Баро не нарече Северна Македонија

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А што правиме ако не се пробни балони? Ако ВМРО и Грујо прифатат Северна, тогаш тешко нас. СДСМ и така предходно изјавија дека се за компромис, така што не знам што останува. Беда. Или улица и бунт?




Поповски се испос..а на А2. А таму и Тодор Петров. И кога му се навртеа на Петров дека он бил на тврда позиција, вака-онака. Поповски уште самиот да кажеше - ете го Северна Македонија е одлично решение. Срамота. Уште новинарот му вика на Петров дека зборува од позиција на австралиските Македонци, на кои не им било грижа како ние на нас во РМ. Катастрофа.

П.С.
Не само што е советник на Грујо, туку беше и носител на листа на ВМРО за град Скопје. Ако ова е официјалниот став на вмро-вците, отидовме...
Владо Поповски не споеба уште со уставот,сега треба да си ја заврши работата преку советите што му ги дели на Грујо.Тоа е кога ќе прибереш комуњари окулу себе.:toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Зошто Грција со Европа ни даваа нови и нови услови ?
Ја гледаа нашата разединетост.
Да бевме единствени, тие ќе беа сигурни каков ќе беше нашиот одговор .
Овака не се, мора да не опипаат, како да не осетија, би голтнале дубоко грло Republic of North Macedonia.
Уф колку опасен предлог за нас, ние сме 4 страни на светот, една не не збира.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Е тешко нас да.
Логичниот чекор за еден народ би бил улица+булдожери.
И не се сомневам дека ќе се соберат барем 100 000 луѓе пред влада.
Прашањето е што после.
Техничка влада?
Драстична промена во надворешната политика?
Про-источна ориентација?
Незнам стварно, ама угоре високо удоле длабоко.
А кого би довеле на власт ако насилно се сруши власта? СДСМ? ЛДП? НСДП? Која македонска партија покажа дека има исправен национален став?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Е тешко нас да.
Логичниот чекор за еден народ би бил улица+булдожери.
И не се сомневам дека ќе се соберат барем 100 000 луѓе пред влада.
Прашањето е што после.
Техничка влада?
Драстична промена во надворешната политика?
Про-источна ориентација?
Незнам стварно, ама угоре високо удоле длабоко.
И после ништо,оваа земја одлично може да функционира и без ваква влада.:toe:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
А кого би довеле на власт ако насилно се сруши власта? СДСМ? ЛДП? НСДП? Која македонска партија покажа дека има исправен национален став?
Ќе добие конечно Шехтански шанса.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
vo kontekst na ova, se javija dirigirano a1 gi pobara ekspertite i objavuva



Спорот за името влегува во клучна фаза на разрешница

Елизабета Галевска Коментари (4)
04.06.2009 18:58
Љубомир Фрчкоски
Можат ли Грција и Македонија во спорот за името конечно да дојдат до взаемно прифатливо решение.
Разрешницата на овој повеќегодишен спор според професорот Фрчкоски, треба да се бара во клучниот проблем, а тоа дека тој носи културен багаж и е во суштина идентитетски.
По НАТО самиот во Букурешт, според Фрчкоски, овој спор влегува во фазата на разрешница, есенцијална за македонските интеграции и одржување на внатрешната мултикултурна хомогеност. Во неговата најнова анализа карактерот на грчко-македонскиот спор, Фрчкоски го оценува последниот предлог на медијаторот Нимиц, како добра база за разумен компромис.
„Тоа за нас не е лошо решение за меѓународна употреба. Не се менува нашиот устав, нашето уставно име, но неможе директно сега да се преговара, кај гаранциите за името на нацијата и на јазикот, македонски за нас, што значи треба да се овозможи вешт паралелна дипломатија, како тоа ќе го обезбедиме. Не е добро тоа да не го обезбедиме, бидејќи потоа ќе го извлекуваат нацијата и идентитетот од тоа име“, изјави Љубомир Фрчкоски, универзитетски професор.
Ако Атина јасно испорачува erga omnes име со географска одредница за севкупна употреба, во преговарачкиот триаголник проценува професорот, единствена енигма е македонската позиција, глумат тактика а всушност немаат ништо.
„Играњето и избегнувањето на одговорноста на политичката елита околу прашањето на името, буткањето кон референдум, крајно нефер ќе направи траума во македонскиот гласачки блок, само заради покривање на одговорноста на лидершипот. Не знам како тоа ќе се одвива до крај“, рече Фрчкоски.
Владимир Милчин
Mоментот за компромис е сега, антиквизацијата е дополнителен проблем кој не оддалечува од решение, Груевски прави поразителен обид да ја рекомпонира свеста за идентитетот, вели Милчин.
„А доколку ним не не им прели во своите пра пра дедовци, да ги вклучат и оние кои има ја сотреле Теба на пример, тоа е нивни проблем“, вели Владимир Милчин, ФИООМ.
„Со кој идентитет тоа Грците имаат проблем. Немаат секако со словенскиот наш идентитет“, рече Мирјана Малеска, универзитетски професор.
Тешко е дека лесно ќе се стигне до взаемно прифатливо решение, но нема такво кое ќе ги заобиколи гаранциите за идентитетот вели професорот Наумовски.
„Може да се дојде до едно решение коешто ќе значи начин на обраќање на државата во некои од меѓународните организации, но никако промена на името коешто е одредено во уставот на државата “, изјави Васко наумовски, универзитетски професор.
Публикацијата на карактеристиките на спорт за името на професорот Фрчкоски, е поддржана од фондацијата Фридрих Еберт.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Штета што нема кој од челниците да излезе како што излегоа турците
Ердоган: ЕУ треба да каже ако Турција и е товар


Ердоган: ЕУ мора да докаже дека не е „христијански клуб“

Vo kontekst na ova, se javija dirigirano a1 gi pobara ekspertite i objavuva
Дали А1 ќе извади некогаш други експерти освен овие потрошените и веќе видените?
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
vo kontekst na ova, se javija dirigirano a1 gi pobara ekspertite i objavuva
Ставовите на овие типови добро ги знаеме, но што е со Владо Поповски? Убаво му кажа Тодор Петров - како да наречам некој кој сака да ми смени име освен предавник...
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
П.С.
Не само што е советник на Грујо, туку беше и носител на листа на ВМРО за град Скопје. Ако ова е официјалниот став на вмро-вците, отидовме...
Ако ова е официјалниот став.. има да си го сменат тоа име ВМРО и да си стават предавничка одредница напред. нека се ВСМРО ..што значи нека бидат северни.. тоа ке го барам.зошто? затоа што јасно и гласно е мотото на ВМРО: За Македонија !
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
А кого би довеле на власт ако насилно се сруши власта? СДСМ? ЛДП? НСДП? Која македонска партија покажа дека има исправен национален став?
Додатен проблем, нели.

И после ништо,оваа земја одлично може да функционира и без ваква влада.:toe:
Може.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Што забегувам бе,па Боцевски се посра од фалење,итоа директно од Португалија,дека само Македонија ќе била ослободена од визната бариера,за по некој сат Баро да го демантира дури и со погрешно име за Македонија.Мислам дека министриве не мрднуваат од некое монденско летувалиште на Азурниот брег,и одвреме навреме испраќаат по некоја порака како да сме сеуште во игра,при тоа лажат како скинати.А вам по штабовите ви е наредено доследно да верувате и да ги застапувате нивните ставови окулу било која невистина која ќе ја кажат.:toe:
ABC цело време ми спомнуваш некој штаб
дали ти имаш информации јас во кој штаб сум бил и што ми е наредено или си трескаш глупости од ракав
дај ако имаш прикажи

јас ќе се радувам доколку ни ги укинат визите во скоро за да можам кај сакам да шетам без проблеми, е сега кога ќе дојде тоа ќе дојде јас не верувам во ничија изјава се додека не видам на дело или да ти појаснам во визна либерализација ќе поверувам кога ќе видам дека навистина е спроведена капираш
е сега кога сме до Баро кажав дека нити нешто неочекувано нити ново од некој како него
убаво викам јас годините си го прават своето :toe:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Е тешко нас да.
Логичниот чекор за еден народ би бил улица+булдожери.
И не се сомневам дека ќе се соберат барем 100 000 луѓе пред влада.
Прашањето е што после.
Техничка влада?
Драстична промена во надворешната политика?
Про-источна ориентација?
Незнам стварно, ама угоре високо удоле длабоко.
vo Srbija protestite protiv Milosevic (ulica i buldozeri ) bea uspesni zatoa sto bea podrzani od Zapadnite drzavi !!

protestite protiv otcepuvanjeto na Kosovo bea burni i ne uspeaja zatoa sto ne bea podrzani od Zapadnite drzavi!!

vo prviot slucaj Srbija dobi nova vlada (marioneti na Zapadot)
vo vtoriot slucaj izgubi teritorija


prasanjeto e ....Zapadot ke gi podrzi tie najavuvani protesti ?protiv promena na imeto :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ќе добие конечно Шехтански шанса.
Не,ќе добие тврдото крило на ВМРО кое веќе се создава во самата партија,од луѓе со добро испитан политички беграунд,каде Грујо полека но сигурно ќе го загуби местото,а со оглед на непотисзмот и кумствата ќе го загуби местото и како лидер во самата партија,ако не милом тогаш со Божја помош и сила.:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не смеам да ги опцујам сега како официјално лице на форумов, меѓутоа самиот си знам што им мислам на “експертите“ погоре, особено на Милчин и Малеска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom