Професорот кој не ги признава Македонците, стана член на МАНУ

H

HITCH

Гостин
МАНУ?! Што е тоа? Ааааааа тоа се оние дедовците и бабите кои спијат наместо да работат. Мене не ме вознемирува јас и онака нив ич не ги почитувам и чекам да се најде некој јунак да ги дигне во водух толку од мене на оваа тема не заслужуваат мое внимание. За ниту една работа која е од национален интерес не се ангажираа. Тоа се најголемите предавници кои ги родила оваа земја!!!
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Па ако се се сведува на Мирка новинарката и нејзината „манија гонења“, тогаш добро дошле во светот на Милошевиќ, каде цел свет ни е непријател, и ние сме цел на врвна светска Конспирација..
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Оди прочитај ја целта статија во темата се споменува ,бранк,бранко бранко чекај и бранко во некаов таен заговор
Од блогот за него пишува дека е генијален
од австралијан тајмс мислам дка таа статија е превземена од вечер или нова македонија каде адижес е дел од некаков пак заговор кој е поврзан со црвенковски

Иначе ваков таков не можеш да речеш за човек кој е почитуван надвор како добар економист да кажеш дека ни се тупнал таквите ги молат во цел свет да стапнат во нивниот универзитет барем еднаш ...

моожеме да гатаме на гравчиња каде и што како били која фнкција ја вршел овде адижес
Бидејќи нашава влада не ретко знае за еда иста работа да даде 100 различни изјави така да :pipi:
Хехе. И Хитлер бил почитуван па не значи дека јас треба да го ценам. Како и да е типот е сомнителен. Плус е и од еврејското лоби, кое добро се има углавено во РМ.
Види го само она зданието што го прават на местото на поранешна автобуска во Скопје. Официјална информација е дека такво нешто има само во Ерусалим, Њујорк и Брисел. Така што тие имаат некој план за нас (иако мразам теории на заговор). Дали тоа ќе ни се допаѓа не сум баш сигурен...

Пишува дека го советувал Бране во првиот мандат,дали тоа значи дека ова е човекот кој го предложи моделот на приватизација?
Пак немам појма. Ако е вистина, тогаш ете уште еден пример зошто не ми се допаѓа
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Многу интересно околу овој случај, ако човекот е најбараниот академик на светот, тогаш како каков академик е примен во МАНУ,
како човек специјалист по економија или како човек специјалист за тајни мисии за промена на име.
Ако е за првото, тогаш ајде нека го, да видиме што специјалист по екомомија е, а ако е за второто тогаш врз основа на што сите академии во светот го посакувале. Дали и тие имале проблеми со нивните имиња?:uvo:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Па ако се се сведува на Мирка новинарката и нејзината „манија гонења“, тогаш добро дошле во светот на Милошевиќ, каде цел свет ни е непријател, и ние сме цел на врвна светска Конспирација..
Ако добро се сеќавам, може не цел ама пола свет се собра за да бомбардира една релативно мала земја на Балканот-Србија, а истото ни го прават и нас ама од политичка гледна точка.
 
O

Out Boy

Гостин
Тоа дека не знаеме кои сме, во право е човекот. Скоро 40% од Македонците да мислат дека немаме ништо заедничко со (Старо)Македонците, е чиста игноранција.

Па и еднооки не закопа на времето: „Ние сме Словени доселени во 6 век. Немаме ништо заедничко со Античките Македонци“ :aplauz: Стварно не знаеме кои сме!
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
МАНУ?! Што е тоа? Ааааааа тоа се оние дедовците и бабите кои спијат наместо да работат. Мене не ме вознемирува јас и онака нив ич не ги почитувам и чекам да се најде некој јунак да ги дигне во водух толку од мене на оваа тема не заслужуваат мое внимание. За ниту една работа која е од национален интерес не се ангажираа. Тоа се најголемите предавници кои ги родила оваа земја!!!
Како и да е тоа е Македонска Академија на Науките и Уметностите. Малку RESPECT. Едно од ретките работи кои останаа со МАКЕДОНСКА напред...

Ако добро се сеќавам, може не цел ама пола свет се собра за да бомбардира една релативно мала земја на Балканот-Србија, а истото ни го прават и нас ама од политичка гледна точка.
Кај нас има и поефективни методи од осиромашен ураниум. Осиромашени мозоци....

Тоа дека не знаеме кои сме, во право е човекот. Скоро 40% од Македонците да мислат дека немаме ништо заедничко со (Старо)Македонците, е чиста игноранција.

Па и еднооки не закопа на времето: „Ние сме Словени доселени во 6 век. Немаме ништо заедничко со Античките Македонци“ :aplauz: Стварно не знаеме кои сме!
Имаме и таква една песна - Народе Македонски....
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Тоа дека не знаеме кои сме, во право е човекот. Скоро 40% од Македонците да мислат дека немаме ништо заедничко со (Старо)Македонците, е чиста игноранција.

Па и еднооки не закопа на времето: „Ние сме Словени доселени во 6 век. Немаме ништо заедничко со Античките Македонци“ :aplauz: Стварно не знаеме кои сме!
Не треба така да се суди.Кај нас се случува еден процес попрво би го нарекол преиспитување и тоа се случувало кај сите балкански и други земји.Ние знаеме кој сме се разбира но прашањето се отвори дали и колку сме наследници на старите Македонци.Бидејки сепак ова беше табу тема во времето на минатиот систем каде тогашната историска фела под партиско влијание не чепкаше по овие теми.Затоа сега во општестевена јавност поактивно се разгледува ова прашање.Проблемот е што сами се пробламатизираме имаш најсилна опозициска партија кој не дозволува да се случи тоа препрочитување процес кој е нормален бидејки во науката нема дефинитивни вистини.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Ако добро се сеќавам, може не цел ама пола свет се собра за да бомбардира една релативно мала земја на Балканот-Србија, а истото ни го прават и нас ама од политичка гледна точка.
да не забегуваме во ОФ ТОПИК, ама лошото (аматерското)менаџирање со криза ја доведе србија до тој степен.

Муабетов овде ми е, како што и нагласив и погоре.. едини извор на информации е статија од Нова Македнија и Мирка со нејзините конспиративни теории.. Нема докази, се се само претпоставки..

две работи се сигурни:

1. типот е од светски калибар, и бил долго дел од нашиот Владин менаџмент, (дали само од економски аспект е прашање сега). Неможе никој да изигрува тука невини Петко.
2. Информациите за неговаа конспоративност доаѓаат од два многу сомнителни извори, Грчка АЛФА, и Мирка како новинарка.

Има и други прашања, на пример во кој тоа контекс тој ја дал таа изјава за Алфа. И што навистина пишува во неговата книга - автобиографија. Не е човек за потценување - би рекол.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ABC????...ABC???...а бе имаше овде еден ABC...со тоа хазарскиот мојсеј2 проект?????
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
кандал: Таен проект на Бранко Црвенковски Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи


Автор: Мирка Велиновска
Претседателот на државава, Бранко Црвенковски, уште пред самитот на НАТО во Букурешт обелодени дека се залага Македонија да го промени своето име. Но, забуната произлегуваше од нејасната позиција на неговата партија, која во истиот период го обвинуваше премиерот Никола Груевски за лицемерство зашто тој наводно се согласил да го „продаде“ името, а го криел тој податок. По Букурешт, ставот на Црвенковски и оној на СДСМ ескалираа до таму што доминантно место во дебатата доби македонскиот идентитет. Необјасниво дури, Црвенковски јавно побара некој да му даде гаранции за зачувување на етничкиот идентитет на народот на кој не му се почитува правото на себеидентификација. Но, сите недоумици што произлегуваат од радикалните промени на позициите на овој политичар во врска со македонско-грчкиот проблем, завршија мината недела.

Исак Адижас, професор од САД по менаџмент и организација, минатата недела дојде во Македонија спонзориран од Светозар Јаневски (познат како Свето Пивара) за да одржи предавање на темата „Како да се управува со фирма во кризни периоди“. Но, тоа предавање очигледно било покритие за главната цел на посетата.

Адижас всушност имаше тајна дипломатско-политичка мисија сврзана со името на државата. Овој наш сограѓанин од 2007 година стана медијатор во тајните преговори помеѓу Бранко Црвенковски и Дора Бакојани. Имено, Исак Адижас бил детално информиран од лидерот на СДСМ дека спорот со Грција досега ќе бил завршен ако Никола Груевски го прифател последниот предлог на Нимиц. Предлогот бил „Северна Македонија“, а Груевски го одбил со молчење. Црвенковски експлицитно го прифатил. Тој на професорот по менаџмент и организација му ја елаборирал својата политичка платформа за евроатлантско интегрирање на Македонија, со која гостинот сосема се согласил и дури со одушевување ја прифатил.

Бранков пакет

Пакетот на претседателот на Македонија е следниов: со прифаќањето ново име, државата да доживее уште една нужна уставна трансформација. Црвенковски од унитарна ќе ја трансформира сега веќе бившата Македонија во „Унија на народи“. Во таа нова држава со ново име за севкупна употреба, во наредната и последна фаза, бившите Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодатите од приемот во НАТО, треба мирно да прифатат свое преименување, кое ќе произлезе од согласноста да го прифатиме грчкиот услов за целосна деноминација. Професорот Адижас, инаку близок пријател на фамилијата на Бакојани, бил информиран од Црвенковски и за тактиката што овој ќе ја примени за да го реализира својот конспириран стратегиски проект. Оваа есен ќе организирал големи, перманентни и сенародни протести поради економската политика на Владата. Според исказот на Адижас, Црвенковски бил уверен дека поради народниот притисок, Груевски ќе биде принуден да поднесе оставка, по што лидерот на СДСМ, нормално, како осведочен државотворец, пак ќе ја спасува Македонија. Убеден дека ова сценарио е остварливо, добро и единствено рационално, Исак Адижас замина за Израел, нормално, преку Атина, за да и ги пренесе на Бакојани добрите вести.

Американскиот експерт за кризен менаџмент во претпријатијата добил уверување дека Црвенковски веќе ги придобил на своја страна интелектуалците и медиумите, па се чека само старт на кампањата за отстранување на тврдоглавиот премиер.

СДСМ е промотор на Ванчо Михајлов

Како што е добро познато, Бранко Црвенковски е посветен европски демократ, кој исклучително држи до западните вредности. Оттаму, по малку збунува фактот дека својата платформа за евроатлантска „Северна Македонија“ што го одушевила професорот Адижас, љубоморно ја чува во приватен сеф, ја држи во длабока илегала дури и од своите поклоници и следбеници. Кога веќе е оценета како добра и перспективна, зарем не беше време проектот на Ванчо Михајлов познат како „Швајцарија на Балканите“ да го претстави и тестира веќе на овие избори, наместо што неговата партија пак излегува на избори со демагогија, а неговиот кандидат за претседател ветува дека „ќе ја спасува мајка Македонија“. Зошто одбегнува да ја промовира оваа политичка платформа, односно програма, како што е ред - на избори? И зошто избира нестандардни, неевропски методи да дојде на власт преку „револуции“ кога може да побара регуларна поддршка од своите сограѓани? Можно е тој сепак да знае дека Македонците никогаш не би прифатиле таков непристоен политички пакет. На избори неговиот план би доживеал второ историско фијаско. Обелоденување на Платформата за трансформација на Македонија во „Унија на народи“, односно, конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, би ги избришало Македонците како ентитет, радикално би го затворило македонското прашање, а тоа никој нормален не би го прифатил. Згора на сè, „Проектот на Црвенковски“ е само политички римејк на оригиналот на Ванчо Михајлов за преуредување на Македонија во кантонална заедница на народи (нормално, без Македонци), а тој факт не сака да го обелодени, зашто СДСМ декларативно е наследник на некогашната КПМ, која, пак, имаше сосема друга национална програма со која победи во Втората светска војна. Кога би го легитимирал своето вистинско политичко кредо, би ги загубил следбениците што гласаат за СДСМ врз основа на идеолошките предрасуди дека новата ВМРО-ДПМНЕ е наследник на „десното кољачко и предавничко крило на историската ВМРО“ (изјава на Црвенковски на предизборниот митинг во Штип, 1996 година).

Македонците не знаеле кои се

Затоа тој се одлучил за политичка мимикрија, за етапно деноминирање и исчезнување на Македонија. Според професорот Адижас, остварувањето на последната фаза на оваа платформа ќе оди полесно зашто рамковниот договор ефектно го отворил патот до смртта на Македонија. Имено, Македонија е веќе уставно дефинирана како заедница на народи, што е потврдено и практично со територијалната поделба, а Албанците не било тешко да се стимулираат да инсистираат на што поголема независност од централната власт. Од друга страна, „Македонците сè уште не знаат кои се и што се, па многу лесно ќе прифатат нов идентитет, по децении економска беда, а во услови на економска благосостојба што ќе следува со приемот во НАТО“.

Планот „Б“ на Бранко Црвенковски за преземање на власта преку „црна контрареволуција“ по заминувањето на Адижас за Израел веќе е на работната маса на Дора Бакојани. За него, нема сомневање, преку директните средби со Црвенковски (во четири очи) се известени и европските бирократски структури. Врз Македонија деновиве почна да се врши оркестриран економски притисок. Ни стигнуваат гости - економски снајперисти со вести дека ЕУ нема да ги финансира македонските проекти. Овојпат, во пресрет на изборите, не ни курдисуваат часовници, но нè плашат со економска изолација. Како дел од осмислениот проект, и Црвенковски го активира својот економски совет. Владе Милчин, како познат логистичар на проектите на СДСМ и на својот газда Сорос, почна да организира трибини со економска тематика, а „експертите“ како навиени ги елаборираат своите економски теории за црната економска перспектива на државата надвор од ЕУ. Го советуваат Груевски да му се обрати за помош на ММФ, иако источноевропските држави го заобиколуваат во голем круг, чувствувајќи политички поттекст во економските пакети.

Се чека само септември.




Човекот што вели дека Македонците не знаат кои се, сака во МАНУ

Исак Адижас добил ветување од Бранко Црвенковски дека за својот перманентен ангажман во Македонија, за своите консултантски услуги, за кои ние не знаеме ништо, ќе биде награден и со статус на академик. Во МАНУ е во тек постапката за неговиот прием. Предлогот го дало Одделението за општествени науки, раководено од академикот Иван Катарџиев, историчар и член на СДСМ, иако тесната специјалност на Адижас е менаџмент во економијата. Оттука претпоставуваме дека евентуалното членство во МАНУ е мала награда за неговиот политички илегален ангажман.

Професорот Адижас на 13 март 2007 година добил и македонско државјанство. Му го врачил лично премиерот Никола Груевски. Во своето експертско си-ви, Адижас се претставува како советник на премиерот. Од кабинетот на премиерот изјавуваат дека овој човек никогаш не му бил советник на Груевски. Овие податоци, во контекстот на вистинскиот ангажман на Адижас во Македонија, нè тераат да се запрашаме дали воопшто имаме институции што се грижат за безбедноста на државата, што работат тие и дали воопшто имаат капацитет да ја штитат државата и нашите национални интереси. Се чини дека со ваков Уставен суд, МАНУ, ДБК и Агенција за разузнавање, во Македонија е нормално политиката да им е препуштена на „академици“ од рангот на Кољо Дијамантот, Васко Глигоров, Гидеон Сандел и Исак Адижас.




Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Тој состанок, на кој е разговарано за серија предлози на гостинот од САД, Груевски експресно го напуштил со зборовите дека „не слушнал ништо ново“. Минатата недела, пак, финансиерот на минитурнејата низ „Западен Балкан“ на експертов за менаџмент, не издејствувал и негова средба со Груевски.




Фрчкоски од Прилеп ја најави Унијата

Ако не влеземе во НАТО и ЕУ, следниот чекор на Албанците во Македонија ќе биде барање за основање кантони. Ова на завчерашниот митинг на СДСМ веќе го најави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.
izvor http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=332&ArticleID=19422


inaku vo privatna poseta na isak

Исак Адижес во Семос
14.03.2007
На 13.03.2007 Господинот Исак Адижес беше во неколкучасовна посета на Семос. На оваа средба се разгледуваа начините за подобрување на организациската структура на Семос.
Адижес е познат како еден од водечките светски менаџери за организациски работи и промени. Тој е основач и директор на институтот „Адижес“ во Калифорнија, САД, специјализирана организација за управување со промени.
Исак Адижес бил советник на „Кока-кола“, авионскиот гигант „Норторп“, „Бенк оф Америка“, вториот по големина синџир пицерии „Доминос пица“ и други.

semos cija firma bese?

p.s. velinovska e zakon btw....unapred elaborira potezi.simnuvam kapa
 
M

marsovka

Гостин
ајде да прашаме пак
вие нова лајнарија го сметате за весниК?
со оглед дека има украдено статија од кајган и испечатено како своја а таа статија беше првоаприлска шега ?
Мислам сериозно?
Или само ви треба некоја шкрабаница во некој шкљ весник која се поклопува со вашите параноично-шизофрени гледишта на политиката каде има на секој чекор заговори ?
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
marsovke, zadrzise na toa so go napisala mirka...uste poodamna i gledaj sega dali toa ne se ostvaruva.

inaku nova makedonija momentalno e nnajdobro pecateno dnevno izdanie
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Бане уште е претседник ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom