Македонскиот јазик од историски аспект

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
А за јазикот и азбуката дома имам книга од бугарскиот институт за јазик и култура од 1970 години каде авторот прави попис на сите книги што ги зеле од Македонија за време на бугарските агенти во Битола во периодот на 1903 година и за време на окупацијата и вика дека ова е стар народен говор.:pos2:
 
A

anaveno

Гостин
Па пријател, ги имаме житијата, па О писменех на Црноризец Храбар, немој така. И убаво се гледа како изгледал словенскиот јазик во 10. век
aloooo...KADE ZIVEEL CRNO(G)RIZEC HRABAR?
i slikata ti e ORIGINAL OD NEGO?
i sto ima toj vrska toj jazik so bubreg i burek?:kesa:

тој беше РЕЦКАР,кога го научи словото,стана СЛОВЕН....

види другар му што напишал....
Спустја много времени сели славјане по Дунају:vozbud:, где теперь землја Венгерскаја и Болгарскаја. От тех славјан разошлись славјане по земле и прозвались именами своими от мест, на которых сели.:kesa:
К моравам же ходил и апостол Павел и учил там; там же находитсја и Иллирија, до которој доходил апостол Павел и где первоначально жили славјане. :vozbud::vozbud:Поэтому учитель славјан - апостол Павел, из тех же славјан - и мы, русь;:jaj: поэтому и нам, руси, учитель Павел, так как учил славјанскиј народ и поставил по себе у славјан епископом и наместником Андроника. А славјанскиј народ и русскиј един, от варјагов ведь прозвались русьју, а прежде были славјане;:pipi: хоть и полјанами назывались, но речь была славјанској. Полјанами прозваны были потому, что сидели в поле, а јазык был им обштиј - славјанскиј.

варјагов ведь ....РУРИК,МУРИК,ОЛЕГ,РУС...:vozbud:+:kesa:

извадок од НАЈСТАРАТА КНИГА ВО РУСИЈА....ЖИВА СМЕА СЕ....
http://web.ku.edu/~russcult/culture/handouts/chronicle_all.html

BOT ПОВЕСТИ МИНУВШИХ ЛЕТ, ОТКУДА ПОШЛА РУССКАја ЗЕМЛја, KTO B КИЕВЕ СТАЛ ПЕРВЫМ КНјаЖИТЬ И KAK ВОЗНИКЛА РУССКАја ЗЕМЛја:pos2:

ОВАА КНИГА Е 6 ВЕКА ПОСТАРА ОД "ОНИЕ" НА ВИЗАНТИЈЦИТЕ.....pisuvani vo 16-19 vek.....od romanticni avtori,koi pisuvale i prikazni za pred dobra nok.....

ZAMISLETE,SITE SE ZALAT,NEMA:toe: ARHEO NAODI OD SLAVSITE:pos2:

p.s
KAKO TOA,Ruskiot jazik od denes e tolku poblizok do nasiot,a onoj od 10 vek tolku razlicen?
po logika,kako kaj site jazici,tie treba da se uste poodeleni.....
dali deka,vo 17-18 vek,GERMANCI IM NAPISAA PRVI GRAMATIKI I RECNICI NA RUSITE?
KOJ ISTRAZIL OD KADE IM SE ZBOROVITE NA SHVABITE ZA RUSKOTO DELO?

KAKVA E TAA NACIJA,KOGA NEMOZELA SAMA DA SI SOZDADE GRAMATIKA I RECNIK?


The language is that strange mix of Russian and Church Slavonic...BASHKA-BASHKA typical of the final years of the Muscovite Period.:baeh:

A Russian grammar was printed at Oxford, in 8vo. in the year 1696, which had for its author a foreigner named William Henry Ludolf.
He derived his information from this work of Smotrizkj, but betrayed his own narrow acquaintance with the Russian language....

About the same time the first Sclavonic dictionary (taken from Sisani's short Sclavonic dictionary) was written and published by Pamwa Berunda, at Kieff, A. D. 1627

The writers who attempted to compose Russian verses on the Greek model, were the above-mentioned authors of the two first Sclavonic grammars, Sisanj and Smotrizkj. They gave rules such as the following: That a vowel before two consonants is long; and so forth. A specimen of verses of this description, may be found appended to Gretsch's Manual of Russian Literature.

The syllabic method of metres, coming from Poland, was adopted through the medium of Little Russia, into the Russian language. The oldest verses of this description, are those which we find in the preface to the Ostrogian Bible, which was edited by Gerassim Danilowitsch in 1581. In the seventeenth century, the metropolitan of KiefF, Peter Mogila, was zealous in promoting their general adoption....

In the seventeenth century the first traces of dramatic art became visible in Russia. Theatrical exhibitions were brought from Poland to Kieff...

In the year 1596 appeared, at Wilna, a Sclavonic grammar, etc., written by Lawrentj Sisanj. The author availed himself largely of the Greek models; he affected to write in Sclavonic, but in the execution of his task he frequently lapsed into the Polish dialect. In his chapter upon metre he gives advice to follow the example of the Greeks; at the same time he writes himself verses in rhyme.

In the year 1704, the Emperor himself:pos2: invented :kesa:the new types of the common Russian printing alphabet, in which he assimilated the shape as much as possible to the Latin:jaj: character, and got rid of all the superfluous letters and accents.
The first improved alphabet was cut and cast in Holland.
p.s.
avtorive mora mnogu da gi mrazele rusive...he...he...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
1888 г., јануари: Осумнаесет ученици се исклучени од настава во Бугарската гимназија во Солун, бидејќи не можеле да работат на бугарски јазик". Дел од нив се и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Димитар Мирчев.

МАКЕДОНСКИ ДЕВЕТНАЕСЕТТИ ВЕК, 1800-1902
 
Член од
29 јуни 2009
Мислења
49
Поени од реакции
12
ОВА ИСПАДНА КАКО СО КОКОШКАТА И ЈАЈЦЕТО, ШТО Е ПОСТАРО.


ШТО Е ПОСТАРО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ИЛИ АЗБУКАТА?

ИМАМЕ НАЈСТАР ЈАЗИК ВО СВЕТОТ И КРАЈ.

А ПОСЛЕ Е АЗБУКАТА,ФИНЕСИТЕ.

 
Член од
29 јуни 2009
Мислења
49
Поени од реакции
12
КОПАМ БУНАР 24 МЕТРИ(24 КНИГИ) ДЛАБОК НАРЕЧЕН ХОМЕРОВА ИЛИЈАДА. ИСКОПАВ 4 МЕТРИ АМА НЕШТО СМРДЕШЕ. НЕКОЈ ПРЕД ТОА КОПАЛ( ГО ИЗМЕНИЛ ЗНАЧЕЊЕТО НА ЗБОРОТ.)
ПОЧНАВ ДА КОПАМ ПОВТОРНО ЗА ПОЛА МЕТРО ОТКРИВ ПРЕКУ 70 АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЗБОРОВИ.
ЌЕ КОПАМ ДОДЕКА МОЖАМ И ИМАМ СИЛА.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Дали го има некој овај текстот на Самуил од 993та,не на глаголица, туку напишан на разбирливо писмо, кирилица, латиница, стара кирилица ?
Ме интересира чисто јазикот.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дали го има некој овај текстот на Самуил од 993та,не на глаголица, туку напишан на разбирливо писмо, кирилица, латиница, стара кирилица ?
Ме интересира чисто јазикот.

Vo 1888 god vo seloto German,Dolna Prespa sega vo Republika Grcija pronajdena e nadgrobnata plo~a na Samuilovite roditeli, negoviot tatko Nikola-brsja~ki knez,majka mu Ripsimija i bratot David,a datira od 993 godina.Toa e eden od prvite pi{uvani spomenici na slovenski jazik. Momentalno se nao|a Vo Sofiskiot muzej, najverovatno prenesen vo viorot na vojnite.Od toj period na ostrovot Ahil vo maloto Prespansko ezero seu{te postoja ostatoci od Katedralnata crkva podignata od Samoil vo ~est na Sv.Ahil.

http://www.prespa.org.mk/nadgrobnata_plo.htm

Заебана работа, се' што им требало си земале, да не видиме.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
БУГАРСКИТЕ ТВРДЕЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ JАЗИК НЕМААТ НИКАКВА ЛОГИКА

Полскиот професор Влоѓимјеж Пјанка е автор на десетина авторски книги и околу стотина статии, речиси сите од потесна македонистичка област. Редовен професор е на Варшавскиот универзитет, пред тоа над 20 години на Универзитетот во Виена. Tој е првиот полски лектор на универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“. Редовен гостин е на Семинарот за македонски јазик, литература и култура што се одржува во Охрид. Омилен кај студентите, почитуван и ценет кај колегите, секогаш отворен и искрен во разговорите. Вљубеник во македонската народна музика и ора

Минатонеделната изјава на полскиот претседател Лех Качињски дека Македонија има непоколебливо право за името и дека Полска никогаш нема да ги прифати ставовите на Грција предизвика големо внимание во македонската јавност. Професоре Пjанка, дали тие изјави се дел од постојаната политика на Полска кон Македонија во однос на историјата и посебноста на народот?

- Веќе пет години живеам во Варшава, претходно 22 години живеев во Австрија, но ги следев работите во Полска и знам дека низ еден подолг период Полска го има истиот став спрема Македонија. Кога станува збор за името, никогаш не сум чул изјава дека тоа треба да се менува по барање на Грците. Тој став веќе петнаесет години е ист.

Што се однесува на Македонија, би сакал да кажам нешто за историјата. Во минатото, Македонија беше позната во Полска како земја од Турската Империја. Во полската литература од крајот на романтизмот има романи и за Бугарија и за Македонија, се разбира, внатрешни граници немало во тоа време и тешко можело да се определи за кој народ се зборува таму. Кога зборуваме за политичките работи, често сум имал можност да читам во полскиот печат за Илинденското востание и за тоа како се одвивало. Се пишувало со симпатии, но некогаш и со одредени критики. Меѓутоа, се информираше во 1904/05 година, можеби и понатаму, кога во тие години излегуваше еден неделен весник под наслов „Илустриран неделник“, во тоа време многу важен во интелектуалната средина во Варшава.

Но, да се навратиме на времето кога бев во Македонија, на настаните на кои сум очевидец.

Кога бевте во Македонија?

- Во Македонија дојдов во 1959 и останав до 1967 година.

Бевте лектор по полски јазик?

- Да, осум години. Бев во Скопје кога се случи и катастрофалниот земјотрес. Не сакам многу да говорам за тоа, но учествував во спасувањето на Речникот на македонскиот јазик на професорот Блаже Конески. Добив благодарница за тоа и многу ја ценам. Јас бев прв човек, Полјак, кој од Скопје со авион допатува во Полска. Се јавив со извештаи во нашето Министерство за високо образование и по неколку дена бев повикан во Министерството за надворешни работи, бидејќи во Полска не се знаеше каква помош и’ е потребна на Македонија. Разговарав со директорот на одделението за Европа и му укажав на тоа што е во прв ред најважно - испраќање помош која е потребна веднаш, ќебиња и слично, но и монтажни бараки. Една од тие колонии-бараки беше изградена кај каналот во Тафталиџе и постоеше до неодамна. Таа помош беше привремена. Потоа беше испратен инженерот Циборовски, кој беше испратен од ООН, и тој беше координатор во обновата на Скопје. Голема помош, исто така, даде и Јапонија, но и други полски инженери на чело со архитектот на Варшава, инженерот Јанковски. Јас во тоа време, исто така, бев таму.


Врските на Полска со Македонија се долгогодишни, повеќедецениски. Од каде тој интерес во Полска на седум универзитети да се изучува македонскиот јазик?

- Многу е важно тоа што прв лингвист во светот кој собрал материјали од македонски дијалекти првпат во светот беше Мјечислав Малецки, кој објави книга под наслов „Два македонски дијалекта - Сухо и Висока во Солунско“. Тој беше доцент на Јагјелонскиот универзитет од Краков и ги објави двете книшки во 1932 и 1934 година, значи уште пред војната. Го сторил тоа кога други научници во околината и светот сметале дека тоа се дијалекти на бугарскиот јазик, на српскиот јазик, а никој не кажал јасно дека станува збор за посебни, македонски дијалекти. Тој е починат во 1946 година, слушнав дека во првата година по војната држел предавања за македонскиот јазик, но тие биле по дијалектологија, зашто тогаш не бил усвоен ниту правописот, објавен подоцна. Се сеќавам како дете на посетата на Јосип Броз Тито во Полска. Тогаш оттаму пристигнаа некои книги во нашиот Варшавски универзитет. Од 1954 до 1959 година студирав чешки јазик, но и други јазици.

Кога имаше прослава на 150 години од постоењето на Варшавскиот универзитет, дојдоа ректори од десетици универзитети во светот, исто така, беше дојден и Блаже Конески. Тоа беше во 1957 година. Наредната година кај нас дојде и тогаш младиот доцент Божидар Видоески. Тој имаше едногодишна стипендија и кога јас бев студент на петта година, во последниот семестар тој ни држеше предавања по современ македонски јазик. Тоа беа први предавања на современ македонски јазик воопшто во Полска и ние, бидејќи знаевме малку српскохрватски јазик, го замоливме последното предавање да ни го одржи на македонски јазик. На тој начин тоа претставуваше прво предавање во Полска одржано на македонски јазик, во 1959 година.


Дали ова што го кажавте за Малецки значи дека установувањето на македонистиката во светот, всушност, била преку полски лингвист?

- Не можеме да оспоруваме и други работи, особено тие пишувани порано од други лингвисти во други земји, како што е Петар Скок и уште други. Тој беше познат лингвист и собрал опширни материјали од дијалектите и топонимијата од Македонија. Тој навел дека се од Македонија, но таму немаше термин македонски дијалект, македонска топо-нимија, така изразито како што беше тоа кај Малецки. Меѓутоа, во Полска првиот човек кој изразито има кажано дека тоа се македонски дијалекти беше токму Малецки. По војната кај нас немаше, всушност, никакви обиди да се смета дека македонскиот дијалект и македонскиот литературен јазик се вештачки творби. Во тоа време имаше обиди да се тврди дека македонскиот литературен јазик, всушност, е македонски дијалект на јазиците на други земји, кои биле во состав на други земји, како што велеа во Бугарија. Не само во Бугарија, бидејќи познатиот белградски професор Фериќ тврдеше дека македонските дијалекти се српски дијалекти. Се’ до својата смрт во 1956 година, тој на Белградскиот универзитет го предаваше тоа, значи во Југославија, кога НР Македонија беше во состав на тогашната југословенска федерација. Тврдењата на Малецки беа општопри-фатени во Полска од сите лингвисти. Во граматиката на мојот професор Зѓислав Штибер - „Споредбена граматика на словенските јазици“, македонскиот јазик го зазема истото место заедно со српскохрватскиот, рускиот, полскиот. Немаше ниту еден полски професор кој би рекол дека македонскиот јазик не постои.


Дали тогаш почнаа предавањата на македонски јазик во Полска?

- Не се предаваше македонски јазик, бидејќи немаше можност. Поради Информбирото се прекинаа односите. Во нашата библиотека имаше околу 50 книги подарени од југословенската амбасада и некои стари кои ги прегледав, не разбирајќи ги сосема, пред да заминам за Скопје. Кога заминав за Скопје, мислев тоа да биде на две години за да го научам јазикот, мислев дека ќе се вратам во Полска, но потоа решив да соберам материјали за мојата докторска дисертација. На неа работев неколку години и таа излезе на 500 печатени страници во 1970 година, под наслов „Топономастиката на охридско-преспанскиот базен“. Во тој труд има 7.500 имиња на 10.000 објекти, бидејќи некои од имињата се повторуваат.


Дали некој друг македонски лингвист го обработил тоа или Вие сте првиот?

- Тоа беше прва книга за македонската ономастика излезена во светот. Во Македонија дотогаш немаше излезено друга таква книга. Пред тоа имаше само една статија од Божидар Видоески за дијалектите и топонимите од тајмишката група во Кичевско. И тоа беше прв обработен материјал од Македонец. Потоа јас се вратив во Полска и тука напишав втора книга која, всушност, беше мојата хабилитација за доцент „Македонските лични имиња од котлината Азот“, од бившата општина Богомила. Собрав околу 13.000 луѓе чии имиња ги испишував од матичните книги, одев од куќа до куќа, исто така сум одел да ги запишам живите луѓе, како се викаат нивните имиња, глаголските форми и презимињата.

Посебно за презимињата напишав 80 страници за едно списание, за тоа како настануваат македонските презимиња и како се преобразувале по Втората светска војна. Можеби помладите луѓе во Македонија не знаат дека македонските презимиња според формата се македонски, но според начинот на употреба турски, бидејќи основното име е по дедото, а тоа не е словенско. Од 1913 година сите имиња што сум ги видел во матичните книги, препишани од црковните книги, сите до едно завршуваат на -овиќ, -евиќ, -иќ во српска форма. Јасно, не било дозволено да се употреби македонска форма. Потоа, доаѓаат Бугарите во Азот и сите презимиња завршуваат на -ов, -ев и нема ништо друго. По 1945 година има презимиња и на -ов и -ев, но огромниот број завршуваат на -овски и -евски, што се гледа од Речникот на македонските презимиња во редакција на Трајко Стаматоски, издаден неодамна во три тома.

Сега повторно пишувам за македонските презимиња. Статијата носи наслов „Македонските презимиња како фактор за идентитетот на македонскиот народ“.


Меѓутоа, и самите Бугари имаат различни мислења. Некои навистина признаваат дека постои македонски јазик. Други, пак, сакаат да бидат политички коректни, можеби мислат, ама не изјавуваат дека има македонски јазик. Но, има и такви професори што велат дека нема никаков македонски јазик. Како лингвисти бараме да ни покажат докази. Тие одговараат, тоа не е важно. А што е важно? Кога зборуваме за јазик, треба да укажеме на структурата на јазикот, дали се разликува или не, дали е ист јазик или не. На моето прашање за посебноста на македонскиот јазик тие ми одговараат: „Ние го чувствуваме духот на јазикот, тоа е истиот дух што го имаат луѓето во Македонија и кај нас“. Со духовите не сакам да се занимавам. Јас сум научник, сакам докази. Јас докажувам дека тоа се два различни јазика.


Која е посебноста на македонскиот јазик?

- Што е тоа што е единствено македонско. Нагласив дека секој јазик има еден фонд на зборови што не се совпаѓаат со друг литературен јазик. Има многу зборови во најблиските јазици, како што се македонскиот и бугарскиот, како што се чешкиот и словачкиот, српскиот и хрватскиот, како и двата лужички јазици.

Македонскиот јазик за основа го има централното наречје, а бугарскиот североисточното наречје, а тоа се илјадници километри и различни дијалекти. Говорот на Софија и говорот на Скопје се поблиски од литературните јазици, говорот на Ниш, исто така. Но, друго е разговорната, дијалектната форма, а друго се литературните јазици. Што е она што е типично македонско, бидејќи јас се занимавам со споредбена граматика на словенските јазици.

Тројниот член што го има во македонскиот јазик никаде го нема, само во еден дел од родопските говори и тоа во друга форма.

Второ,удвоениот објект во некои бугарски дијалекти може да се слушне, но, сепак, тоа е одлика на македонскиот литературен јазик.

И трето, минатите времиња со глаголската форма „има“. Тие, исто така, дијалектно можат да се слушнат во Бугарија, но во цела Македонија тие се нашироко познати, како и во повеќето македонски дијалекти. Тие се трите главни одлики на македонскиот јазик. И сите тие се среќаваат единствено во македонскиот јазик, ниту во еден друг словенски јазик ги нема!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Која е спецификата на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици и дали конечно се разбиени сите магли што ги пуштаат Бугарите дека македонскиот јазик не е посебен?


- Има некои чудни луѓе. Во Полска знам само еден човек, автор на еден етимолошки речник, кој настапува со чудни теории и кој и во 2000 година зборуваше за постоење на српскохрватскиот јазик, за него нема српски, хрватски и босански јазик, за него има бугарски и дури македонско-бугарски јазик. Но, излезе тоа што излезе, толку години поминаа и нема ништо ново, бидејќи има општа критика на ставовите на овој човек во Полска.

Во Бугарија нешто се менува, сепак. Официјално се потпишуваат документи на двата јазика, иако на почетокот имаше некои спорови околу тоа. Бугарските професори имаат различни мислења. Особено кај постарите има тврдење кое беше единствено можно во Народна Република Бугарија, т.е. дека постои еден бугарски јазик со три варијанти: едната се употребувала во НР Бугарија, втората во СР Македонија, а третата во Романија, каде што живеат 20-30 илјади Бугари. Тој став се менуваше, бидејќи сите Македонци знаат за годините кога беше жив Ѓорѓи Димитров до 1948 година, кога македонскиот јазик се предавал во Пиринска Македонија, па потоа до 1962 година некако можело да се зборува и за македонски јазик во Бугарија. Меѓутоа, запленета била граматиката на бугарскиот јазик на еден професор само затоа што тој напишал таму без наводници македонски јазик.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499










Ова мора да болеше некого...... веќе мирисам смрдеа од исток..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499



Unaffiliated - Macedonian

*изумрени или постарата фаза на еден современ јазик


Во групата на Балто-Словенски

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Јазикот на Светите Браќа Кирил и Методиј е сосема различен од т.н. Црковно-Словенски Јазик! Тоа лесно може да се види од читањето на најраните писанија и оние од подоцнежниот, поблизок период. Тој јазик е на Македонците од тоа време, според сите, Солунскиот дијалект,наречје!!!

Нормално,секој ќе каже, јазикот еволуирал.
Точно, ама и неточно.

Јазикот од нивното време секако дека евоуирал.
Меѓутоа, црковно-словенскиот јазик е нешто сосема друго.
Тој е од 17 век, од црковните книги носени од Русија, бидејќи на Балканов, посебно во овој дел, не постоела можност за печатење книги, а веројатно и поради вмешувањето на Русија на политички план на Балканот.

Писмото: nа Глаголица и Кирилца беа пишувани СИТЕ КНИГИ!
Меѓутоа, секоја рака не пишувала исто, некој додавал, одземал, па така настанале и варијантите на тие писма (редакција-Руска, Хрватска, Бугарска).

Меѓутоа, во тој 17 век, Петар Велики заповедал да во Писмото се истанчат малку буквите,и да заличат малку на латиницата.
Притоа и некои букви биле видоизменети, пример а, в.....
Тоа се нарекува граѓанска азбука.
Таа е за нецрковните книги, за црковните, пак по старо.

Тоа е црквено-славјанската азбука,која се користи и ден денес.
Со неа пишувале и Крчовски и Пејчиновиќ.

Затоа и Богослужните Книги се толку слични во Православието.
Имаат ист, скорешен извор -- Русите -- кои патем, последни се покрстија, 1000 години по Македонците.
Но Царската била голема....

Оттука следи уште една работа. Папагалското повторување на блгарите дека сме пишувале на блгарски, со блгарски букви. На блгарите ова сосема им е јасно, ама не е добро за пропагандата и целите. На многумина наши,сеуште не им е јасно. Се занесуваат по пан-славизмот,ете тоа било нишката која не поврзувала....

P.S. Црковно-словенскиот, правилно би требало да се вика руско црковен или црковно руски јазик. 3атоа и многупати велам, средновекновниот македонски (оној народниот де) јазик е едно, црковно-македонскиот е друго (оној на кој пишувале Свештените, кој е народен, но со изрази од оној што следи), а чисто Црковниот е трето-руското издание!

Јазикот на Кирила и Методија е сочуван во неколку старославјански документи — евангелија и други црквени книги, препишани во крајот на X век или почетокот на XI век. Тие денеска се чуваат во разни големи светски библиотеки: во Москва, Ленинград, Киев, Рим итн.

Руското мешање не е чудно,Цариградската Патријаршија нон-стоп се мешаше и тоа со векови,па дури и ја укина (со Султанот барабар) Охридската Архиепископија. Од тоа мешање,произлезе пишувањето со грчка Азбука, а на народен говор, на даскалот аџи Данаил, на Солунското евангелие од Македонецот од Воденско Кирил Дражилович,„Зборникот" на народни песни на Миладиновци бил напишан со грчки букви, а по советот на Штросмајер препишан на кирилски.
Уште еден фантастичен пост на анавено!

Штета што не е тука да ја искоментира Британика:


Old Church Slavonic language

also called Old Church Slavic

Slavic language based primarily on the Macedonian (South Slavic) dialects around Thessalonica (Thessaloníki). It was used in the 9th century by the missionaries Saints Cyril and Methodius, who were natives of Thessalonica, for preaching to the Moravian Slavs and for translating the Bible into Slavic.

Old Church Slavonic was the first Slavic literary language and was written in two alphabets known as Glagolitic and Cyrillic (the invention of Glagolitic has been ascribed to St. Cyril). Old Church Slavonic was readily adopted in other Slavic regions, where, with local modifications, it remained the religious and literary language of Orthodox Slavs throughout the Middle Ages.

The language as it appeared after the 12th century in its various local forms is known as Church Slavonic; this language has continued as a liturgical language into modern times. It continued to be written by the Serbs and Bulgarians until the 19th century and had significant influence on the modern Slavic languages, especially on the Russian literary language that grew out of a compromise style incorporating many Church Slavonic elements into the native Russian vernacular.


http://www.britannica.com/EBchecked/topic/426841/Old-Church-Slavonic-language



.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom