ќе ми даде некој мислење за почетничка гитара, значи докај 100 евра да биде, немора на ново(зашто неверувам дека за тие пари ќе најдам), може да е сочувана половна, и немора да е само акустична, може и електрична,
ако би сакал некој да ми пообјасни малце, никогаш несум свирел гитара а многу имам мерак, сакам гитари, е сега се мислам помеѓу акустична и електрична, која е полесна за учење, и што да гледам при купување да не се заебам, такви работи. гледав доста огласи за електрични гитари, половни, копии на стратокастер за околу 100-тина евра, е сега дали тие се ок или не, ми се допаѓа изгледот, друго не разбирам. дома имам стерео појачало луксман со два звучника, не е гитарско, има влезови каде би можел да ја вклучам гитарата, мислам ако земам електрична да го користам тоа појачало за почеток, па понатаму да купам гитарско или не бива така? би бил благодарен доколку некој ми помогне со изборот. поздрав :helou: