- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 707
za evropskata unija so srpski prevod
http://video.google.com/videoplay?docid=2962041616414853362&hl=en
http://video.google.com/videoplay?docid=2962041616414853362&hl=en
Се мачат луѓето да направ саглам вирус. Али оваа ебола ако се рашири...У последно време се нешто мутира. Како порано имало само обичен грип, туберкулоза, чума...Да го ......... тој свински грип веќе, ебате страшната смртоносна болест со едвај 0.1% смртност и тоа при компликации и суперпозиција со друга работа......
....кај овие нашиве случаи додека стигнаа резултатите од тестовите луѓето веќе оздравеа....и овој ко сите други грипови ...седум дена со лекови или една недела без лекови....
Инаку од вакви мутации добро им иде бизнисотСтрав од мутација на свинската ебола
Американскиот Центар за болести и превенција (ЦДЦ), предупреди оти вирусот може да мутира во варијанта што би била далеку посмртоносна и позаразна за човештвото од сегашната форма на еболата
Милијарди долари за вакцина против грипот А
САД ќе потрошат дополнителни милијарда долари за создавањето вакцина против вирусот Х1Н1, кој го предизвикува грипот А, соопшти Кетлин Сибилиус од Секретаријатот за здравство.
Знаеш што е фрката денес повеке не се тајни друштва минатите кандидати за претседатели на Америка и членови со високи функции во општеството јавно ти изјавуваат дека ‘‘Новиот светски поредок може да започне‘‘ тие немаат потреба да се кријат како во време на среден век кога започнале да се оформуваат тие се инфилтрираа во политика економија во култура медиуми во католицизам значи просто ги држат конците во секоја свера на човеково дејствувување. Толку се прозирни што ти изгледа чудна идејата како може некој да има таква цел?! Па лугето умираат за јадење поради не правилно распределената економска мок тие се издигнаа како најмокни и ги диктираат законите и самите ги формулираат правилата по кои ке играат нивните послаби поданици. Секојдневно милиони тони храна се истураат по океаните што мислите Африка и Азија се навистина толку сиромашни или некој исценирал да бидат за да може наголемо да ги извезува нивните природни богатства.Тој што мисли дека можи да ја контролира човечката свест преку некои си чипови и наметнати информации се заебал гадно. Уствари тие што ја водат играта сакаат само да мислат луѓево дека тоа ќе биди така. Се додека вниманието се одвлекува со вакви глупости се дотогаш тие ќе си бркаат работа. Ајде малку логички да размислиме чипови да чипови ако е толку тајна таа операција за преземање на светов од каде толку трубење во врска со тоа, па детален план што ќе биди како ќе биди.
Дали на луѓето во Африка кои што умираат за вода, а не за леб им е приоритет некој си светски поредок? Или едноставно ќе гледаат да преживеат ден за ден и ќе се пазат да не ги покоси некоја болест.
Дајте има на луѓето леб и игри, како што гледам леб имаат па за игри ајде интересни теории за заговор. Да се занимаваат нешто за да не им биде досадно па да почнат да гледаат тоа што не треба да го видат и да почнат да прашуваат и прават проблеми .
Се мачат луѓето да направ саглам вирус. Али оваа ебола ако се рашири...У последно време се нешто мутира. Како порано имало само обичен грип, туберкулоза, чума...
Инаку од вакви мутации добро им иде бизнисот
Биотероризам и профит од лекови, вакцини, вештачко ширење на мутирани микроорганизми. Еве за грипот од Дневникеболата или пак вариолата по одговараат и се УЖАС!!!
ова е играчка...
а мутациите се природна работа..(нормално и под дејство на одредени мутагени влијанија)
Моќ преку парите, парите од профитот од вакви дејства, моќ преку контрола на популација, а контрола преку вакви микроорганизми.Грипот се шири заради профитот
Се подготвува најголемиот грабеж и злосторство на човештвото бидејќи вирусот на новиот грип е искористен како биолошко оружје, а биотероризмот го спроведува група врвни светски банкари кои ги контролираат федералните резерви во САД, СЗО, Обединетите нации и НАТО, обвини австриската новинарка Јане Бургермеистер.
Таа веќе покренала тужба против СЗО, ООН, ФБИ и против неколку американски владини и фармацевтски лица, кои, според неа, подготвуваат планирано масовно убиство на голем број луѓе на Земјината топка. Како што пренесоа европските медиуми, новинарката бара од американскиот суд да ја забрани употребата на новата вакцина против свинскиот грип, од која здравствените власти во многу земји побаруваат огромни количини. Вирусот на новиот грип А Х1Н1 масовно се шири во светот - заболуваат и умираат илјадници луѓе, а фармацевтските компании подготвуваат вакцина.
Бургермеистер тврди дека токму оние моќници што го создадоа вирусот сега подготвуваат вакцина. Таа до државното обвинителство во Виена доставила тужби и против компаниите „Бакстер“ и „Авир“. Австриската новинарка тврди дека има докази оти претставништвото на фирмата „Бакстер“ во Австрија во минатата зима на 16 лаборатории во четири земји им испратило 72 килограма жив вирус на птичјиот грип кој не бил соодветно осигурен, лабораториите не го чувале добро вирусот и дозволиле тој да се помеша со човечкиот грип. Таа го посочува и скандалозниот случај кога вирулентниот материјал на свински грип наменет за истражување, експлодира во воз полн со патници во Швајцарија. Новинарката вели дека ослободувањето на вирусот и' овозможило на СЗО да има доволно време за да прогласи пандемија на свински грип, а потоа да почне и дистрибуцијата на новата вакцина.Од централата на Светската здравствена организација во Женева не сакаат да ги коментираат обвинувањата на Бургемеистер. И во нашата Комисијата за пандемски грип одбиваат коментар за ваквите тврдења.
- Ние само ги спроведуваме препораките на СЗО и ги следиме упатствата за да се ограничи ширењето на вирусот - велат во Комисијата. За разлика од нашите епидемиолози, проф. д-р Иван Бојиќ од Србија, кој е и автор на книгата „Инфективните заболувања во биолошка војна и биотероризам“, за „Политика“ изјави:
- Вистина е дека приказната за новиот вирус и прогласувањето пандемија од почетокот беше неубедлива и нелогична. Нас, клиничарите прво не' зачуди брзината на откривањето на деловите на геномот, односно делот на птичјиот, свинскиот и хуманиот вирус. За два-три месеци се' се знаеше и беше објавено во еминенти стручни магазини, што кај многумина лекари предизвика сомнение дека нешто можеби е правено со овој вирус. Ако некој и сакал да извлече материјална корист од прогласувањето на пандемијата, сега тоа е завршена работа. Лекувањето на луѓето е неопходно - вели д-р Бојиќ. И во Македонија се зголемува бројот на заразени од новиот грип, а здравствените власти во петокот обелоденија дека првпат е регистрирано ширење на вирусот на лице што не било во странство.
Dnevnik kasni mesec dena so ovaa informacija ama sepak bravo za objavuvanjeto http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=40949Биотероризам и профит од лекови, вакцини, вештачко ширење на мутирани микроорганизми. Еве за грипот од Дневник
Моќ преку парите, парите од профитот од вакви дејства, моќ преку контрола на популација, а контрола преку вакви микроорганизми.
Одредени кругови навистина изигруваат Бог, истовремено негирајќи го (преку Зајтгејст типови на теории).
И јас со нивDnevnik kasni mesec dena so ovaa informacija
нов светски поредок веќе се случимене навистина ме чуди како бе ке успеат овие мокници..такозвани конспираси да го покорат исламскиот свет потоа кина..тука е русија..бразил...работава оди на мултиполарност отколку кон светска влада
а можеби и америте со овие завери сакаат да го убедат светот дека сеуште доминираат апсолутно кога веке се издигаат нови светски сили нормално со спротивни интереси...од тие на САД
Не е доволно. Капиталот не трпи граници. Сака целосна слобода. А државите се големи потрошувачи. Имаат армии, бирократија, царини, корупција ...нов светски поредок веќе се случи
го снема третиот блок -НЕВРЗАНИТЕ
го снема варшавскиот пакт како идеолошки воен сојуз
го снема источниот блок со нивните плански договорни економии
па да светот забрзано оди кон мулти поларност
но !
основите се сегде исти ...демократија , пазарна економија итн
така што во едни вакви услови
зошто воопшто некој би заговарал светска влада
што ќе му е ?
што треба да се постигне со неа ?
само да си стави трн у здрава нога ?
кој ќе ја финансира ? како ќе обезбеди реална власт на цела земјина топка ?
и покрај грандиозниот технички напредок сепак си важат старите војнички правила
чија војничка чизма гази на територијата тој ги диктира условите а ништо друго нее битно.......колку сака некој нема има сателити
мислам дека сето тоа се измислици
никој во светот ниту размислува за таква работа ниту има минимални претпоставки да се реализира .Европска унија па неможат за се да се договорат оти секој си влече на своја страна , меѓу нив сеуште има колонијални земји кој не би се откажале од тоа по никоја цена а нели па и самите да се откажат од свое право на одлучување засметка на некој нови непроверени незнаени наводни светски авторитети .