Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Две имам ..

1. Дали одлуката на министерот Тодоров за задолжителна работна пракса од 30 дена на студентите, падна на Уставен .. Илии допрва ќе ја вадат ??

2. Кажете ми неколку наслови на книги, од современа литература ?
 
економски , филолошки , полициска академија што според вас е најдобро ? :/

Економисти има превише.
Филолошки никад не сум го сакал.
Полициска Академија ако имаш татко,мајка,вујко, чичко или комшија во некое Министерство па да ти средат работа.

Imam zakasneto uplata na semestar na zamjodelski fakultet za eden cel semestar dali ke mi primat parite imam site potpisi pozz

Мислам дека би требало да примат.
Сигурно ќе биде со казна... помала од 500 денари не би требала да биде казната.
 
Две имам ..

1. Дали одлуката на министерот Тодоров за задолжителна работна пракса од 30 дена на студентите, падна на Уставен .. Илии допрва ќе ја вадат ??

2. Кажете ми неколку наслови на книги, од современа литература ?

За првата точка, нема ништо, еве и гугл вади стари вести, ниту паднало ниту се реализирало. Рипнаа ќе прават нешто, а не размислуваат дали во пракса праксата е возможна.
 
Имам Правопис на македонскиот литературен јазик (VII издание) од 1984 година, добар е овој или поново издание да си барам?
 
Мислам дека МОРАШ да бараш нов. Што се не измислиле од тогаш:toe:
 
Абе дечки, да не знае некој „одприлике“ колку би чинело да заверам диплома за завршено високо образование кај чичко Нотар?

Мислам дека исто ко и друг документ кој е 150 денари. И да е повеќе, мислам дека ќе ти земе 200 и нешто. Ја имам заверувано уверенија за завршено образование и ми имаат земено 150 денари ама пак тоа не е диплома знам. Мислам дека нема повеќе од пишаното, ама прашај си.
 
Има некој тука што е упатен во тоа како иде постапката за запишување на втор факултет?
 
Прашање

Значи не бев сигурен каде да пишам во врска со ова па се одлучив овде.
4та година средно сум и сега завршувам.Планирам да се запишам на факултет за информатика(на пмф или на електро) но избрав екстерни македонски и англиски а интерни информатика и филозофија.На официјалната страна на факултетот пишува дека мора да полагам екстерен информатика....значи ли тоа дека немам шанса да се запишам таму затоа што веќе и да сакам ми рекоа дека неможам да го сменам екстерниот од англиски во информатика.Имам просек 5.00 сите години во средно.
:uvo: Ве молам некој нека одговори ако знае :D
 
- Лани јас бев матурант и кај нас ги имаше истите муабети околу важноста на предметите кои се полагаат, со факултетите. Сите исположивме и не слушнав за ниту еден дека бил одбиен или му одзеле поени поради неадекватен предмет кои го полагал на матура. Предметите кои што ти си ги избрал се океј за информатички фак. и мислам дека не би имал проблеми. Јас ќе ти кажам дека кај мене на економски фак. се запишаа некои кои полагаа на пр. географија, извадија 5ки и на никој од нив поенче не им скратија. Така да од мене имаш совет да не се замараш и оптеретуваш многу со тоа што предмети си избрал, фати си ја ти само книгата и со што е можно повеќе поени аплицирај си на факултетот. Btw прв пат сега читам дека имало информатика ЕКСТЕРЕН .. Ова од годинава е изгледа, лани мислам дека имаше само интерен информатика.
 
Мислев на екстерен математика не информатика. Едни ми кажуваат дека немало шанси да се запишам на прв уписен ако не полага минформатика други дека нема проблем ...незнам.

--- надополнето ---

А да не знае некој случајно до кога и дали може да се менува екстеерниот предмет кој што си го избрал на пријавата?
 
Сакам да прашам нешто па валјда тука ќе ми одговори некој, одев на факултет како редовен студент и во 3 година откако заверив зимски семестар по некое време го напуштив поради здравствени причини. значи не сум отпишан едноставно престанав да одам. е сега прашањето ми е дали можам да го продолжам вонредно?
 
Зависи од тоа дали факултетот има програма за вонредно студирање.

Ако нема, ќе се вратиш на редовно студирање.
 
Има програма за вонредно само нели за вонредно студирање треба да се биде вработен или во брак, е се пошто јас не сум во ниедно од нив дали ќе може да продолжам вонредно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom