Стапицата од "Нормален" и "Совршен" живот

  • Креатор на темата Антоние
  • Време на започнување
А

Антоние

Гостин
Стапицата од "Нормален" и "Совршен" живот:

Размисли за тоа каков сакаш да ти биде животот.Ти веројатно сакаш куќа, добро работно место, прекрасна/ен жена/маж, можеби и неколку деца.Кој знае ? Само ти знаеш.Сите ние си ги имаме овие идеи за совршен живот.Сите ние си имаме идеи за тоа какви сакаме нашите животи да бидат. Овој "Совршен" мал "нормален" живот е илузија.Ти не можеш да дефинираш нормално.Никој не може. "Нормално" е збор употребен да ги збуни луѓето да веруваат дека нешто е правилно.Ти никогаш нема да бидеш нормален.Никој не е "Нормален".
Секоја личност е различна па така гледано како можеш да бидеш нормален во свет полн со разноликост?
Не постои нешто како совршен и нормален живот.Твојот живот е таков како што го правиш.Луѓето исто така го помешуваат зборот досаден со нормален.Зачини го својот живот."Нормалните" луѓе немаат идеа ни што по ѓавола воопшто сакаат.Ова е причината поради која што се нарекуваат себеси "нормални".Тие се наведени да помислат дека тоа што го прават е правилното нешто, и дека се друго би било "чудно" и "нездраво".“Life is a journey, not a destination”--Aerosmith.Не постои такво нешто како совршен живот, не постои такво нешто како нормален живот, и не постои такво нешто како правилна работа. Ти и само ти можеш да ги одлучиш овие работи за себеси.

Дискутирајте.:smir:
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Мојот живот е нормален. Сите што го поддржуваат и се согласуваат со истиот се нормални. Оние кои сакаат да ми помогнат во животот се нормални. Сè она и сите оние кои на накој начин придонесуваат и го подобруваат мојот живот се нормални.

Останатите не се нормални. Можат или да се уништат (да ги запалиме вештерките, да ги каменуваме неверниците итн.) или да се прогласат за ненормални и да се затворат во ментални институции или да се игнорираат и да се нема контакт со нив. Или, хумано решение, да се поробат и да се натераат да работат за нас за ич пари, колку што е тоа можно. Во денешно време измислиле човекови права и слични глупости - само ја искомплицирале работата; постојано го заобиколуваат фактот дека јас сум нормален, а тие не се и заслужуваат да работат најдолни работи. Но нејсе - светот не е совршен.

(ова беа зборови на нормален човек, по можност некој кој има некаква власт над нешто)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Луѓето не сакаат слобода, всушност сакаат слобода за да можат да изберат нешто на што ќе му робуваат. Во минато време робовите барем се влечеле тешко и со мака носејќи ги своите ланци, а ние денешните робови со гордост ги носиме своите синџири. Малку филозофски но тоа е би рекол.
Нема ништо лошо во стереотипите доколку човек не им робува, но понекогаш се чини како да нема избор, ако не поради себе поради своите блиски. Во слободата нема место за ментални заболувања, ѓаволи бесови...
Јас сеуште гледам кој сум и што сакам, а робувам.
 
А

Антоние

Гостин
Поентата што сакам да ја дадам во воведниот пост е дека ние имаме целосна контрола врз нашите животи и наместо да живееме и да се стремиме кон нормален и совршен живот кој што ке не подкопува во монотонија, да го зачиниме нашиот живот со авантура и предизвик.
"You should always try to become perfect, however, since no one can be perfect, there is always room for improvement."

Го надополнувам ова затоа што добив впечаток дека поентата не беше разбрана.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Значи по тебе не мора радикално да се бега од стереотипите ако не ни чинат, како на пример што сум чул некој Хрват кој живее некаде на Тибет како самана, самотник, медитира во пештера и јаде еднаш неделно. Ко бубрег во лој е.
 
А

Антоние

Гостин
Стереотипите како такви неможеш да ги смениш, тие се резултат на социјалното кондиционирање, и кон нив треба да се остане индиферентен.Меѓутоа врз сопствениот живот имаш целосна контрола и затоа можеш да го измениш и подобриш.Тука доаѓа на ред Хрватот кој што пристапил кон овој концепт малку поекстремно ... или можеби тоа е неговиот пат кон духовно просветлување.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Стапицата од "Нормален" и "Совршен" живот:

Размисли за тоа каков сакаш да ти биде животот.Ти веројатно сакаш куќа, добро работно место, прекрасна/ен жена/маж, можеби и неколку деца.Кој знае ? Само ти знаеш.Сите ние си ги имаме овие идеи за совршен живот.Сите ние си имаме идеи за тоа какви сакаме нашите животи да бидат. Овој "Совршен" мал "нормален" живот е илузија.Ти не можеш да дефинираш нормално.Никој не може. "Нормално" е збор употребен да ги збуни луѓето да веруваат дека нешто е правилно.Ти никогаш нема да бидеш нормален.Никој не е "Нормален".
Секоја личност е различна па така гледано како можеш да бидеш нормален во свет полн со разноликост?
Не постои нешто како совршен и нормален живот.Твојот живот е таков како што го правиш.Луѓето исто така го помешуваат зборот досаден со нормален.Зачини го својот живот."Нормалните" луѓе немаат идеа ни што по ѓавола воопшто сакаат.Ова е причината поради која што се нарекуваат себеси "нормални".Тие се наведени да помислат дека тоа што го прават е правилното нешто, и дека се друго би било "чудно" и "нездраво".“Life is a journey, not a destination”--Aerosmith.Не постои такво нешто како совршен живот, не постои такво нешто како нормален живот, и не постои такво нешто како правилна работа. Ти и само ти можеш да ги одлучиш овие работи за себеси.

Дискутирајте.:smir:
Совршен-не постои!
Нормален-контролирани осцилации!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0

"нормален"-само уште една апстрактност која не преокупира секојдневно. сакаме луѓето да не сметаат за "нормални" или "совршени" без да сфатиме дека она што е за нас нормално за другите може да е надвор од границите на овоземско и налудничаво.со други зборови нормален и совршен за другите (освен за себе си ) не постои.немало ни пред илјадници години, ни сега(како што погоре беше кажано) кога гордо ги носиме синџирите на нашето ропство.стереотипите не се болест на 21 век, тие се болест на човештвото!

освен тоа, јас никогаш не би сакала да сум нормална.Learn from your mistakes, and do them again perfectly!:P
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Поентата што сакам да ја дадам во воведниот пост е дека ние имаме целосна контрола врз нашите животи и наместо да живееме и да се стремиме кон нормален и совршен живот кој што ке не подкопува во монотонија, да го зачиниме нашиот живот со авантура и предизвик.
"You should always try to become perfect, however, since no one can be perfect, there is always room for improvement."

Го надополнувам ова затоа што добив впечаток дека поентата не беше разбрана.
WTF?
Болдираново ме збуни, никој нема контрола врз својот живот, апсолутно 100% никој. Еве пр. се дешава недај Боже некоја несреќа за дел од секунда може да ти ги снема сите оние работи кои што моментално не ги цениш во животот, сообраќајна несреќа пр. те прави инвалид *како на Салид Бешиќ шо му се деси* па сега остана без око, или во пожар ти гори станот, куќата итн. па немаш каде да живееш и многу останати шитови кои што не се случуваат по наша волја и немаме апсолутно никаква контрола врз нив, се слагам со аеросмит
“Life is a journey, not a destination”--Aerosmith,

убава мисла само да дополнам дека секој ден треба да се живее ко да е последен сега нормално и да се мисли на иднината ама сепак да се ужива во едноставните моменти, зошто како што пееше Дарио ,,здравје Боже ништо друго не треба, ех да можев да го имам довека, и нема рат или *рам* од овој живот ништо посебно, се друго нека биде ко што било пишано,,. здравјето никој не го цени се додека не го изгуби а не сфаќа дека тоа е единствената работа што е потребна за среќа, зошто "здравиот човек има милион желби, а болниот само една а тоа е да оздраве"
Така што муабетов ми беше дека се додека некој човек не добие "wake up call" во било која форма ќе му биде досаден животот и монотон, тоа е реалноста.
Монотонијата од друга страна може да биде предизвикана од некој исто така фактори кои влијаат врз нашиот живот и врз кои немаме апсолутно никаква контрола врз нив, не пр. некој осамен човек постојано седи дома зошто нема пари за кафана, ете наједноставен пример.:angry2:
 
А

Антоние

Гостин
WTF?
Болдираново ме збуни.
Не е ни чудо.
Поентата е да гледаш на работите позитивно и реалистично.
А не да смислуваш негативни претпоставки за иднината кои што ќе ги користиш за изговор или причина за недонесување на одлука.

Така што муабетов ми беше дека се додека некој човек не добие "wake up call" во било која форма ќе му биде досаден животот и монотон, тоа е реалноста.
На ваква одлука мислам. Ако чекаш на некој или на нешто да те разбудат од монотонијата, тогаш ќе спиеш цел живот. ТИ треба да донесеш одлука да се смениш, никој друг.

Монотонијата од друга страна може да биде предизвикана од некој исто така фактори кои влијаат врз нашиот живот и врз кои немаме апсолутно никаква контрола врз нив, не пр. некој осамен човек постојано седи дома зошто нема пари за кафана, ете наједноставен пример.
Ако немаш пари за во кафана, дома ќе седиш ?
Зар социјалните интеракции ти се сведуваат на пари и кафана?
ИДИ У ПАРК
 
Јанушка

брлива
Член од
11 јуни 2009
Мислења
9
Поени од реакции
0
Стапицата од "Нормален" и "Совршен" живот:

Размисли за тоа каков сакаш да ти биде животот.Ти веројатно сакаш куќа, добро работно место, прекрасна/ен жена/маж, можеби и неколку деца.Кој знае ? Само ти знаеш.Сите ние си ги имаме овие идеи за совршен живот.Сите ние си имаме идеи за тоа какви сакаме нашите животи да бидат. Овој "Совршен" мал "нормален" живот е илузија.Ти не можеш да дефинираш нормално.Никој не може. "Нормално" е збор употребен да ги збуни луѓето да веруваат дека нешто е правилно.Ти никогаш нема да бидеш нормален.Никој не е "Нормален".
Секоја личност е различна па така гледано како можеш да бидеш нормален во свет полн со разноликост?
Не постои нешто како совршен и нормален живот.Твојот живот е таков како што го правиш.Луѓето исто така го помешуваат зборот досаден со нормален.Зачини го својот живот."Нормалните" луѓе немаат идеа ни што по ѓавола воопшто сакаат.Ова е причината поради која што се нарекуваат себеси "нормални".Тие се наведени да помислат дека тоа што го прават е правилното нешто, и дека се друго би било "чудно" и "нездраво".“Life is a journey, not a destination”--Aerosmith.Не постои такво нешто како совршен живот, не постои такво нешто како нормален живот, и не постои такво нешто како правилна работа. Ти и само ти можеш да ги одлучиш овие работи за себеси.

Дискутирајте.:smir:

Тоа многу зависи од тоа како го сваќаме “нормалното“ и “совршеното“, за секој е различно нели така да...А за тоа како ќе го живееме животот...е тоа ти е посебна филозофија :party1:
 
С

Сатори

Гостин
Никогаш не претпоставував дека во еден пост можат да се појават толку контрадикторности и цврсти хипотези кои што во најлудата фантазија не можат да бидат веродостојни.
Но, да почнеме со првиот „факт“.
Поентата што сакам да ја дадам во воведниот пост е дека ние имаме целосна контрола врз нашите животи и наместо да живееме и да се стремиме кон нормален и совршен живот кој што ке не подкопува во монотонија, да го зачиниме нашиот живот со авантура и предизвик.
Кога луѓето би имале целосна контрола врз своите животи во моментов ќе имавме над 6 милијарди кралеви, принцези, кнезови и претседатели, секако она што вистински интригира е како би можеле да бидеме целосни сопственици на нашата судбина кога ќе не удри автомобил со пијан возач додека поминуваме на зелено или на пешачки.
Секако, човекот има право да верува во својата супериорност иако фактички ја нема затоа што никој не е семоќен, ураганите не можат да се контролираат ако не се вештачки создадени, а вакцина за црната чума која што ја опостушила Европа во средновековието немало.
Се прашувам како тие луѓе ја контролирале својата судбина и својот живот тогаш.
Дури и во најидеалните услови, околности и случувања кои што не зависат од нас и нашиот ум секогаш ќе има, колку и да сме дисциплинирани и самосвесни и потонати во самоконтрола.Која што ти велиш дека треба да ја отфрлиме и да го заборавиме „совршенството“ на животот, туку адреналиски да живееме, што е спортиставено само на себе.Скокај банџи, ако се скине јажето тоа било лично твој избор.
"You should always try to become perfect, however, since no one can be perfect, there is always room for improvement."
Потоа, совршенството, ммм, никогаш не ме информирале дека сите поседуваме ист идеал за совршенство како вид на колективна свест всадена во дел од мозокот како Борг чип.Совршенството не се постигнува, туку се создава од моментите на среќа, еуфорија или кататонија, кој како милува.Кога мајката за прв пат ќе го држи своето дете во раце тоа за неа е совршена творевина на човек, а само еден момент во кој таа мисла постоела како реалност за еден субјект е доволно за совршенството како поим да се создаде.
Иронијата не лежи во тоа дека не можеме да биде совршени, туку во тоа дека не веруваме дека некогаш барем на момент би можеле да бидеме.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Човек нема никаква контрола над својот живот. Тоа сознание му носи мир и спокој за вечни времиња. А воедно секогаш треба да се труди да го дава најдоброто од себе. Малку парадоксална оваа вистинава а?
 
А

Антоние

Гостин
Никогаш не претпоставував дека во еден пост можат да се појават толку контрадикторности и цврсти хипотези кои што во најлудата фантазија не можат да бидат веродостојни.
Но, да почнеме со првиот „факт“.

Кога луѓето би имале целосна контрола врз своите животи во моментов ќе имавме над 6 милијарди кралеви, принцези, кнезови и претседатели, секако она што вистински интригира е како би можеле да бидеме целосни сопственици на нашата судбина кога ќе не удри автомобил со пијан возач додека поминуваме на зелено или на пешачки.
Секако, човекот има право да верува во својата супериорност иако фактички ја нема затоа што никој не е семоќен, ураганите не можат да се контролираат ако не се вештачки создадени, а вакцина за црната чума која што ја опостушила Европа во средновековието немало.
Се прашувам како тие луѓе ја контролирале својата судбина и својот живот тогаш.
Дури и во најидеалните услови, околности и случувања кои што не зависат од нас и нашиот ум секогаш ќе има, колку и да сме дисциплинирани и самосвесни и потонати во самоконтрола.Која што ти велиш дека треба да ја отфрлиме и да го заборавиме „совршенството“ на животот, туку адреналиски да живееме, што е спортиставено само на себе.Скокај банџи, ако се скине јажето тоа било лично твој избор.

Потоа, совршенството, ммм, никогаш не ме информирале дека сите поседуваме ист идеал за совршенство како вид на колективна свест всадена во дел од мозокот како Борг чип.Совршенството не се постигнува, туку се создава од моментите на среќа, еуфорија или кататонија, кој како милува.Кога мајката за прв пат ќе го држи своето дете во раце тоа за неа е совршена творевина на човек, а само еден момент во кој таа мисла постоела како реалност за еден субјект е доволно за совршенството како поим да се создаде.
Иронијата не лежи во тоа дека не можеме да биде совршени, туку во тоа дека не веруваме дека некогаш барем на момент би можеле да бидеме.
Искрено, не можам да ти кажам каква е совршената личност, што претставува стапица сама од себе. Не постои совршена личност.
Не постои 100% вистински урнек (template) што би ги опфатил сите.
Од воведниот пост земи го тоа што го сакаш, остави го тоа што не го сакаш. Најди го местото каде што си вистински среќна (што и да значи тоа), и остани таму засекогаш.

Најдобар совет што можам да ти го дадам.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Најдобар пат до индивидуалнсост е борба со стереотипите, живеење на свој начин. Иако, ако правиме ептен екстремни работи ќе не сметаат за чукнати. Ако имаме намера да не им подлегнуваме на стереотипите, нема ни да ни е гајле што мислат другите за нас и нашите постапки, ама сепак, да се спуштам на земја, не можеме да се изолираме од светот поради неговата несовршеност. Значи дозволени се спротивставувања до одредена граница, инаку нема да бидеме прифатени. А ако не бидеме прифатени, која е целта на нашиот живот? Освен ако не решиме да станеме самана :) Воведот во темава е токму она со што јас имам намера да се предводам во животот - индивидуалност. Да не подлегнувам на народските сфаќања со кои не се согласувам, да не правам работи кои не ми се допаѓаат. Да живеам за себе, на свој начин да изградам свој свет, свој живот, своја иднина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom