Роналдо со Реал по двојната круна
Кристијано Роналдо верува дека Реал мора да се обиде да ја врати титулата назад во Мадрид, а потоа да ја освои Европа и сето тоа во една сезона. Португалската фудбалска ѕвезда денес ќе биде презентиран на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а се очекува рекордна посетеност од мадридските фанови, но и од медиумите.
Откако Барселона почна да победува на сите фудбалски полиња во Шпанија и во Европа, управата на кралскиот клуб реши дека треба нешто да промени во тимот. Затоа, на чело на клубот дојде Флорентино Перес, кој потроши повеќе од двесте милиони евра за засилувања и почна да го гради вториот „галактичарски“ состав.
„Ќе одиме чекор по чекор“, изјави Роналдо за шпанскиот весник „Марка“. „Најпрво Примера, а потоа и Лигата на шампионите. Ќе биде тешка мисија, но мислам дека имаме квалитет за да ги освоиме двете натпреварувања. Мораме напорно да работиме за да постигнуваме успеси на сите фудбалски полиња. Мојата желба е со Реал да освојам сè што освоив со Манчестер јунајтед, а со структурата што ја има Реал, тоа е сосем реално. Новите играчи што пристигнаа ќе се вклопат со стариот ростер играчи и потоа резултатите ќе дојдат сами по себе“, оптимистички е расположен Роналдо пред неговата промоција на „Сантијаго Бернабеу“.