Страница со свое име на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Светски популарниот сајт Facebook во сабота, 13-ти јуни од 14 часот на регистрираните корисници ќе им понуди опција за креирање сопствени веб страници со истото корисничко име. На овој начин сите кои ќе сакаат да го најдат вашиот профил и податоци тоа ќе можат да го направат многу побрзо. Како што е соопштено, новата опција на посетителите креирање едноставно адреси кои би изгледале вака: http://www.facebook.com/imeprezime/ наместо досегашниот систем на прикажување на името со броеви од типот www.facebook.com/profile.php?id=123456789.

Вакви услуги одамна нудат конкурентите MySpace и Twitter.

Дизајнерот на Facebook Блејс ДиПерсиа истакна дека веб адреса со име и презиме ќе добијат „најбрзите“, што сигурно ќе предизвика трка меѓу 200 милиони корисници, колку што во моментов поседува друштвениот сајт.
Побрзајте во сабота, ќе се регистрира масовно :helou:
 
Добра работа е ова. Линкот ќе биде ко на МајСпејс.
edit:сум го скокнал тој дел :kesa:
Уште подобро во 14 часот.
 
Незнам што е толку јака штикла ова, ко којзнае каква револуција да направиле :)
Ебаго, сакате од сабота да имате http://forum.kajgana.com/juzerot кој ќе води до вашиот профил? :)
 
ахахаха, сакаме сакаме:vozbud::vozbud:
 
да да и покер на форумов сакаме и чак и квизови некои ако може!!! :):)
 
Може да има и подароци за праќање :pos:
Ќе видам во сабота... ама не ми е нешто важно...
 
После ке можеш на профилот на Кајгана да ставиш линк до профилот на Facebook а таму па да имаш линк до Hi5. Фенци.


хаахаха, сакаме статус да си менеме кога сакаме:pos2:
 
голем
к*р
стаиле SEO и ае... си мислиш кујзнае што е.
Acid стај vbSeo, мислам мн боље ќе е, башка полесно ќе можеш да идеш до некоја тема или профил, а не showthread.php.... и бројки да пишуваш.
 
Од утре

имаш Наскоро ќе можеш да имаш корисничко име Почнувајќи од сабота, 13 јуни, во 06:01, ќе можеш да одбереш корисничко име за твојот Facebook профил за лесно да ги насочиш твоите пријатели, семејство и колеги на твојот профил.
Провери го Facebook блог за повеќе информаци или прати си сам себеси мејл со деталите.
 
да да и покер на форумов сакаме и чак и квизови некои ако може!!! :):)

Да! Покер сакаме!! со 10 000 чипа гратис дневно. шконтерите на фејсбук даваат 2 000.. :)

и кафиња.. и апликации како укусни слаткиши (бог да чува:nesvest:)
 
И официјално од утрото во 6.01 започна регистрирањето на usernames.
Значи одите на страната www.facebook.com/username и си одбирате од понудените имиња или во долниот дел избирате по ваш избор. (Секако претходно треба да бидете логирани).
Тоа што успеав да приметам е дека најчесто имиња на држави, градови не се дозволени за регистрирање, сеуште не знам зошто. Всушност има многу корисници кои резервирале но сепак при посета на страната со тоа име, се добива грешка.
Како и да е паметен потег бидејќи од сега со своја адреса многу е полесен и пристапот на вас и на сите останати кои пребаруваат.

Надополнето: За 3 минути 200.000 Facebook кориснички адреси

(10.06.2009) Facebook на своите 200 милиони корисници ќе им понуди полесен начин да го споделуваат својот профил. Наместо досегашната адреса на вашиот профил што е - http://www.facebook.com/profile.php?id=[9 бројки] - сега вашата адреса ќе биде името на вашиот профил - http://www.facebook.com/[корисничко име].
Но мора да побрзате доколко имате често име. Facebook објави дека „грабањето“ кориснички адреси ќе започне на 13 јуни во 18 часот по македонско време (12:00 во САД). Facebook ќе ви прати нотификација со која ќе ве информира да изберете свое корисничко име при што ќе ви даде неколку опции. Доколку некој друг го зафатил вашето име тогаш ќе мора да изберете од другите опции. Исто штом еднаш изберете корисничко име, тоа ќе ви остане, „затоа внимателно со избирањето на корисничките адреси“ вели Facebook.
 
Интересна информација

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom