- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Грчката полиција во северна Грција уапси 13 лица осомничени за измами со фалсификувани кредитни картички и лични карти, кои повлекувале пари од големи банки во Европа и во САД.
Меѓу уапсените има девет Македонци, двајца Бугари, една Грузијка и еден Грк.
Началникот на полициската служба во Солун, Димитрис Пападопулос изјави дека членовите на криминалната група изработувале фалсификувани кредитни картички и лични карти, кои ги продавале или ги користеле за купување на луксузна стока.
Тој истакна дека уапсените се осомничени дека на тој начин извршиле штета од најмалку 570 илјади евра.
Пападопулос изјави дека станува збор за меѓународна мрежа, која користи специјална опрема.
Полицијата изврши претрес на четири станови во Солун, од каде конфискувала стотици фалсификувани лични карти и кредитни картички и апарати за фалсификување.
A1