Не ми се свиѓаше играта во првите 25 минути, затоа што Лион со само 2-3 паса стигнуваа до некои 20 метри до нашиот гол. После тоа се консолидираше средниот ред, и добро ги затваравме приодите кон гол. Реков дека заканата ќе доаѓа токму од Гову, тој беше оној кој се форсираше.
Во нападот пак, како што кажа коментаторот, Кака најслаб, но ако гледаме од друга страна пак, само тој се трудеше да направи нешто, тој повлекуваше акции, додаваше топки. Другите ништо ама баш ништо не направија. Само да не примеме гол, и да успееме да се одбраниме.. Се друго ќе биде поволно за нас, бар за мене..