Дали Груевски и Иванов се против Македонија?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Nema potreba od referendum stavot na Grueski bese jasen zaradi taa pricina gi dobija izborite sigurno ne glasase narodot zatoa sto programata vo 100 cekori bese izvonredna tuku poradi negoviot stav za nepromenlivost na imeto i nema sega sto da aterira od stavot.

So referendum samo i onaka bi go istancile tankiot budzet ,i sto poveke me plasi sigurno ke ima nekoe "razumno" prasanje za "razumen" kompromis vo stilot na "Dali sakata FYROM da se promeni vo Severna Vukojebina" proprateno so kampanja za vlez vo EU , NATO ,zacuvuvanje na identitet itn itn.
:) одлично кажано.

Инаку Јин Јанг, секој референдум е какање врз себе. Што рекоа погоре секое таков поставено прашање е Велеиздаја. Се надевам дека имаат бар малку памет оставено во глава.
Ај да не ги цитирам сите од претходно, тоа е тоа.
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Дечки, факт е дека нашата држава Република Македонија опфаќа само еден дел од целата територија која до Букурешкиот договор била единствена и позната како Македонија (значи, како територија под османлиска власт/управа, а не и како НЕЗАВИСНА држава). Тој дел, како што сите знаеме, е Вардарска Македонија, а останатите два се Пиринска и Егејска Македонија.

Значи, Грците имаат право што инсистираат нашата држава да не го носи името Македонија, затоа што таа и не се простира на ЦЕЛАТА територија на Македонија, но исто така НЕМААТ никакво право да инсистираат делот кој останал под нивна окупација, Егејска Македонија, да се нарече само Македонија (од истите причини - и тоа е само дел, иако најголем), а тие да имаат ексклузивно право да го користат името „Македонија“ без какви било одредници.

Владата треба да инсистира, доколку се прифати име со географска одредница, сите три дела да се именуваат соодветно со што светот ќе ја признае поделбата на Македонија направена со Букурешкиот договор и ниту една држава ќе нема исклучиво право да го користи името Македонија (без придавки)...

Види, има нешто што е закон на бренд. Социјалистичка Република Македонија е заведена во ОН како таква (не се сеќавам за која година точно станува збор - може да се провери) - да речеме 1948 година како ФЕДЕРАЛНА единица при СФРЈ.. значи ние сме таму.. и зачленети под тоа име пред било на кого друг да му текнало или го пријавил тоа име. (една од прифдобивките од „другарот“ ЈБ Тито)

примери со ЧехоСловачка, Бившите советски републики, Југословенските републики.. итн..

Со таа регистрација ние пат на автоматизам, го имаме полното право за користење на тоа има ЈАСНО и ГЛАСНО.. Грција не ни сонувала за никакво име на Македонија..Тие и правно го немаат тоа право.. исто како и Бугарија.. Како федерална единка - како членка на ОН, ние тоа име го имаме регистрирано и го користиме - проблемот е правен.. не е политички..
Друга работа е што Правен проблем се покушава да се наметне - реши со политички средства.. - е тука се слаби нашите.. туке треба да се игра..

ова е една ГОЛЕМА партија ПОКЕР.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Дечки, факт е дека нашата држава Република Македонија опфаќа само еден дел од целата територија која до Букурешкиот договор била единствена и позната како Македонија (значи, како територија под османлиска власт/управа, а не и како НЕЗАВИСНА држава). Тој дел, како што сите знаеме, е Вардарска Македонија, а останатите два се Пиринска и Егејска Македонија.

Значи, Грците имаат право што инсистираат нашата држава да не го носи името Македонија, затоа што таа и не се простира на ЦЕЛАТА територија на Македонија, но исто така НЕМААТ никакво право да инсистираат делот кој останал под нивна окупација, Егејска Македонија, да се нарече само Македонија (од истите причини - и тоа е само дел, иако најголем), а тие да имаат ексклузивно право да го користат името „Македонија“ без какви било одредници.

Владата треба да инсистира, доколку се прифати име со географска одредница, сите три дела да се именуваат соодветно со што светот ќе ја признае поделбата на Македонија направена со Букурешкиот договор и ниту една држава ќе нема исклучиво право да го користи името Македонија (без придавки)...
Па и еден квадрат да е,кога има територија со елементи на држава и народ со име Македонија и Македонци,никој нема право тоа име да им го одзема на тие што себеси сами си го дале.Така всушност налагаат сите досегашни норми и меѓународни признати конвенции и права на демократскиот познатиот и признат свет.Името на една држава не е заебанција па да го менува кој како сака и кога сака,затоа што имал запоседнато помало или поголемо парче географска територија.Тоа треба да му го објасниме на Нимиц и компанија,а не да глумиме подготвеност како недоветни кој се спремни да се самоубијат од заседа.Кој кур гледале Грците што дозволиле по 1945та да има соседна Република Македонија,која влегла со тоа име и во состав на ОН,па и сите други светски организации?Што имале лапнато во уста тогаш кога требало да зборуваат за правата врз МАКЕДОНСКИОТ бренд,за кој сега проблематизираат?

П.С.-Абе само малку да се доберам до преговарачка позиција,има мамицата да им ја расплачам,располагам со аргументи и факти од кој и “боговите паѓаат на теме“,не Јолевски,Молевски,Димитров..тинтири - минтири,се некој дебили кој појма немаат од меѓународни права и должности.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
тука се слаби нашите.. туке треба да се игра..
Кои слаби човече. У ствари не знам какви се како адвокати, лобисти... Но и да се нај нај избрани од цел свет...џабе е кога цела, буквално цела европа е против нашето име-воглавно и се друго.
Едноставно нема поддршка од никого (освен на хартија и по рамо). Една држава да се најде да се спротивстави... мислам дајте кој е против нас, грците? Или сите стари и некои од новите членки? Како против сите? И Чак Норис да е тука, питање колку ќе издржи.
Како држава која од земјите во еу не поддржала и кој останал на таа поддршка цврсто?
 
Не е проблемот во јачината,кога се меѓународни закони и норми во прашање.На вакви “судови“ се игра на скроз друг начин на кој особено му погодува тоа што има малку држави кај кој уживаме морална или било каква друга подкрепа.:toe:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Нема потреба од референдум е идеалистичка форма.
Нема потреба од БЈРМ, ама ене го стои, така се именуваме во светот.

Ние во државата немаме консензус околу нашето име, што е па показател за нас самите.

Погледнете на терен каква состојба имаме.
Психолошка војна на сите сетила за промена на името на државата.
Една сериозна држава не би дозволила на нејзина територија да се одвиваат такви процеси.

Ситуацијата е повеќе од сложена иако некој сака да ја престави од типот, кој ги е*е, не менувам име.
Да и јас сум за тоа, ама мораш да створиш алтернавита на НАТО и ЕУ, пред да им го плеснеш во фаца.
А ние немамае алтернатива на НАТО и ЕУ, со самото тоа нашата позиција е катастрофална, односно невозможно е во тие услови да не промениме име.

Им текна пред некоја недела дека Македонија треба да стане членка и на други организации, па стана посматрач кај неврзаните.
Македонија треба да бара членство во Шангајската група и да преговара со Русија да влезе во безбедоносниот систем која таа го креираше за бившо советските републики.
 
sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
За жал, Република Македонија НИКОГАШ пред 8 април 1992 не била дел од ООН како посебна единка. Од октомври 1945, СФРЈ како единствена држава била членка на ООН се до распаѓањето. НИТУ ЕДНА од шесте социјалистички републики никогаш не била сметана за членка или признаена како таква во ООН (било директно или посредно преку СФРЈ) - во врска со внатрешното уредување, да, СРМ постоела како Македонија, но за надворешната политика, за целиот свет, постоела само единствената СФРЈ. Еднаков пример е СССР и, на пример Литванија и Латвија, меѓу другите, кои како членки на ООН фигурираат од 17 септември 1991 година (сите овие податоци се достапни на http://www.un.org/en/members/index.shtml).
Затоа, името Македонија како име на една од тие шест социјалистички републики, единици на СФРЈ, никогаш и не било тема на разгледување од страна на која било држава и, како такво, не претставувало (барем експлицитно) проблем за Грција. Проблемот кој Грците си го имаат го изнесуваат на виделина во моментот кога републиките одделно започнуваат да аплицираат за членство и бараат меѓународно признавање...

Нашите соседи, уште пред стекнувањето на нивната независност од Отоманското царство, активно работат на распарчување и поделба на Македонија и делуваат разнебитувачки меѓу народот. Македонија и македонскиот народ отсекогаш биле хендикепирани со таквите дејствија и влијанија, поради што и никогаш не е создадено единство кое би резултирало со независност. Piters е во право кога вели „придобивка од ЈБ Тито“ - денешна РМ е делот од ЦЕЛА Македонија кој и припаднал на Србија со Букурешкиот договор и кој, благодарение на ЈБ Тито (за што мора да сме апсолутно благодарни), со формирањето на СФРЈ Србија самоволно дозволила да се оддели и да егзистира како РАМНОПРАВНА федеративна единица на новата држава со право на самоопределување до отцепување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Не е проблемот во јачината,кога се меѓународни закони и норми во прашање.На вакви “судови“ се игра на скроз друг начин на кој особено му погодува тоа што има малку држави кај кој уживаме морална или било каква друга подкрепа.:toe:
Али не ги поштуваат, барем не во одредени случаи. А ако треба да се има лоби, влијание, тогаш тие норми и закони не се потребни. Пошто и така не се почитуваат. Логички заклучок од она што низ овие 2 децении се случуваше на меѓународно поле.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Нема потреба од референдум е идеалистичка форма.
Нема потреба од БЈРМ, ама ене го стои, така се именуваме во светот.

Ние во државата немаме консензус околу нашето име, што е па показател за нас самите.

Погледнете на терен каква состојба имаме.
Психолошка војна на сите сетила за промена на името на државата.
Една сериозна држава не би дозволила на нејзина територија да се одвиваат такви процеси.

Ситуацијата е повеќе од сложена иако некој сака да ја престави од типот, кој ги е*е, не менувам име.
Да и јас сум за тоа, ама мораш да створиш алтернавита на НАТО и ЕУ, пред да им го плеснеш во фаца.
А ние немамае алтернатива на НАТО и ЕУ, со самото тоа нашата позиција е катастрофална, односно невозможно е во тие услови да не промениме име.

Им текна пред некоја недела дека Македонија треба да стане членка и на други организации, па стана посматрач кај неврзаните.
Македонија треба да бара членство во Шангајската група и да преговара со Русија да влезе во безбедоносниот систем која таа го креираше за бившо советските републики.
Па како ќе имаме концензус окулу името во државава каде се дадени преголеми ингеренции на другите националности кој учествуваат во креирањето и создавањето јавно мислење окулу вакви битни и суштествени прашања,каде перцепциите во реалноста говорат дека никого друг не го боли “стојко“ окулу името на таа држава освен истоимениот народ,кој е секојдневно и на сите начини изманипулиран да се самоукине како таков?
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
За жал, Република Македонија НИКОГАШ пред 8 април 1992 не била дел од ООН како посебна единка. Од октомври 1945, СФРЈ како единствена држава била членка на ООН се до распаѓањето. НИТУ ЕДНА од шесте социјалистички републики никогаш не била сметана за членка или признаена како таква во ООН (било директно или посредно преку СФРЈ) - во врска со внатрешното уредување, да, СРМ постоела како Македонија, но за надворешната политика, за целиот свет, постоела само единствената СФРЈ. Еднаков пример е СССР и, на пример Литванија и Латвија, меѓу другите, кои како членки на ООН фигурираат од 17 септември 1991 година (сите овие податоци се достапни на http://www.un.org/en/members/index.shtml).
Затоа, името Македонија како име на една од тие шест социјалистички републики, единици на СФРЈ, никогаш и не било тема на разгледување од страна на која било држава и, како такво, не претставувало (барем експлицитно) проблем за Грција. Проблемот е креиран кога републиките одделно започнуваат да аплицираат за членство и бараат меѓународно признавање...

ова е сегашна ситуација, не зборувам за сега. Прати линк со СФРЈ како членка.. прати да видиме во кое својство е примена.. СССР беше сојуз, СФРЈ федерација од 6 републики..
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Па и еден квадрат да е,кога има територија со елементи на држава и народ со име Македонија и Македонци,никој нема право тоа име да им го одзема на тие што себеси сами си го дале.Така всушност налагаат сите досегашни норми и меѓународни признати конвенции и права на демократскиот познатиот и признат свет.Името на една држава не е заебанција па да го менува кој како сака и кога сака,затоа што имал запоседнато помало или поголемо парче географска територија.Тоа треба да му го објасниме на Нимиц и компанија,а не да глумиме подготвеност како недоветни кој се спремни да се самоубијат од заседа.Кој кур гледале Грците што дозволиле по 1945та да има соседна Република Македонија,која влегла со тоа име и во состав на ОН,па и сите други светски организации?Што имале лапнато во уста тогаш кога требало да зборуваат за правата врз МАКЕДОНСКИОТ бренд,за кој сега проблематизираат?

П.С.-Абе само малку да се доберам до преговарачка позиција,има мамицата да им ја расплачам,располагам со аргументи и факти од кој и “боговите паѓаат на теме“,не Јолевски,Молевски,Димитров..тинтири - минтири,се некој дебили кој појма немаат од меѓународни права и должности.:toe:
Јас веќе имав предлог (личен), Павлос Васкопулос да ни биде водач на преговарачкиот тим, можеме да те вклучиме во групата :smir:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Народот чим дозволи БЈРМ, тој е спремен за референдум.
По понижувачко нешто од тоа Собранието на РМ да изгласа БЈРМ, нит имало нит ќе има.
Нашите дедовци гинеа под тоа име, дедо ми Алексо од Крушоради крв сереше зошто Македонец се пишуваше, а овие денешни дебели газови за терминал во Солун го урнаа достоинството на народот со БЈРМ.
Многу си контрадикторен Славјански,прво гинел дедоти и многу други за ова парче земја кое одсекогаш се викало Македонија,за потоа да излезеш со став дека референдум е најдоброто нешто од Груевски?
Не дека ти беше поентата у гинењето и референдумот,туку поентата ти беше дека што и да излезе од СДСМ е лошо за оваа држава,притоа не согледувајќи дека позициите на двете партии полека ама сигурно почнаа да им се приближуваат околу спорот со името

Не сакам ни народот да си го кривам, тоа е намачен народ, постојано репресиран, поробен, малтретиран, асимилиран, постојано под психолошка војна.
И ти ќе бидеш помеѓу тој народ ,така да не е проблем во народот ,проблемот е во политичарите кои жешкиот костен сакаат да му го префрлат народот!

Кога нема консензус за нашите национални интереси, а го нема, тогаш референдумот е единствен спас.
На предизборните ветувања не им требаше консензус за националните интереси,туку тогаш им требаше маса која длабоко ќе го подржи непопустливиот став а воедно и маса која со прст ќе ги покаже предавници за не чепкање во уставот.....

Не, Груевски нема да го заобиколи референдумот
Ако го заобиколи, тогаш народот има и други механизми, никој не е и не треба да биде над Македонија.
Какви механизми има народот? Полека полека да омекнува по повод проблемот за името ? Па доволно долго си на форумов и самиот можеш да видиш дека попара станаа тврдите ставови за промена на името.

Ние ако сакаме да останеме Македонци и да ја има Македонија во 21 век треба да сме на страна спротивна од таа на западната цивилизација.
Не ,не подобро сам свој роб со име ,одколку повторно роба на нечии незападни идеали,ако толку беа широко гради тие незападни цивилизации каде беа до сега?
 
vales

master beginner
Член од
29 април 2009
Мислења
53
Поени од реакции
3
Хех, луѓе, абе вие знаете што е политика? И што иде во наш прилог? Треба јавно да изгледаме конструктивни, јавно да се подржаваат одредени процеси и бла бла, а тоа што вистински си мислиме ,пример јас не би кажала, камо ли некој од тој профил, хехех!
Дај оладете малце, позитивен став и све ќе е ок.
:helou:
 
sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
Уште нешто (како размислување на глас) - со инсистирањето РМ да го задржи името Македонија без придавки, зарем не би значело дека се откажуваме од останатите два дела каде, исто така, живеат Македонци? Не велам дека во денешно време треба и може да бараме спојување на трите дела, туку реално да се признае поделбата и да се признаат како Македонци луѓето кои живеат таму.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Али не ги поштуваат, барем не во одредени случаи. А ако треба да се има лоби, влијание, тогаш тие норми и закони не се потребни. Пошто и така не се почитуваат. Логички заклучок од она што низ овие 2 децении се случуваше на меѓународно поле.
Види Lurtz,мислам дека на проблемот со името му пристапивме погрешно уште на самиот почеток,со тактика која беше катастрофална уште од првиот ден кога сите наши дебилни политичари не уверуваа дека проблемот со името не е наш проблем,туку е проблем на Грција.Сите досегашни “преговарачи“ така и се однесуваа по однос на ова суштествено прашање,врз кое требаше да се однесуваме како кон многу битен и единствен проблем,сличен на воена состојба.Имавме недостиг од стратегија,преголема доверба во политичарите кој го потиснуваа овој проблем секогаш во втор план,уверувајќи не дека сам ќе се решел,а ние треба да работиме на реформите.На тој начин ние стигнавме далеку,ама ептен далеку,во реформите кој се единствени во светот по многу нешта,без да го решиме главниот и суштествен проблем со името.Се заебавме ебаго,гадно се заебавме зошто пристапивме кон реформи во една сеуште недефинирана земја со име за кое ни сами не сме сигурни дали ќе ни остане денес или утре,со што практично нема да се знае кој тоа таму некаде на Балканот спровел досега невидени реформи по однос на човекови права,демократија и слободоумие какви нема ни во САД ни во познатите Западноевропски “демократии“.Тоа го искористи Грција која воопшто не се осврна на слободата и демократијата во сопствената држава па сите сили ги усмери кон создавање на погрешно мислење окулу овој проблем што нам ни го наметна за да си ги задоволи сопствените мегаломански апетити.Ете тука е главниот проблем кој многумина од нашите политичари или не го согледуваат или се некадарни да го согледаат па играат на скроз друга и погрешна “карта“ во покерот наречен Западен Балкан со акцент на Македонија како држава и нација.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom