Што би се случило?
Би ја изгубиле комплетната доверба во гласачите, кои претежно ги избраа поради (тогаш) цврстиот став дека името нема да се менува. За полоши (црни) сценарија не сакам да прогнозирам. Името на државата не е нешто за кое може да се донесе одлука толку лесно, а неговата евентуална промена ќе потегне последици кои вечно ќе ги жигосаат „менувачите“ како „предавници“ и „шиткачи“.
Таков беше и случајот со прифаќањето на ФИРОМ од страна на Бранко/Кирче и менувањето на македонското знаме. Поради тие грешки, како што може да се забележи од актуелната ситуација - сеуште страда СДСМ.
Кога веќе немаме некаква материјална корист од двете најголеми партии, тогаш на нас, како граѓани на Македонија, ни останува само борбата за зачувување на националниот идентитет. За што гинеле нашите прадедовци? За некој да не именува како Северномакедонци? Скопјани? Кој ќе се осмели да го шитне името, ќе биде дочекан на клоци од македонскиот народ.
Во секој случај, било каков предлог за промена на името мора да биде ставен на референдум. Граѓаните не се овци за да гласаат за промена, а доколку некој навистина успее да им го испере мозокот за да гласаат - тогаш и не заслужуваат да имаат држава. Јас лично, доколку дојде до промена на името, нема да се сметам за Македонец. Нема да следам спортски натпревари кога игра Македонија, нема да гласам, сите политичари ќе ги сметам за предавници и ќе ги пцујам кај ќе стигнам. Нема да имам грам национално чувство кон земјава. Во суштина, нели тоа е и поентата на сите кои работат против Македонија? Уништување на нашиот идентитет. Ако дојде до промена на името, ќе успеат во тоа.