Кога преведувате некој филм најдобро е да ја изгледате прво сцената па потоа да преведете,ако сте приметиле во многу филмови преводот си нема никаква врска со она што се случува на екранот а тоа е затоа што многумина користат онлајн преведувачи и со тоа повеќе го расипуваат преводот.
Во новата БЕТА верзија на SUBTITLES WORKSHOP има вметнато Англиско-Хрватски преведувач ама добиенот превод е никаков,еднаш го пробав за да видам што ќе испадне ама потоа си реков никогаш повеќе.
Преведувањето на филмовите не е некоја тешка работа ама бара слободно време,јас изработив 2 превода и ги поставив на
www.divx-titlovi.com а еден од модераторите е Македонец со ник icermaher кој може да му помогне на секој од вас а еден од преведувачите го има никот Prijatel-MKD кој може да ви даде некои квалитетни програми и речници за преведување на зборчиња од Англискиот јазик што не ги знаете.
Добро е да има повеќе Македонски преводи,доста ми е веќе од гледање филмови со Српски или Хрватски превод направени од разноразни преведувачи за кои пишував погоре,па луѓе потрудете се а со тоа го подобрувате и вашето знаење на Англискиот јазик!