Книгата на Бучковски уште непромовирана создаде реакции!

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Треба посериозни мерки да се превземат за предавниците кои ги имаме во државата. Па владата може и закон лесно да изгласа, за ској еден кој на било кој начин ќе го загрози редот и мирот во државата, нејзините граници, закони, име , историја, национална стратегија и тн. Вакви луѓе слободно може да се класифицираат како предавници и шпиони.
Што треба повеќе од тоа, па седи во парламент и јаде државни пари , а ???
ЕЕЕЕ оправдано го плаќаме овој нели, пишува книги за Македонија !

А националната стратегија е.............................. ?:toe:
 
А националната стратегија е.............................. ?:toe:

Точно прашање, ми промакна во цитирањето.
И мене ме интересира многу.
 
Прашајте ги одговорните, мене ми се чини дека има , само неможе да се збори за неа сеуште јавно , оти има многу олош наоколу! Врие од предавници и душмани во нашава Македонија.
 
Национална стратегија е да снимаш спотови со децата од првата жена а со втората со товјата асистентка да се сексаш во соблекувална и да правиш трето дете.
Мислам дека тоа е поентата на книгата.
И мислам дека и тоа е државна стратегија на СДСМ.
 
Прашајте ги одговорните, мене ми се чини дека има , само неможе да се збори за неа сеуште јавно , оти има многу олош наоколу!

Па никој не бара да ја откријат,туку едноставно да потврдат дека имаме национална стратегија,или најмалце според потезите кои ги прават да се осети дека ете имаме национална стратегија

Врие од предавници и душмани во нашава Македонија.

Според напишаното значи дека немаме национална стратегија ,ако имавме ,лесно препознатливи ќе беа душманите,а овака незнаеме веќе кој е поголем предавник ,дали оној кој не се плаши да го каже она што го мисли или пак оној кој се подзаскрива позади компромиси и глумења ?
 
Предавниците се се попрепознатливи, реков некои табуа кои кружеа низ форумите и уличките не биле само приказни, гледаме дека излегуваат работите на виделина. Само кога спомнав казнување на предавниците , дечкото погоре ја спомна Југославија. Некако ме натера да помислам дека тој мисли оти не е демократски да се казнуваат државни предавници, ова е слободно општество кое се стреми кон Европа , па и тие треба да бидат слободно оставени да си ја вршат својата работа.

Ако некој каже која е наша национална стратегија...без разлика која политичка партија или личност, прва и основна работа ќе биде секаков вид критикување од спротивставените партии, па потоа и од многу голем дел од граѓаните. Оти нели ние сме сите политиколози и екперти по СЕштологија , па можеме да дробиме колку ни душа сака, се тоа оправдано. Па потоа се оди на втор посериозен чекор , продавање односно презентирање на нашата стратегија пред милите ни наши комшии, па одпосле да се даде на разгледување кај релевантните органи од меѓународната заедница за да биде правилно осудена или во подобар случај исмејана.

Кој би бил луд да збори за национална стратегија јавно пред нашиот толку самопочитуван Македонски народ ???
 
Не сме се разбрале ,ај одново :

Па никој не бара да ја откријат,туку едноставно да потврдат дека имаме национална стратегија,или најмалце според потезите кои ги прават да се осети дека ете имаме национална стратегија
 
Оф мори мајкоо...Како прво тресе глупости од ракав, затоа што има разлика меѓу нација и народ. Државата е Македонија, нацијата е Македонска, а народот кој шо живее во неа е : македонски, албански, турски...итн.
Така што Македонија си е држава на македонската нација(која се уште е во осозревање) со мултиетнички карактер.

Taka треба да биде!! Но во реалност не е така. Во Македонија не постои само една нација туку постојат повеке нации меѓу кои ти ги наброја Македонската,Албанската,Турската.
Со рамковниот договор од Македонија се направи не земја на Македонската нација, туку земја на Македонската,Албанската,Турската,Влашката и сите други нации кои се спомнати во уставот.Така да Македонија не е земја на Македонците( како нација, но со различно етничко потекло) туку хибрид, спој од повеке нации. И на ваква држава за жал не и се пишува добро.:toe:

Убаво ке беше Албанците и Турците во Македонија да чувствуваа припадност кон Македонската нација( голем дел од Власите чувствуваат) меѓутоа тоа се само влажни сонови. Чисто за потврда може да ги погледнеме Албанците и начинот на кои славеа кога Македонија стана независна во 1991( со барање да се отцепат-Илирида) и кога Косово стана независно( беа френетично среќни). Тоа кажува се околу нивната национална припадност.

Со потпишување на Рамковниот Договор, всушност Македонија го изгуби статусот на унитарна држава, а не ја изгуби својата нација.

Македонија го изгуби статусот на нација држава, баш како што пишува во книгата. Погледни го новиот устав и ке сватиш.

Значи мора да се прави разлика меѓу нација и народ.
И во Швајцарија нема Швајцарски народ, ама има Швајцарска нација.

Така. И во уставот на Швајцарија пишува дека е тоа држава на Швајцарците( како нација), а не на Германците,Италјанците и Французите во Швајцарија.
Кај нас е спротивно, нашата држава е држава на Македонците,Албанците...

И втора работа е што сите националности во Македонија освен Македонците имаат ДРУГА матична држава. Така да незнам како можат да бидат конституитивен народ кога припаѓаат на друга нација.:tapp: Тие секогаш кога би можеле, би избрале да се подели Македонија и да се обединат со Албанија,Турција или која и да им е матичната држава. Ебате конституитивниот народ на кој не му е гајле како ке се вика државата.
 
А да му предложам да напише книга за Животот во келија или затворски решетки најдобро ќе му лежи таа тема да ја обработи во неговата најнова книга.
 
А Бучко да почекаше промоција на Струшките вечери на поезијата. Па со огномет повторно да прославеше. Така барем практично ќе покажеше што тоа писателот сакал да каже.
 
А Бучко да почекаше промоција на Струшките вечери на поезијата. Па со огномет повторно да прославеше. Така барем практично ќе покажеше што тоа писателот сакал да каже.

Јако!!!!

:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Бучковски и Никола Поповски никогаш како личности не м исе допаѓале и секогаш м иизгледале како предавници. Нив ги поистоветувам со филмот храбро срце каде тие благородниците го имаат предадено на вилијам валас. Затоа сдсм подобро да си ги исфрли од партијата затоа шпто со вакви потези на бил која партија ќе им направат штета. Затоа и сдмс ги изгуби изборите тогаш зашто бучковски ја водеше партијата како премиер.
 
Ова е книга на еден модерен европски политичар дел од фелата кои ке ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО.Ова е политичар државотворник кои сите ке не европеизира.МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДЕНА И ИНТЕГРИРАНА
 
Прашајте ги одговорните, мене ми се чини дека има , само неможе да се збори за неа сеуште јавно , оти има многу олош наоколу! Врие од предавници и душмани во нашава Македонија.

кој к..р пак имаат предавниците , душманите и другите преродбеници....со НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА????? Зар НАШАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА е од шеќер па ќе ја излижат горе споменатите.....суртуци..??? :)
 
Imas pravo sho vika deka Makedoncite se malcinstvo vo svoja drzava ama barem prstot da si go stavese i da pomislese koj e najzasluzen za to
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom