија целосно кај нив, во услови кога политичкото водство има ја обезбеди потребната логистика за овие криминални трансакции. Во оваа насока, некаде во предозборната 1998 година, според оперативните материјали на агентите на СДБ, во рамките на ОА "Трансформација" ќе се види дека премиерот Црвенковски имаа лично богатство од околу 20 милиони долари.
Свесно правејќи дигресија, да напомнам дека деновиве сме сведоци на судски постапки против новинар за изнесени сомневања за банкарски сметки на Црвенковски во странство. Авторот на текстот целосно ја оправдува иницираната постапка од Црвенковски за клевета против новинарот, бидејќи со оглед на претходно наведеното, станува појасно дека тужениот новинар и навистина го клеветел и навредувал нашиот претседател, кажувајќи дека има "само" околу 12 милиони долари, а во услови кога Црвенковски, според СДБ, уште пред околу 8 години поседуваше веќе 20 милиони долари. Дотолку повеќе што самиот Црвенковски и дозволи на една елита од десетина луѓе да се стекне со богатство од околу 500 милиони евра. Просто е несватливо како може тој да има "само" околу 12 милиони долари, според тужениоит новинар.
Но, иронијата на страна, во случајов се поставува прашањето како од премирска плата се заработени милиони суми долари.
Како и да е, агентите на СДБ, во рамките на ОА "Трансформација", добро ќе ја извршат задачата и ќе приберат голем број податоци за криминалната приватизација, но повратно нема да има ниту една судска постапка за криминални активности. Со тоа станува јасно дека сето ова всушност било добро смислена конструкција за потребите на Црвенковски да има целосна контрола спрема најзначајните фирми и лица во процесот на приватизацијата. И најверојатно сите овие обемни податоци всушност му послужиле на Црвенковски за "регулирање" на меѓусебните односи со т.н. транзициски богаташи.
Во предвечерието на парламентарните избори во 1998 година, кога веќе му е јасно дека најверојатно ќе ги загуби изборите, во договор со СДБ, во месец септември 1998 година, по две годишно егзистирање, ќе се дерегистрира (укине) оперативната акција "Трансформација-96". Откако набргу и официјално ќе се потврди дека се загубени парламентарните избори во 1998 година, целокупната оперативна документација во рамките на ОА "Трансформација-96", каде што се содржани обемни оперативни сознанија за криминалните аспекти на приватизацијата на околу сто поинтересни фирми за Црвенковски, меѓу кои и за т.н.олигарси, експресно ќе биде изнесена од СДБ, односно од кругот во МВР и складирана на сигурно место за Црвенковски и неговата политичка и олигархиска дружина.
(Авторот е претседател на Народно движење за Македонија)