Отровање
Две недели сон не не фаќаше од очекување. И, кога дојде денот, косовскиот претседател Сејдиу не дојде. Ја откажа посетата, затоа што немало тотална процедура: гардисти во строј, авиони во низок лет, химни на државите...
Не можевме да веруваме дека така безосеќајно Сејдиу не фрли во очај.
Косовските интелектуалци и демократи, а такви има барем милион, ни порачаа дека со нивниот претседател нема заебанции. Ако му било до шетање низ Скопје, ќе дошол во сабота на шопинг, како и други Косовари. И, во право се.
Јас во сабота и недела не одам во Рамстор. Има толку вооружени Косовари таму, што знам дека некаде, преправен, се шета Сејдиу. А вооружениве му се, си мислам јас, гарант обезбедување. Такви шетаа и кога ги фатија вооружените Косовари, што пукаа кај Про кредит банка. Едниот го фатија баш до Рамстор, а другиот кај Цементара. Вториов бил навлечен на бело, па залутал.
Во право е Сејдиу. Ама, го разбирам и нашиов, Ѓоле Иванов.
Сакал да направи атер, тотална процедура, но не било изводливо.
Планирал да построи гарда. Но, не знаел колку од албанските државни знамиња да накити на јарбол. Познато е, Албанците имаат повеќе држави. А мора да се пази и на етнички баланс. Не иде, со построени комити, да чекаш шеф на територија од која си доживеал воен пораз, и насилна промена на Устав.
Сакал Иванов да построи дваеспет посто Албанци, и остаток наши, ама Албанциве сакале косовскиот шеф да го дочекаат во свои, униформи на УЧК. Не во комитски одела. Не одело. Официјлано, УЧК е распуштена. И цивилизирана.
Оделе на алтернатива. Да ги земат Љубе и Бучко, кои како шефови на полиција и војска лично, и херојски, ја загубија војната со УЧК, и наместо Гарда тие да му бацат рака на Сејдиу, во замена за пречекот.
Љубе и Буч, како профитен патриотски чин, тоа го прифатиле сместа.
Плус, Љубе сакал да му возврати на Рамуш Харадинај што со свој авторитет, од Приштина, го спасуваше Љубе од пресуда пред Хашкиот трибунал.
Кабинетот на Сејдиу одбил. Демонстративно. Прво, тие се луѓе кои се гонат по судови за криминал. А Љубе го одбил и затоа што, за сопствен ќар, мести и продава пријатели. Доказ му било што во Хаг го продал Јохан Тарчуловски. А после Хаг, и Никола Груевски...
И така... пропаднала и алтернативата.
Им паднало на ум на нашиве да му организираат митинг, слет како на Тито своевремено. На Сејдиу, особено на неговите - како бивши Титови генерали и ленинисти-комунисти, отпрвин им било прифатливо. Им личело на големите, славни денови од времето на Енвер Хоџа. Оној тип од Тирана, заради кој во Македонија, со децении, толку често ни се дигаше притисок, што не се доаѓаше на ред за мерење притисок на лекар, па мораше да се мери кај вулканизери.
Арно ама, од Приштина барале заеднички, косовско-македонски слет, со вистинско, наполнето боево оружје. Да биде со тотален ефект.
Ние, прво, такво оружје немаме баш нешто на лагер. Распоредено ни е по мисиите низ Ирак и Авганистан. А второ, кога толку вооружени косовари ќе се наредат на Градски стадион, одма се прогласуе Илирида. На лице место.
Оттаму, и идејата за слет е напуштена. Штета. На многумина од УЧК им фалела вооружена акција, чисто за да комплетираат борачки стаж.
Се туфкале нашиве, кршеле прсти како да не пропадне тој долго очекуван ден кога Македонија ќе ја посети прв шеф на држава - која и не е држава. Кој не верува деке не е, нека види во списокот на Обединети нации. Косово го нема.
Ај, рекле нашиве, бар да стокмиме свечен коктел.
И тука Љубе видел шанса лично да го сретне Сејдиу, и да му баци рака. Им се понудил да биде барем кувар на коктелот. Знае он што треба околу тоа. Им вареше на Милошевиќ и Шешељ, и другите марки во Шевенинген.
Навезле македонски специјалитети. Побарале совет од Приштина, кој косовски специјалитети се обавезни. Им порачале да не се грижат. Од Трновац се спремало бар три кила жуто. Чист, квалитетен косовски хероин, познат и признат секаде низ Европа. Арно ама, нашиве не дале времен увоз за тој тип витамини.
Протоколот кризирал, без идеи што понатаму. И таман чекале да дојде шест поручек, кога се поевтинија меѓународните импулси, за да се јават во Приштина, Сејдиу претходно им збрчи фатална, болна СМС порака: Не доаѓам.
Сите бевме во шок. Нацијата, регионот, Европа, Вашингтон, Исланд...
Што се случи? Се чудам. Утредента гледам Дневник на Сител.
Петнаесет деца, Албанци од Кичево, биле на екскурзија во Тирана. Таму, според соопштение на албанските власти, имале труење од сендвичи.
Отруени во Тирана! Кај оди тоа. Директорот на гимназијата, Албанец од Кичево, одма за Сител изјавува дека тоа не е точно. Отровани не биле, само се узнемириле. Затоа што четири дена не спиеле возбудени што ја посетиле Тирана!
Кај смее да се отруе, Албанец од Кичево, во Тирана!
Трујат само другите. Албанците немаат време за отровање. Тие барем дваесет години само пукаат, и постојано ја шират својата територија, со обиди и кон Македонија.
Живеам во страв дека, еден ден, ќе се разбудам во Косово. А после, се знае. Веќе е видено. Европско, етнички чисто, демократизирано Косово.
Штом Сејдиу е против мене, значи се уште не сум негов поданик.
И не му се лутам веќе, дури сум му и благодарен за се што се случи.
Пишува: Драган П. ЛАТАС
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=EA31B375AD59D3448B4AC1735892E617

:pos2::pos2: