Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Абе ова анти реалциве значи колку ми се комични тоа чудо некое...а па колку се загрижени за тоа како ќе играле у ист тим роналдо, кака и бензема незз...дури и жал ми е ептен се патетични...али нека мрчат колку сакаат зашо уствари финтата е
ЗБОРИ ЗА РЕАЛ-ТАКА СЕ СТАНУВА ФАЦА!!!:smir::pos2:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.506
Поени од реакции
14.146

Кој разбира шпански, нека чита. :)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.357
Поени од реакции
21.873
Штутгарт највероватно се договири со Реал за Хунтелар. Нудат 18 милиони Евра и зависно од спортскиот успех плус 2 милиони. Се шпекулира дека следниве дена трансферот ќе биде официјално потврден.
 
Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ај некој ако знае нека пише одприлика колку навивачи се очекуваат за вечер?
Мило ми е шо ги мина веке лекарските прегледи, Одличен играч.
 
<3 Iker

Siempre Fieles
Член од
8 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
4
Дресот на Роналдо се продава како алва​

Повеќе од 2,000 дресови со името на Роналдо се продадени во првите два часа од отварањето на продавницата во стадионот.
Големата гужва на стадионот ја искористиле и некои арамии кои украле 300 дресови од рафтовите. Цената на дресот чини 85 евра.

Според пишувањата на шпанските медиуми, колона од редови пред официјалната продавница се формирала одма после завршувањето на промоцијата на Роналдо.
Иако беше кажано дека ќе се пуштаат по 15 навивачи за да купат дрес, буткањето на илјадниците навивачи не можеа да го спречат ниту полицајците па сите влегле внатре.

Губењето на тие 300 дресови нема да влијае врз продажбата на дресовите на Роналдо бидејќи многу брзо се продаваат други дресови со неговото име и од останатиот дел од тимот, па брзо ќе се покрие тој трошок.

Извор: B92

Да ги мрзи да чекат на ред... ако треба цел ден би чекала само да дојдам до дрес таму.
 
moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Клипов е пожелно да се види, има некои споредби, највеќе мерак ми напраи онаа на Игуаин со Раул, младиот лидер...:)...видете, малце е долг али добар е:):pipi:
 
CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Пелегрини денес започнува во Реал

Пелегрини и соопштил на управата дека следната сезона нема да смета на Негредо и Гарај. Мислам дека треба да му се даде шанса барем на овај вториов.:nesum:
А од кај ја слушнавте одлуката Гарај и Негредо да бидат на трансфер листа ?
Еве..ама колку е ова вистина ке видиме.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
20
Поени од реакции
1
А од кај ја слушнавте одлуката Гарај и Негредо да бидат на трансфер листа ?
Уште по пристигнувањето на Пелегрини пред една недела тој изјавил дека нема да смета на Гарај и Негредо..
 
<3 Iker

Siempre Fieles
Член од
8 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
4
Ќе има голема чистка овие денови.

Икер Касиљас
Најдобар голман на светот кој во Реал барем за сега е втор капитен во клуб, нормално откако Раул ја напушта играта. Со сигурност останува во клубот.

Јержи Дудек
Послкиот интернационалец дојде од Ливерпул. Би требало да остане во клубот како замена на Касиљас. На Кодина нема да можеме да сметаме бидејќи замина во Гетафе.

Мичел Салгадо
Во своето најдобро време беше еден од најборбените и најгресивните играчи. Денес се е другачије, стар е и не може да се носи со младите во Реал како што се Рамос и другите. Според пишувањата во медиумите би требало да биде прв кој ќе го напушти клубот, навероватно нема да го гледаме на терените веќе.

Пепе
Уште имам горк вкус во устата откако го направи тој неспортски гест против Гетафе. Нема да го гледаме неколку кола во Примера, но со помош на Албиол сигурна сум дека ќе бидат добар тандем и добро ќе ја затворат својата страна.

Серџо Рамос
Челичното срце на клубот. Со своите 23 години е еден од најдобрите играчи на својата позиција и дефинитивно е еден од играчите кои нема да го напуштат клубот.

Марсело
Сеуште нема дојдено квалитетен лев бек па Марсело е единствена квалитетна опција за таа позиција. Хуанде Рамос се жалеше на тоа дека Марсело слабо си ја работи работата кога игра во одбрана па го стави да игра како крило. Кај Пелегрини нема да добие таква улога, па нека почне со дефанзивните тренинзи.

Габриел Хајнце
Нај промашај. Можеби Пелегрини ќе сака да проба да напарви нешто од него, но за доброто за клубот треба да замине.

Торес
Кога Капело остана без скоро цела одбрана, Торес е тој што прв дојде на помош од младинскиот тим. Откако Капело му даде можност да заигра, врати на најдобар можен начин и почна да напредува и се почесто го гледавме во првите единаесет. Дефинитивно останува и понатаму со нас. Се надеваме до крај, наша школа е. :)

Метзелдер
За бадијала дојде, но поголем дел од неговото време во клубот го помина на клупа и повреден. Со доаѓањето на Албиол, повторно ќе ги изгуби шансите за да заигра во првите единаесетмина. Се споменуваше за негово враќање во Бундес лигата, па ќе видиме што ќе биде. Неизвесен.

Гаго
Си игра топло - ладно. Кога блеснува тоа се примеќа од далеко, но кога не му оди тоа е... Доста е брз и напорен во работата, но за да стане новиот Фернандо Редондо треба уште многу да работи. Доколку Чаби Алонсо дојде, што е многу тешко после изјавата од Ливерпул дека нема да замине, големи се шансите за да го напушти клубот.

Ласана Диара
Дојде пред 6 месеци од Портсмун како замена на повредениот Махмадоу Диара. Францускиот интернационалец е еден од подобрите на својата позиција и многу потсеќа на најдобрите денови на Макелеле. Тој е еден од играчите кои ќе останат.

Хосе Мариа Гути :)
Темпераментниот Гути го има еден од најдобрите завршни пасови и иако има 32 години, сеуште не е потрошен. Голема е веројатноста да го загуби своето место во првите 11. Не би требало да го напушти клубот, но за да добива повеќе шанса во првите 11 ќе треба.

Махмадоу Диара
Бетонски столб. :vozbuda: Се споменуваше трампа со Интер за Маикон или Ибра, но ништо од тоа. Сите едвај чекаме да се врати во форма како средниот ред би добил на цврстина. Со Лас, играч кој не треба да го напушти клубот.

Ројстон Дренте
Го доведоа како голема фудбалска надеж, но сето тоа поверение не успеа да го оправди. Во медиумите се повеќе се споменува негово заминување, и големи се шансите тоа да се случи.

Снајдер
Играч за врска кој во 2-3 пати повредите го доведоа во најслаба форма. Токму кога ќе се врати во форма, повторно паѓа. Перез доведе неколку појачања, па настана голема гужва во средниот ред. 50:50 се шансите за да го напушти клубот.

Робен
Себичен крилен играч кој многу пати го спаси Реал претходната сезона. Пред да ви ја додаде топката, прво ќе проба да помине низ цела одбрана, па доколку нема решение, тогаш ќе ви ја подаде. Реал се откажа од битката за Рибери, но дојде К. Роналдо. Спрема први зборови на Пелегрини, практикува 4-2-2 формација, што значи дека Роналдо и Рибери би ги покриле крилните позиции. Не се знае дали ќе го напушти клубот, но многу клубови се заинтересира за него.

Даниел Парејо
Уште еден млад играч од школата на Реал кој помина една сезона на островот играјќи за QPR. Беше позајмен, но не се покажа нај нај па се врати во Мадрид. Големи се шансите повторно да биде даден на позајмница.

Ван Дер Варт
Експлодираше во првите кола. После тоа доживеа пад на формата, го изгуби местото во клубот и од тогаш никако да се врати. Со Кака во клубот, и неговото место е ставено под знак прашалник. Еден од него и Снајдер ќе мора да го напушти клубот.

Хави Гарсија
Иако е еден од младите погони не го оправди тоа што се очекуваше. Добро играше додека беше во позајмница, но по враќањето во Реал не успеа да се пронајде. Негово заминување не би изненадило никого.

Игуаин
Направи чуда претходната сезона. Имаше доволно простор за играње, добиваше шанси, а сето тоа го оправдуваше со своите голови и асистенции. Иако се споменуваше негово заминување, не верувам дека ќе се деси тоа.

Хунтелар
Дојде заедно со Ласана Диара. Неговата задача беше да го замени Ван Нистелрој. На почетокот се бореше да добие прилика, но после неколку добри настапи, почна да добива шанса се почесто и почесто. 8 гола во 14 натпревари е солиден учинок. Што се однесува за негов трансфер, доколку сака прилика да се докаже, би требало да замине од клубот бидејќи покрај Раул, Бензема и Игуаин тешко да се снајде.

Негредо
После успешно одработената сезона во Алмериа се врати. Тој е еден од водечките стрелци на претходната сезона, а моментално се одлучува помеѓу него и Хунтелар кој ќе го напушти клубот.

Раул Гонзалез
Икона на и вон теренот, водач и нешто како втор тренер - Раул. Игрча кој ја обележи историјата и играч кој прв доаѓа на тренинзите и последен ги напушта. Што и да се случи, Раул ќе остане во клубот, иако нападот е подмладен. Се надевам нема да му смети доколку седи на клупата. :) Каде што почна, нека и заврши во тој клуб.

Руд Ван Нистелрој
Машината за голови влегува во последните години и рака на срце, неговата ера во Мадрид е завршена. Сигурно ќе го напушти клубот, само сеуште не се знае каде. Се споменува враќање во Премиер лигата.

Албиол, Бензема, Кака, К. Роналдо се новите играчи на Реал.

99,9% остануват: Албиол, Бензема, Кака, Роналдо, Касиљас, Дудек, Пепе, Рамос, Марсело, Торес, Гути, Диара х 2, Игуаин, Раул, Хунтелар
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512

На денешен ден пред осум години :pipi:
Колку само го поштувам човеков :back:

Чул те Бог за последново, не го давајте.

Штета би било таков талент во најчувствителните години да почне да менува тимови на секој 6месеци...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom