5 граматички грешки кои ги правите најмалку еднаш неделно (и не сте свесни за тоа)

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Денес учев македонски како никад у 4 години и најдов некои доста интересни работи + во последно време пробував да пишувам на еден интересен стил па решив да го напишам овој артикл. Ако му се свиѓа на некој админ може и на портал да го стави слободно.

-------------------------------------------------------------------------
5 граматички грешки кои ги правите најмалку еднаш неделно (и не сте свесни за тоа)

Кога го прочитавте зборот "граматички" веројатно си помисливте дека ова ќе биде уште еден текст кој ќе има досадни дефиниции и доста работи што отпрвин не прават смисла.

Претпоставувам дека не одите секоја година на Струшките вечери на поезијата и не сакате да пишувате текстови и читате во врска со таа тема па така не забележавте дека зборот СТРУШКИ се пишува со мала буква (струшки). Да, постои едно (чудно) правило кое вели дека придавки изведени од географски поими се пишуваат со мала буква.

Но веројатно додека сте биле на училиште учебникот по македонски ви бил во последната фиока фаќајќи прашина и поголемиот дел од денот не сте го поминувале седејќи на часовите по македонски туку играјќи пинг понг со другарите на физичко. Уф...можеби ќе зажалите за тоа и ќе одлучите да се вратите на граматиката бидејќи само што промашивте уште една граматичка грешка. Постои уште едно чудно правило кое вели дека пинг и понг треба се поврзани со цртичка. Да бидат поврзани. Како јинг и јанг, разбираш? (уф...на кого објаснувам).

Како и да е, еве уште неколку примери кои веројатно не ги пишувате правилно најмалку еднаш неделно од оваа група: предлог-закон, жиро-сметка, визит-карта, пинг-понг, доста-бе-ме-збудале (ова последново е шега...или другаров на кого му го дадов да го прочита текстов го кажа ова кога стигна до тука хм...)

НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ! Колку ли пати го читам ова. Повторувај: НЕ МОЖАМ...се пишува одвоено. Очигледно треба да го дадам ова на оние 172.000 луѓе кои не го знаат правилово.

Насловов на текстов беше 5 грешки а да сега спомнав 3, кои се останатите 2?

Да пробаме една гатанка...кој е тој збор кој ако му го кажеш на професорот ќе те смета за фин човек но ако му го напишеш на лист хартија ќе те обеси од третиот спрат на највисокото средно училиште во Скопје? (инаку незнам кое е највисоко средно во Скопје но веројатно ако те стават на бесилка од таму ќе имаш големи проблеми).

Догледање професоре! Упс...еве го јажето. ДО ГЛЕДАЊЕ СЕ ПИШУВА ОДДЕЛНО (како и секој поздрав што е составен од два или повеќе збора). Благодарност за лекцијата, професоре, сега може да ме оставите? Супер, можам да ви го кажам и последното правило.

За жал ова не е правило туку група од зборови кои едноставно, мора да се пишуваат така. Некои луѓе сеуште се обидуваат да се водат само по правила, наместо да научат дека сеуште се пишува одвоено (се уште) . Уште еден ваков пример е и "од се срце".

Се надевам, во случај некој професор го прочита текстов, нема да ги злоупотребува учениците со овие таканаречени "language gaps." (I just love English, by the way.) Искрено, и јас ги правам грешкиве доста и е тешко човек да се одвикне од нив. Но со дисциплина се е можно. (барем така ми викаше наставничката по македонски која ако дознае кој го напишал ова веројатно ќе си *ми ја искубе косата ).

Ако знаете некои други чести грешки што се прават тука придружете ни се на Кајгана форумот за да ги дискутираме. До тогаш...до гледање :)

---------------------------------------------------------------------

Искрено гледав вакви доста текстови напишани на англиски па мислев да пробам нешто на македонски. Така што don't be too hard if you don't like it haha
 
Интересно, ми го привлече вниманието.
 
Хехе супер пост, кога го читав ова во прирачникот се изначудив :) . (да не има и овде некоја грешка? :helou: )
 
Првата буква од манифестации, фестивали... се пишува со голема буква. Така и Струшки вечери на поезијата.
 
...(инаку незнам кое е највисоко средно во Скопје но веројатно ако те стават на бесилка од таму ќе имаш големи проблеми)...

Шестата граматичка грешка која ја правите најмалку ...
 
Денес ги разлистував тетратките од средно(матурант сум), и наидов на еден пасус каде што сум запишал дека имињата на планетите се пишуваат со голема почетна буква, а во заграда сум допишал дека земја, месечина и сонце се пишуваат со мала буква:toe:
 
Грешка си, планети, сателити и такви работи се пишет со голема печатна буква.
 
Аман бре???? Мора баш печатна???
Инаку за “догледање“ не би рекла дека треба одделно да се запише. Сепак, постојат и сложени зборови, кои се составени од два или повеќе збора.
Исто како што префиксот НЕ се пишува одделно од глаголот (не сакам, не гледам...). Арно ама, од секое правило има исклучок, па така и од ова. Исклучоците се “неможам“ и “незнам“.
Кога сме веќе кај струшки... да, во право си, придавките со наставка -ски се пишуваат со мала буква, а со наставка -ов (која најчесто се додава до имиња и презимиња) со голема буква. Но, Струшки вечери на поезијата е културна манифестација, што се пишува со голема буква. Како би било Скопски фестивал да се напише со мала?
Сателит се пишува со мала буква, но името на сателитот се пишува со голема буква. Сателитот на планетата Земја, се вика Месечина....и така натаму...
 
Хехехе мислев на почетна :helou:
 
Сателит се пишува со мала буква, но името на сателитот се пишува со голема буква. Сателитот на планетата Земја, се вика Месечина....и така натаму...

Дечко је из Немачка ....
 
Јас па мислам дека не може и не знам се пишува одвоено

Денес ги разлистував тетратките од средно(матурант сум), и наидов на еден пасус каде што сум запишал дека имињата на планетите се пишуваат со голема почетна буква, а во заграда сум допишал дека земја, месечина и сонце се пишуваат со мала буква:toe:

земја се пишува со мала кога се милсли на земја ама не како на вселенско тело на пр.Седам на земја
или на пр.Јас сум од планетата Земја
Сфаќаш
 
Денес учев македонски како никад у 4 години и најдов некои доста интересни работи + во последно време пробував да пишувам на еден интересен стил па решив да го напишам овој артикл. Ако му се свиѓа на некој админ може и на портал да го стави слободно.

-------------------------------------------------------------------------
5 граматички грешки кои ги правите најмалку еднаш неделно (и не сте свесни за тоа)

Кога го прочитавте зборот "граматички" веројатно си помисливте дека ова ќе биде уште еден текст кој ќе има досадни дефиниции и доста работи што отпрвин не прават смисла.

Претпоставувам дека не одите секоја година на Струшките вечери на поезијата и не сакате да пишувате текстови и читате во врска со таа тема па така не забележавте дека зборот СТРУШКИ се пишува со мала буква (струшки). Да, постои едно (чудно) правило кое вели дека придавки изведени од географски поими се пишуваат со мала буква.

Но веројатно додека сте биле на училиште учебникот по македонски ви бил во последната фиока фаќајќи прашина и поголемиот дел од денот не сте го поминувале седејќи на часовите по македонски туку играјќи пинг понг со другарите на физичко. Уф...можеби ќе зажалите за тоа и ќе одлучите да се вратите на граматиката бидејќи само што промашивте уште една граматичка грешка. Постои уште едно чудно правило кое вели дека пинг и понг треба се поврзани со цртичка. Да бидат поврзани. Како јинг и јанг, разбираш? (уф...на кого објаснувам).

Како и да е, еве уште неколку примери кои веројатно не ги пишувате правилно најмалку еднаш неделно од оваа група: предлог-закон, жиро-сметка, визит-карта, пинг-понг, доста-бе-ме-збудале (ова последново е шега...или другаров на кого му го дадов да го прочита текстов го кажа ова кога стигна до тука хм...)

НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ! Колку ли пати го читам ова. Повторувај: НЕ МОЖАМ...се пишува одвоено. Очигледно треба да го дадам ова на оние 172.000 луѓе кои не го знаат правилово.

Насловов на текстов беше 5 грешки а да сега спомнав 3, кои се останатите 2?

Да пробаме една гатанка...кој е тој збор кој ако му го кажеш на професорот ќе те смета за фин човек но ако му го напишеш на лист хартија ќе те обеси од третиот спрат на највисокото средно училиште во Скопје? (инаку незнам кое е највисоко средно во Скопје но веројатно ако те стават на бесилка од таму ќе имаш големи проблеми).

Догледање професоре! Упс...еве го јажето. ДО ГЛЕДАЊЕ СЕ ПИШУВА ОДДЕЛНО (како и секој поздрав што е составен од два или повеќе збора). Благодарност за лекцијата, професоре, сега може да ме оставите? Супер, можам да ви го кажам и последното правило.

За жал ова не е правило туку група од зборови кои едноставно, мора да се пишуваат така. Некои луѓе сеуште се обидуваат да се водат само по правила, наместо да научат дека сеуште се пишува одвоено (се уште) . Уште еден ваков пример е и "од се срце".

Се надевам, во случај некој професор го прочита текстов, нема да ги злоупотребува учениците со овие таканаречени "language gaps." (I just love English, by the way.) Искрено, и јас ги правам грешкиве доста и е тешко човек да се одвикне од нив. Но со дисциплина се е можно. (барем така ми викаше наставничката по македонски која ако дознае кој го напишал ова веројатно ќе си *ми ја искубе косата ).

Ако знаете некои други чести грешки што се прават тука придружете ни се на Кајгана форумот за да ги дискутираме. До тогаш...до гледање :)

---------------------------------------------------------------------

Искрено гледав вакви доста текстови напишани на англиски па мислев да пробам нешто на македонски. Така што don't be too hard if you don't like it haha

Дуфи брат, тебе или ти е многу досадно, или те удрило у глава учењето за матура. ЛОЛ
 
Аман бре???? Мора баш печатна???
Инаку за “догледање“ не би рекла дека треба одделно да се запише. Сепак, постојат и сложени зборови, кои се составени од два или повеќе збора.
Исто како што префиксот НЕ се пишува одделно од глаголот (не сакам, не гледам...). Арно ама, од секое правило има исклучок, па така и од ова. Исклучоците се “неможам“ и “незнам“.

Секоја негација што оди со глагол се пишува одделно, па така и не знам и не можам. Не се исклучоци.
 
...
Уште еден ваков пример е и "од се срце".
...

...од [FONT=&quot]сѐ[/FONT] срце..

Не е исто „се“ и „ [FONT=&quot]сѐ[/FONT]“

Се изморив.
[FONT=&quot]Сѐ[/FONT][FONT=&quot][/FONT] [FONT=&quot] [/FONT]е бело.

Не знам.
[FONT=&quot]Нѐ[/FONT] виде.
:smir:
 
Се уште се пишува одделено, а не сеуште. Исто на форумов сум сретнала грешки како: представува (едначење по звучност, треба претставува), подценува (исто, треба потценува) итн. (не можам да се сетам на други сега).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom