Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пелегрини: Игуаин и Робен не се на продажба Тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини вели дека Гонзало Игуаин не е на продажба а истото важи и за Аријан Робен...
robben-300-higuain.jpg
Аргентинецот вчера постигна два погодока на дуелот со ДиСи Јунајтед но Пелегрини вели дека одличите перформанси на Игуаин не го промениле ставот бидејќи напаѓачот никогаш не бил на продажба.

“Перформансите на Игуаин не променија ништо. Тој никогаш не се наоѓал на трансфер листата.” – рече Пелегрини.

“Нашиот тим е комплетиран и сега само неколку играчи ќе треба да заминат во друг клуб.”

Запрашан дали Аријан Робен, кој исто така постигна погодок во вчерашната победа од 3-0, се наоѓа на трансфер листата, Пелегрини додаде: “Робен исто така не е на продажба како и Весли Снајдер.”

Ова е втора победа на Кралскиот Клуб на турнејата во САД и Пелегрини е задоволен од подобрувањето на тимот но е свесен дека пред нив има уште многу работа.

“Се подобруваме од натпревар во натпревар но сеуште има многу работа пред нас за да бидеме подготвени за стартот на новата сезона.”
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
 
Не го гледав натпреварот сега видов 3:0 победивме и ко што прочитав одлично изиграле дечките..Робен докажува дека не е за продажба, а Игуаин се враќа во старата страшна форма :vozbud: .. Честитки за победата. :salut:
 
Збореа сите за Игуаин не бил забележителен на подготовките ова она. Сега мислам им ги затна устите на сите критикувачи. Едноставно....Он е no.1.

Едит : Реал Мадрид нема да игра против Милан на 25 август, туку против Розенборг. :(
 
Зашто се сменил распоредот да не имаш некоја информација?
 
Запрашан дали Аријан Робен, кој исто така постигна погодок во вчерашната победа од 3-0, се наоѓа на трансфер листата, Пелегрини додаде: “Робен исто така не е на продажба како и Весли Снајдер.”

Ова е за поздрав :helou:
Затоа што Милан тогаш ќе игра квалификации за Лига на Шампиони.

Како бе квалификации? Па нели само Фиорентина ќе игра квалификации од италијанскиве? Милан иде директно во група.
 
Зашто се сменил распоредот да не имаш некоја информација?
Наводно сите термини кој им ги понудиле Реал на Милан, зафатени биле Милан со натпревари и таму незнам уште што. А баш сакав да го видам Хунтелар против Реал и Кака против Милан, али ке чекаме наредна прилика:smir:
 
Како бе квалификации? Па нели само Фиорентина ќе игра квалификации од италијанскиве? Милан иде директно во група.

Грешка. Ги помешав работите.

Еве што пишува на официјална

Change of rival

AC Milan, scheduled for this trophy rival, has been unable to accept any of the dates submitted by the Real Madrid CF, as a result of changes of dates that have also suffered from the two early rounds of the Italian League.
 
пак не гледав , тоа е тоа, инаку не се секирајте за Кака и Кики тие ќе блеснат во најбитните моменти (кој не верува нека запомни што напишав) . Игуаин е играч на чии квалитети мора да веруваме, барем по ланската сезона, а гледам го враќа тоа ниво.
И да, Снајдер би бил одлична замена (можеби сум суров, ама тоа е:toe:) а се надевам ќе се наоѓа место за Гранеро од време на време , позЗ и
Хала Мадрид:salut:
 
Се исплашија рекле боље у квалификации одколку со Реал

Не можеа да изберат некој послаб противник ебате Розенбург големиот к*р
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom