Се скаравме.По не знам кој пат неделава.Караницата почна со некојси глупости.Си легна порано,затоа што утре треба да одиш на школо,и плус твоите какаа за прекумерно седење пред комп.Пред неколку саата ми стигна порака од тебе:Или смени се,или е крај засекогаш.Во мојата повратна порака пишав дека одговорот ке те чека утре на мсн штом ке се вклучиш.Се осетив како да сакам да го поделам тој одговор со Кајгана,и еве го во целост:
Вечерва,во целава кавга се трудев во повеќето сфери да се однесувам како тебе во кавгата,приметувам дека и ти проба да ја завземеш мојата улога,и се надевам сфати дека се чувствувам и јаС како гомно кога се караме
Прости ако помисли дека се понашав безобразно,но размисли,тоа е веќе твој стил
По прашањето КРАЈ ЗАСЕКОГАШ,наместо моето прашање дали ме сакаш вистински да го сфатиш како навреда,сфати го како ПРАШАЊЕ ОД КОЕ ЗАВИСИ НАШАТА ВРСКА
прашај се себе си и своето срце,не те обвинувам,сите ние сме израснале во место во кое убавината на вистинската љубов е намалена на 1000 пати,но лошото е тоа што никој не успеа пак да ја врати во нормала,затоа те молам не слушај туѓи совети дека врска со караници,па колку и да се чести не може да опстои =)
Прееска ме праша што е смешно,кога се насмеав на мсн,се прашуваш од каде ми е сета таа сила да се смеам дури и кога се караме?
не е дека не ме боли,но луѓето меѓу кои си и ти се водат по тезата Љубовта колку е и убава толку и боли,а јаС пак по обратната,колку боли толку е и убава
Вие знаете сите убави моменти да ги засените во една кавга,јаС знам сите кавги да ги засенам со еден бакнеж или една прегратка со тебе,доволно ми е тоа
Поентата е мило,јаС не наоѓам сила да се смеам од љубовта што ја добивам од тебе,јаС не сум исполнет од таа љубов
јаС сум исполнет со љуБовта која јаС ја осеќам за тебе,и сите оние убави моменти,од таму наоѓам сила да се смеам дури и кога ми е тешко,ги лечам раните од кавгите со убавите моменти пројдени со тебе сиве овие ...па скоро 6 месеци =)
За тоа дали ке се сменам ке ти одговорам,можеби,но не по моја волја,туку ке ме смени љубовта понатака,зошто јаС со сила и одеднаш не можам,џабе ке ги потиснувам
Затоа и ти реков дека со времето ке научиме да се сфатиме
Ти си сеуште смислата во која го наоѓам лекот за се,ако си отидеш ти,ке остане илузија од тебе,илузија исполнета со позитивна енергија и харизма од она девојче што толку многу го сакам,и ке ја сакам илузијата,друго не ми треба =)
Научи да уживаш,живеј ги убавите моменти,затоа што еднаш се живее,и еднаш се сака вистински,ако можеби не сум јаС вистинскиот,твојот пат е слободен кон оној што ке биде тоа што не сум јаС,а ги има многу,затоа што никогаш нема да имаш некој како мене,колку и да сум добар,лош,убав,грд,чуден,глупав,паметен,што и да е
Твој е последниот збор,откако ти одговорив на прашањето,што и да кажеш,ке те разберам,но те молам,дозволи ми да те сакам
П.С.Знам дека филозофирам многу х) не знам колку е тоа добро или лошо,но се надевам овој мој реферат ке допре до твоето срце и ке ти даде до знаење дека ТЕ САКАМ,ТЕ ЦЕНАМ и МИ ЗНАЧИШ!
Ова е мојот одговор.Се надевам дека сум разбран,и се надевам,дека онаа љубов што ја чувствуваш за мене е вистинска како што викаш.Те сакам.