David Icke

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Никаде не расправам за тоа дали Ајк е обичен лудак што тропа глупости или не, зошто не сум доволно запознаен со неговите тврдења, немам читано многу за него и неговите објави. Единствено сакав да кажам дека тој од широката јавност е сметан за лудак и затоа нема потреба да се убие, со што му го одговорив прашањето на Dj-93.

Како што реков, не навлегувам во тоа дали што Ајк го зборува е обична измислица или тотална вистина туку само го потенцирам очигледното, тој денес од широката јавност е сметан за лудак. Дали е тоа точно или не, не е важно, поентата ми е дека нема потреба таков човек да се убие, зошто цела ова дискусија започна со мојот одговор на прашањето на дј-93.
...да...и неколку страни пред прашањето на Дј-93...:)
Ама ок...како и да е...
 
F

Frankie Yale

Гостин
...да...и неколку страни пред прашањето на Дј-93...:)
Ама ок...како и да е...
disappointed.jpg
А мора да има некаков авторитет за да има некаков ред, во спротивно анархија. Да, овој систем не е совршен, далеку е од совршен но што има друго? Комунизмот и монархиите беа неуспешни зошто општопознато е дека моќта корумпира па со демократијата таа корупција се ограничува колку толку, зависи за кои држави збориме. На крај ти останува анархија, омилена меѓу тинејџери и недораснати која не е баш толку добра. Секој има слобода да прави што сака, нема закони, нема ред, секој е слободен и сето тоа звучи супер се до моментот кога некој ќе ти свирне два метка у глава зошто му се свиѓала маицата која ја носиш. И најсмешно е што во анархија луѓето за да полесно преживеат ќе почнат да се организираат во групи. И толку од анархијата.
Директна демократија, аха да. Сето тоа е добро на хартија како и анархијата ама во пракса не баш зошто иде против човековата природата, како комунизмот :)

Сите тие работи што ги изнакажа ти се непромислени, тоа и го правиш на форумот, се жалиш за се и свашта а како решенија наведуваш работи кои никогаш не би успеале во вистински живот, не треба да си видовит за да го видиш тоа.

За хоризонтален авторитет ипсисимус убаво ти објасни зошто не би успеал во вистински живот. A директната демократија звучи убаво нели? Доволно убаво за да ги измами лекомслените како тебе, жал ми е ама така е. Не е доволно само да прочиташ три-четири пасуси од некојси конспираси вебсајт за да почнеш да мислиш дека ти си го сконтал светот и дека си ги открил корените на сите проблеми.

Директна демократија не успева едноставно поради тоа што иде против природата на луѓето. Тоа значи дека сите луѓе ќе треба да гласаат за се и сешто, а тоа иде против општата незаинтересираност на граѓаните и дебатите би биле доминирани од политички партии. Секако, ова би се решило ако некако се зголеми заинтересираноста на граѓаните но ова не е ни почеток на проблемите.

Референдуми за се и свашта оправдуваат нешто што се вика политичка кратковидност т.е само едни проблеми се дебатираат и гласаат и не се споредуваат со други исто толку битнои во подолг период.

Исто така имаш проблем каде доминантните групи во општеството со директна демократија ќе користи референдуми против интересите на малцинствата без разлика колку се оправдани и праведни барањата на малцинствата. И за крај, гласања на сите граѓани за секоја мала работа ќе резултира со нула резултати поради различните барања и сфаќања на секој човек.

Верувај имам учено за директна демократија, и мене ми изгледаше совршено на прв поглед ама таа демократија како таква би успеала само на некоја совршена планета во некое совршено општество со совршени луѓе кои се сите еднакви и имаат висок iq, сфаќања, морали итн. Едноставно не е изводлива како постојана демократија. Затоа се користи само во одредени случаи. Мислам имаше еден пример во Калифорнија за директна демократија, си изгласаа нова железница, болница и поголеми бенефиции за сиромашните АМА без зголемување на даноците. Совршено, нели? К*р мој одма у екомонска криза влегоа. Или па ќе кажеш дека тоа било исценирано од Евреите за да луѓето не дознаат за најдобрата форма на демократија и вратата до слобода, а мене ми е испран мозокот од масовните медиуми?

А за анархија не знам што да ти кажам, изгледа супер! Слобода, неограниченост од закони и авторитети, супер... до моментот кога некој ќе испразни шаржер врз тебе зошто си го погледнал накриво.

Согледај ги работите поубаво, не се залетувај.
И што направи сега? Ми напука десетина линкови и демек ја докажа својата поента? Не не, јас ќе ти напукам 20 линкови што го докажуваат спротивното и ти после уште десет и вака до бескрај, е не се дискутира така.

Погрешно си ме сфатил мене и моите намери. Ти мислиш дека јас копирам и поддржувам се што е "официјално, дозволено и догма." Далеку од тоа, треба да е човек стварно слеп за да не признае дека овој систем е расипан. Јас не се сметам за слепец. Како и да е, не дискутираме овде за тоа, овде дискутираме за можните решенија кои ТИ тврдиш дека ги знаеш. Затоа сакам да ти кажам не се залетувај во све што ќе прочиташ, некни прочитав еден кажа the venus project е најдобро решение :tapp:

И не, не сакав да кажам вертикален авторитет, убаво погодив хоризонтален авторитет. Вертикален е тој што го имаме денес, а хоризонталниот не би успеал зошто би биле признати повеќе авторитети за ист проблем, сите со различни сфаќања, мене авторитет ми е Миле, тебе Тошо а на некој трет Цацко. Тошо сака едно, Миле друго, Цацко трето.

Директна демократија убаво мислам ти објаснив зошто не би успеала и тоа е тоа. Едноставно хоризонтален авторитет и директна демократија не успеваат во вистински живот зошто се косат со природата на луѓето која многу многу тешко се менува.
Стварно не знам кои се тие држави со успешна директна демократија. Пред да кажеш Швајцарија ќе те поправам, тие се репрезентативна демократија во која граѓаните можат да предложат било кој закон да се гласа на референдум ако соберат 50,000 потписи, тоа е делот - директна демократија, се друго е репрезентативна демократија, владата носи закони, она раководи со државата, имаш вертикален авторитет итн. Баш би сакал да слушнам кои се тие држави во кои успева директната демократија...
Каде е тука спомнат Дејвид Ајк? Тука отидовме офтопик и дискутиравме за тоа колку е добра (или не) анархијата, хоризонталниот авторитет и директната демократија.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Прегледај го приврзокот 41747





Каде е тука спомнат Дејвид Ајк? Тука отидовме офтопик и дискутиравме за тоа колку е добра (или не) анархијата, хоризонталниот авторитет и директната демократија.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?8201-Анархија&p=3760954&viewfull=1#post3760954

Не ја тупи аман, те читавме како сме биле silly pweople .
На тема за тролање .
 
F

Frankie Yale

Гостин
http://forum.kajgana.com/showthread.php?8201-Анархија&p=3760954&viewfull=1#post3760954

Не ја тупи аман, те читавме како сме биле silly pweople .
На тема за тролање .
Па мора да си глуп кога после дваесет постирања уште не сфаќаш што ми беше намерата :tapp:
Ај не замарај сега, иди разоткривај светски заговори.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Дејвид Ајк е забеган. Човекот тврдеше дека е Исус, виде дека малку е тешко да докажеш и да убедиш дека си Исус
и се префрли на нешто за кое што е тешко да го потврдиш или оспориш. Особено ако седиш на тастатура и црпиш информации од Интернет.
Интернетот е создаден со таа цел. Да создава толку многу информација што ќе е тешко за обичен човек да разпознае вистинска информација во цел тон на ѓубре.
Игла (информација) во сено (дезинформација). Паметно, нели?

Ова со Исус многу го дискредитира, барем во мои очи.

За рептилите не можам да тврдам дали е вистина или не. Ме интересира, барам информации. Можеби и никогаш нема да дознаам.
Не заборавајте дека се што излегува од вашата уста е одраз на Вас.
Јас не би го потпрел мојот кредибилитет на Дејвид Ајк.



 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дејвид Ајк е забеган. Човекот тврдеше дека е Исус, виде дека малку е тешко да докажеш и да убедиш дека си Исус
и се префрли на нешто за кое што е тешко да го потврдиш или оспориш. Особено ако седиш на тастатура и црпиш информации од Интернет.
Интернетот е создаден со таа цел. Да создава толку многу информација што ќе е тешко за обичен човек да разпознае вистинска информација во цел тон на ѓубре.
Игла (информација) во сено (дезинформација). Паметно, нели?

Ова со Исус многу го дискредитира, барем во мои очи.

За рептилите не можам да тврдам дали е вистина или не. Ме интересира, барам информации. Можеби и никогаш нема да дознаам.
Не заборавајте дека се што излегува од вашата уста е одраз на Вас.
Јас не би го потпрел мојот кредибилитет на Дејвид Ајк.



Here we go again...:)

Уште позабеган е, викаше дека сите сме богови...она со холограмската парадигма и тие работи...

Навистина е тешко да потврдиш или оспориш дали на пример имаше пандемија со свински грип, дали предупредуваше или не, дали и колку умреа и дали некој не се нафатира на таа лага.
Многу е тешко.

Тоа е само еден пример...
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Here we go again...:)

Уште позабеган е, викаше дека сите сме богови...она со холограмската парадигма и тие работи...

Навистина е тешко да потврдиш или оспориш дали на пример имаше пандемија со свински грип, дали предупредуваше или не, дали и колку умреа и дали некој не се нафатира на таа лага.
Многу е тешко.

Тоа е само еден пример...
OK, we go again, Mr.Toecutter :helou:

Како што реков, можеби Дејвид Ајк е пророк, можеби кралицата е рептил, но Дејвид Ајк треба да излезе со многу повеќе за да докаже дека е игла во сеното.
Барем за мене.

Еве ти три изреки на Carl Sagan:

Extraordinary claims require extraordinary evidence.

With insufficient data it is easy to go wrong.

The fact that some geniuses were laughed at does not imply that all who are laughed at are geniuses. They laughed at Columbus, they laughed at Fulton, they laughed at the Wright brothers. But they also laughed at Bozo the Clown.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
OK, we go again, Mr.Toecutter :helou:

Како што реков, можеби Дејвид Ајк е пророк, можеби кралицата е рептил, но Дејвид Ајк треба да излезе со многу повеќе за да докаже дека е игла во сеното.
Барем за мене.

Еве ти три изреки на Carl Sagan:
Carl Sagan you say? :vozbud:

А кој почна со рептилите шо мислиш?
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Carl Sagan you say? :vozbud:

А кој почна со рептилите шо мислиш?
Од првиот линк:

The title "The Dragons of Eden" refers to man's early struggle for survival in the face of predators, and how fear of reptiles may have led to cultural beliefs and myths about dragons and snakes.
Од вториот:

In the book and TV series Cosmos, Carl Sagan warns against politicians appealing to the "reptilian" portions of our brain and inciting aggression, territoriality and fear of strangers.
Овде само ги гледам причините зошто теоријата на Ајк е малку попопуларна од некои други.
Вроден страв од рептили, територијалост, страв од непознатото.
Никаде не пишува дека кралицата е рептил.
 
Г

Господ

Гостин
Едно време го спомнав ова али не најдов клип ваков
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во суштина, нема никава причина да се прифаќаат сите тези На Ајк буквално. Човекот изигра, или сеуште игра важна улога во историскиот момент во кој се наоѓаме. Сфатете ги неговите зборови како предупредување.

Живееме во систем кој е неодржлив, на економско, еколошко и социјално ново, систем кој ствара несреќни индивидуи, тоа е она што Ајк во суштина го зборува. Теориите на завера одамна веќе не се теории, дали некој се уште верува во демократичноста на општествениот систем во кој што сме натерани да живееме? Не трујат не милион различни нивоа, од буквалното ниво преку храната и водата, до труењето со лажни информации и бесмислени вредности. Ги гледам децата и младите околу мене, и навистина ми е жал. Секоја наредна генерација е се потупава, што е парадоксално ако се земе во обзир лесниот пристап до информациите...

Коментарите на тема колку финансиски тежи Ајк се несоодветни, вистинитосната вредност не неговите сфаќања не се намалува или зголемува во однос на тоа колку пари има Ајк. Замислете некој компјутер кој е наполнет со податоци, да ги исфрли истите заклучоци кој ги нуди Ајк, дали тие тогаш ќе бидат повистинити? Се разбира дека не. Да го тврдиш спротивното е исто како да тврдиш дека Браќа Карамаови и безвредно дело, зато што Достоевски бил коцкар. Делат и зборовите еднаш изречени имаат свој живот, независно од тоа кој ги кажал...

Од друга страна, оние кој стојат на спротиваната страна од Ајк, политичкиот, образовниот и инфорамтивниот естаблишмент, поседувват многу повеѓе пари од колку што Ајк било кога ќе има, и по таа логика тие лажат и измислуваат многу повеќе...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Carl Sagan you say? :vozbud:

А кој почна со рептилите шо мислиш?
Сеган го кажува тоа во контекст на еволутивниот остаток кој денес се нарекува рептилски центар во мозокот, дел кој го имале нашите предци уште од времето кога постоеле рептилите, додека Ајк рептилите ги споменува во сосем друг контекст, тој тврди дека луѓето како Кралицата Елизабета, принцот Чарлс и останатите кралски семејства се буквално рептили кој може да си ја менуваат формата од човечка во рептилска и обратно. Значи сосема различна претстава и сваќање.

--- надополнето ---

Во суштина, нема никава причина да се прифаќаат сите тези На Ајк буквално. Човекот изигра, или сеуште игра важна улога во историскиот момент во кој се наоѓаме. Сфатете ги неговите зборови како предупредување.
А како да се прифаќаат ако не буквално? :toe: Кога тврди дека месечината е вселенски брод во кој има рептили кој ја контролираат земјава, како треба да го сваќаме?
Живееме во систем кој е неодржлив, на економско, еколошко и социјално ново, систем кој ствара несреќни индивидуи, тоа е она што Ајк во суштина го зборува. Теориите на завера одамна веќе не се теории, дали некој се уште верува во демократичноста на општествениот систем во кој што сме натерани да живееме? Не трујат не милион различни нивоа, од буквалното ниво преку храната и водата, до труењето со лажни информации и бесмислени вредности. Ги гледам децата и младите околу мене, и навистина ми е жал. Секоја наредна генерација е се потупава, што е парадоксално ако се земе во обзир лесниот пристап до информациите...
Како што кажа и Toecutter пред неколку постови, ниеден општествен систем не е идеален ниту постои такво нешто како идеален систем. Ако го споредиме општествово со она пред два, три, четири....итн векови, гледаме дека квалитетото на животото е постојано во пораст, животниот век расте, а популацијата на луѓе галопирачки оди нагоре. Ако мислите дека сега правата и демократијата на луѓето е ниска и ограничена, погледнете во историјата и видете како било пред неколку векови, тој што не гледа во историјата е осуден да ги повторува нејзините грешки! Јас секогаш сум за нешто поефикасно и подобро, но како што и веќе кажав, освен плукањето и критиките не видов алтернативна опција.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Ова Ајк што го збори е еволуиран муабет, комбинација на "сведоштвата" на Били Мајер, Лаура Најт, Барбара Марсиниак.
Баш ме интересира каде во книгата на Саган (за која добил Пулицер) има за рептилите кои владеат од друга димензија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Рептили мептили зептили џептили..... бептили :icon_lol:.

Гледајте го видеото зошто Ајк е на ниво со Платон Аристотел Сократ Ајнштајн и Тесла, не треба да имате никакво предвреме формирано мислење само и гледајте и уживајте. Само забава ништо сериозно за животот кој што не би требало да биде толку сериозен.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom