Ливерпул го потврди барањето на Алонсо за трансфер
Англиските медиуми пренесуваат дека член од управата на Ливерпул го потврдил барањето на Чаби Алонсо за трансфер
Извештаите на медиумите од Островото утрово велеа дека Чаби Алонсо доставил барање за трансфер во писмена форма до Ливерпул и Рафа Бенитез.
Sky Sports News и The Thelegraph сега велат дека член на управата на Ливерпул потврдила дека Алонсо го доставил своето барање во писмена форма
Претходно Шпанецот истото му го соопштил и на Рафа Бенитез но тоа било само во вербалните разговори.
Фрустрациите кај Бенитез растеа од ден во ден поради неизвесноста на иднината на Алонсо, и веќе му соопшти на својот сонародник дека е потребно да го реши трансферот во рок од 48 часа.
Реал Мадрид постојано ја надгледуваше ситуацијата на Алонсо ова лето и во неколку наврати јавно призна дека го посакува играчот од средниот ред на Сантијаго Бернабе.
Црвените веќе одбија една понуда од 27 милиони евра и ставија јасно до знаење дека ќе бидат потребни околу 35 милиони евра за Алонсо да замине од Енфилд.
Но медиумите од Шпанија велат дека Реал нема да оди повеќе од границата од 30 милиони евра и се очекува во следните неколку дена двата клуба да постигнат конечен договор.