Изјави на играчите и на МП, превземено од македонски фејсбук профил за Реал.
Pellegrini: На ниеден играч не му се допаѓа кога ќе го заменат.... Јас го барам најдоброто за екипата, а натпреварот веќе беше решен..... Не е важно дали Cristiano се налутил или дали Granero ја напуштил клупата пред да заврши натпреварот....
Kaká е ...играч кој го менува лицето на екипата.... беше замена затоа што играше многу на претходните натпревари, а имаме уште многу кои треба да ги играме, особено ЛШ во среда...
Изигравме многу лошо прво полувреме.... замените ни помогнаа многу.....
Екипата се уште се формира во многу аспекти.... Бев навикнат да се игра на контри, но малку по малку се подобруваме врз база на победите и со просекот од над 3 дадени голови по натпревар, а само 2 примени..... Има уште многу работи кои треба да се променат.... Ротациите влијаат на функционирањето на екипата..... чекориме по вистинскиот пат.....
Benzema: Важно е да продолжам да давам голови и да и помагам на екипата.... во второ полувреме игравме многу подобро од првото.... Kaká беше клучот на натпреварот... ни помогна да почнеме да даваме голови.....
Kaká: Знам дека публиката на Bernabéu е научена да гледа добар фудбал и нормално е да биде нетрпелива.... но не секогаш можеме да играме добро.... барам трпение од нив..... Денес е посебен ден за мене поради голот кој го дадов.... и го поветувам на мојата жена и моите деца.... Ги разбирам ротациите иако секој играч сака да игра, а не да биде замена.... Не треба да се споредуваме со Barça.... на Real Madrid му е потребно време за да игра добро....
Xabi Alonso: Одбраната е се подобра секој нареден натпревар.... ни се доближуваат, но немаме поголеми проблеми..... Немаме тешкотии кога даваме голови, но се уште има уште многу на што да се работи.....
Ни јас, ни брат ми не сакаме да губиме.... убаво беше да се соочиме на Bernabéu.... знам дека татко ми гледајќи не си помина најубаво....
Mikel Alonso: Real Madrid има нова екипа и луѓето треба меѓу себе да се запознаат.... сигурен сум дека ќе прерасне во една голема екипа.....
Pepe: Повторно уживав на овој прекрасен стадион и среќен сум што можам да ја усреќам публиката овде..... Имавме лошо прво полувреме, но потоа почнавме добро, силно.... важно е да се бориме за нашата цел, а тоа е La Liga....