Реална реалност или?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Таа тема ме мотивираше да ја отворам оваа, ама па не мора да се задржувате само на неа.
Што е со животот надвор од форумов? Како се однесувате и се однесуваат со вас таму? Дали вие што сте тука такви сте исти и надвор? И колку со таквиот однос сте разбрани и прифатени, а колку неразбрани и отфрлени?
 
Не.
Ти си клон.
Верзија.
Според последната калкулација,или number 7 или number 8...толку ве(не) имало кои вреѓале у анализи.

Отсекогаш сум мразел џиџани анализи,полни сликички и обоен текст.
Глупо ми било кога некој ќе побара да биде "уништен", во стил "ај и мене една од тие твоите",или па кога анализаторот после ремек-делото во кое плукал,пцуел и серел по дотично анализираниот,ќе рече "па сам си го бараше,знаеш кој е мојот стил."
Како некои хип-хоп генгбенгери сте бе,chillin' & killin'...
Aнализата,прво,треба да биде текст и само текст.Второ,не се дотолку потребни пцовките колку што е потребно да се остави личен импринт на таа личност и гледиште за нејзиното делување,со попатни претпоставки за тоа како тоа делување би се манифестирало надвор од форум.Никој не е видовит да знае како некој би делувал надвор од вируелна средина(знаејќи дека многу често преку неа луѓе бараат излез од реалноста),па со тоа може единствено да се шпекулира,а ако шпекулациите се донекаде точни,тоа е успех на анализаторот.
Пророштва и баења се банални,како што се и сите привиди во иднината на форумскиот јузер ставен на тапет.А такви има многу во последно време,сите на темата се мадерфакери и тоа е нивниот стил,сите лупаат сликички и болдираат,за да бидат поинтересни.
Темата ми стана табу,а самата поента и е одамна изгубена.
јебешга.
Нцук
Пак грешиш

кажи го клон кажи го како сакаш
Али јебеш ако сум клон досега немаше да се дигне толкава прашина ,ниту пак ти ќе реагираше?
М?
Ниту пак ќе реагираа неколкумина од типот :кое насилство развила темта ,патетики итн итн
Ако толку лошо(грешам) анализирам чуму бурни реакции ?
Ако имало клонови пред мене зошто баш сега некој реагира?
И да разриел за последната персона можеме дури и да се обложиме во шише вотка дека така ќе биде,не прв не е ни последен, што така ќе помине во животот
И досега ќе речеше веќе видено а не да бараше изричито да се спомне минимум два пати кур и разни внатрешни органи
Убав обид рази,изгледа дека ме читаш повеќе одошто јас мислев
П.С.Низ форумов минале илјадници членови,барем еден морало да се погоди пред мене што анализирал исто/слично
Глупаво аргументираш

Таа тема ме мотивираше да ја отворам оваа, ама па не мора да се задржувате само на неа.
Што е со животот надвор од форумов? Како се однесувате и се однесуваат со вас таму? Дали вие што сте тука такви сте исти и надвор? И колку со таквиот однос сте разбрани и прифатени, а колку неразбрани и отфрлени?
Исти тешко дека ......
 
Фин сум културен пристоен, разбирам и ме разбираат, додека сум, а кога не сум не сум. Денеска баш ми се случи инцидент тргај те ми се од патот :). За среќа настрада само пердето од влезната врата, оти тоа ми се најде на патот. Да ми се најдеше вратата нејзе ќе ја откорнев, плинско имам добро акнато од земја, сето се извитка ама за среќа не експлодира, имам превртувано маси, столици во еден здив. Ама тоа кога не сум фин, и кога ќе се разбуди воинот во мене :). Го контролирам тоа до одреден степен, ако не го контролирам замислете што можи да се случи. А инаку сум мирољубив човек, на мравка не газам, не се заканувам не правам бељи големи, ама воинот во мене како одбранбен механизам не можам да го опишам дури и мене ме остава без зборови.
Каков што сум тука така сум и надвор затоа што моите емоции влијаат исто насекаде.
 
Нцук
Пак грешиш

кажи го клон кажи го како сакаш
Али јебеш ако сум клон досега немаше да се дигне толкава прашина ,ниту пак ти ќе реагираше?
М?
Ниту пак ќе реагираа неколкумина од типот :кое насилство развила темта ,патетики итн итн
Ако толку лошо(грешам) анализирам чуму бурни реакции ?
Ако имало клонови пред мене зошто баш сега некој реагира?
И да разриел за последната персона можеме дури и да се обложиме во шише вотка дека така ќе биде,не прв не е ни последен, што така ќе помине во животот
И досега ќе речеше веќе видено а не да бараше изричито да се спомне минимум два пати кур и разни внатрешни органи
Убав обид рази,изгледа дека ме читаш повеќе одошто јас мислев
П.С.Низ форумов минале илјадници членови,барем еден морало да се погоди пред мене што анализирал исто/слично
Глупаво аргументираш

Уф.
Се реагира кога нешто не е правилно.Се крева прашина кога се губи некој елемент кој бил круцијален за постоење на некој ентитет,или пак,при надоаѓање на непожелен елемент.Реалноста,златна,е она кое има поблаг тек на менување,помалку бурност во делување и повеќе константност и логика во шифтирање.
Во реалноста надвор од тоа што сме овде,безработицата е константна реалност,капиталистичката тортура исто така...глобализацијата,вредноста на паричните единици,работата,навиките.Тоа се се' работи кои имаат белег затоа што тешко се менуваат,а ако се сменат,тогаш се добива реакција на внатрешниот фактор во човекот или пак глобалниот во општеството.
Ким веќе којзнае колку пати "фрлил нуклеарка", ама и по секое подземно тестирање ураниум,светот реагира.Колку и да е луд,не верувам дека ќе ја фрли таа бомба,ама се пекмези чисто за да светот не заборави дека постои неговата држава и за да добие ориз :)
Исто и со твојот случај.Не си прва,се реагирало секогаш кога од нешто кое треба да биде барем донекаде сериозно-се прави циркуз.
As i said,little wisp,evaporation threatens when you oversell what has already been sold.And if you wanna be an evil jester,you're six centuries too late :)

Таа тема ме мотивираше да ја отворам оваа, ама па не мора да се задржувате само на неа.
Што е со животот надвор од форумов? Како се однесувате и се однесуваат со вас таму? Дали вие што сте тука такви сте исти и надвор? И колку со таквиот однос сте разбрани и прифатени, а колку неразбрани и отфрлени?

Виртулениот живот е криенка-миженка.Од форумското делување(кое овде беше тема на споредба),во реалниот живот најверодостојна треба да биде реториката.Ама само онаа која е вокална интерпретација на овде напишаното.
За сметка на тоа,гестовите,начинот на вокализација,ораторскиот елемент,примањето и споделувањето информации не можат да се одредат овде.И погоре пишав дека за тоа може само да се шпекулира,а добар шпекулант ти е исто како добар папарацо.Фаќач на момент,вадач од контекст,на кој може да му се се посреќи да погоди ср'ж на она кое моментот му го дал како привилегија на мал привид. :)
Затоа,јас не сум она што го пишувам.Не сум она што го зборувам.Проценка за тоа кој сум јас неможам да дадам јас,како прво лице еднина.
Јас не сум ни константа,па по тек на менување детали,пропратно се менува циклусот на повторувања кои ме одредуваат како социолошки субјект.
Затоа форумските анализи на ликовите се тоа што се,а со тоа и падот на нивниот квалитет е очекуван.Кога ти останува да бидеш папарацо и да бркаш момент,попрво би чкрапнал гола цицка.
Being cruel is cool.
 
Дали реалноста реално ја прикажуваме само ако притоа се изразуваме на најлош можен начин и со најпогрдни зборови?
Дали само така, најдобро може да се долови некоја лоша ситуација или нечија лоша постапка и карактер?
Толку ли е прост човечкиот мозок, кој за да го убедиме во нешто мора најгнасно да му се обратиме?
Малку сме чудни ние луѓето, посакуваме фини нешта а се однесуваме сосема спротивно на тоа што го сакаме и се трудиме да го правиме. Да се долови реалноста некому е сосема едноставна работа и може да се направи на толку едноставен и мирен начин, што просто е прелесно.
Сепак, кога луѓето советуваат или едноставно дискутираат и укажуваат... не ги засега премногу чувството на соговорникот па дури и тој да е официјално пријател. Кога човек дава совет, го дава бидејќи ужива во солење памет, не бидејќи сака да помогне. Па така, дури и кога би бил добронамерен гуруто на паметни мисли спремни да се преточат кај “саканиот“ а не е... се добива слика каде некој се пердаши вербално. Целта е себе промоција со некое лично чувство на надмоќ. Реалната слика е патетика на моментот. Кога навистина би сакал да помогнам, секако тоа ќе го сторам без да морам да навредам. Ќе одберам зборови кои ќе болат најмалку можно.
Крусер напиша:
Не постои реалност - само перцепција.

Ако сакаме некој да нè разбере како што ни одговара, можеме со убаво. Ако не разбира - ќотек. Ако сакаме да бидеме разбрани и не ни е гајле како соговорникот се чувствува, целта ги оправдува средствата.

Силата (а и нејзиниот краен стадиум - насилството) е универзален јазик кој секој го разбира. Кој знае добро да го применува ќе биде секаде разбран и профатен, зашто алтернативата е неприфатлива. Значи, ако сакаме некој да нè перцепира дека постоиме, мораме да искомуницираме со него/неа, за да разбере. А бидејќи силата/насилството не познава бариери како што е јазик, култура итн, може секој да го користи.
Но реалност секако дека постои. Тоа е она во кое живееме ние двајца а нашите претци се договориле дека ќе го викаме реалност. Да тоа е наша перцепција за разлика од онаа во некој друг паралелен универзум, но ние сме тука и сега, и токму тоа е реалност, ако не се служуваш со нашиот систем, ти си нереален односно луд. Но тоа на страна...

Силата и насилството се универзален јазик кој не смее да постои. Факт е дека е така, но сите ние правиме огромна грешка оправдувајќи го. Еволуцијата не мрда, па иако сме способни да направиме свемирски брод и да одиме до Алфа Кентаури, еволуцијата стагнира бидејќи духовно не мрдаме.

Ние смееме да констатираме дека насилството постои и решава проблематични ситуации, но не смееме да се извадиме на фактот дека тоа едноставно е така и мораме да постапуваме по тој терк. Тоа е најголемиот конформизам, не противење на најголемата човечка глупост.

Raziel напиша:
Being cruel is cool.
Веројатно си во право. Знаеш, сите продавачи имаат таргет група, барем оние добрите и способните. Да продадеш глупава книга на паметен човек не можеш, затоа злобните финти се продаваат кај простите луѓе. А фала богу ги има во огромен број.

Being cruel is cool, само во средина со ограничени можности.
 
Но реалност секако дека постои. Тоа е она во кое живееме ние двајца а нашите претци се договориле дека ќе го викаме реалност. Да тоа е наша перцепција за разлика од онаа во некој друг паралелен универзум, но ние сме тука и сега, и токму тоа е реалност, ако не се служуваш со нашиот систем, ти си нереален односно луд. Но тоа на страна...

Силата и насилството се универзален јазик кој не смее да постои. Факт е дека е така, но сите ние правиме огромна грешка оправдувајќи го. Еволуцијата не мрда, па иако сме способни да направиме свемирски брод и да одиме до Алфа Кентаури, еволуцијата стагнира бидејќи духовно не мрдаме.

Ние смееме да констатираме дека насилството постои и решава проблематични ситуации, но не смееме да се извадиме на фактот дека тоа едноставно е така и мораме да постапуваме по тој терк. Тоа е најголемиот конформизам, не противење на најголемата човечка глупост.
Ако те прашаат тебе зошто носиш привезок на клучот ќе кажеш дека си фанатик на Симсонс, за ако го изгубиш да го најдеш полесно, кога ти е интересно се занимаш итн. Ако го прашаат лудакот зошто не носи привезок тој ќе каже дека зошто со тоа можеш да се повредиш, црвента боја на привезокот ги заморува очите, тотално некорисна работа и ирационално трошење на пари кои се 100тина од тоа што тој троши на ден а 10тина од она што го заработува, зафаќа повеќе место итн... Така да твојата реалност се коси со неговата, а и двајцата сте во право. Не, не е лесно да се објасни реалноста, зошто таа е индивидуална прецепција.
 
ncuk
тоа е мој стил,јас дури и напоменувам дека така ќе биде ...
Јас сум ти песимист,перфекционист и мизантроп ,ако јас не најдам мана и не ја направм наголемо или не те натерам да вриштитш од фрустрација никој друг нема

Јас лично по прописи и правила за склопување на психоанализа ти кажувам дека имаш останати фрустрации од начинот на кој што средината и твоето семејство те воспитале, огромна доза на самодоверба која што го крие недостатокот на истата и егоцентиризам кој што не е потребен.
Од една реченица, така искрено, како што ти велеш дека анализи се прават. :back:

На темата, секој психоанализатор сака да ја покаже својата наводна моќ за перцепција исто како што секој што бара анализа сака да биде ставен во центарот на вниманието, дури и со тоа да биде направен од се подоле. Таква е психологијата на човекот и дали треба да се бега од неа или не е потполно небитно.
Додека, зошто толку сурови, грозни и гадни за читање, веројатно секој има потреба за супериорност кога таква можност ќе му биде дадена, не сите имаат способност вистински да прават анализи исто како што скоро 99% од анализите на темата немаат врска со анализираните.
 
Реалноста (стварно е конфузен зборов, ама претпоставувам на исто мислиме) е една и неменлива, како вистината или историјата. Како ја доживуваме и презентираме сите поединечно е само наш личен “проблем“. Ама не е индивидуална перцепција, општа слика е, за сите иста, дали ќе ја гледаме преку превез или со наочари за сонце или со голо око е наше да се избориме за тоа и да бидеме свесни за истото.
 
Уф.
Се реагира кога нешто не е правилно.Се крева прашина кога се губи некој елемент кој бил круцијален за постоење на некој ентитет,или пак,при надоаѓање на непожелен елемент.Реалноста,златна,е она кое има поблаг тек на менување,помалку бурност во делување и повеќе константност и логика во шифтирање.
Во реалноста надвор од тоа што сме овде,безработицата е константна реалност,капиталистичката тортура исто така...глобализацијата,вредноста на паричните единици,работата,навиките.Тоа се се' работи кои имаат белег затоа што тешко се менуваат,а ако се сменат,тогаш се добива реакција на внатрешниот фактор во човекот или пак глобалниот во општеството.
Ким веќе којзнае колку пати "фрлил нуклеарка", ама и по секое подземно тестирање ураниум,светот реагира.Колку и да е луд,не верувам дека ќе ја фрли таа бомба,ама се пекмези чисто за да светот не заборави дека постои неговата држава и за да добие ориз :)
Исто и со твојот случај.Не си прва,се реагирало секогаш кога од нешто кое треба да биде барем донекаде сериозно-се прави циркуз.
As i said,little wisp,evaporation threatens when you oversell what has already been sold.And if you wanna be an evil jester,you're six centuries too late :)
l.
Прво таа тема одамна не е сериозна и одамна е циркуз , јас и им давам на тие што ќе побараат ,се разбира како што мене ќе ми прдне да бидеме искрени и при тоа сите добиваат предупредување за џабе не ја ставам сликана со предупредувања
Второ морализирање за нешто каква требало или треба да биде анализата е глупаво досега добив 15 дефиниции за тоа каква треба или изгледа... реалноста секој од нас ја перецепира како што сака
Кон последното грешка:)
Порничите се според сите се вулгарни и out of date сепак порно индустријата цути истото важи и за мојот тип анализи
Иначе облогот го прифаќаш?
Јас лично по прописи и правила за склопување на психоанализа ти кажувам дека имаш останати фрустрации од начинот на кој што средината и твоето семејство те воспитале, огромна доза на самодоверба која што го крие недостатокот на истата и егоцентиризам кој што не е потребен.
Од една реченица, така искрено, како што ти велеш дека анализи се прават. :back:

На темата, секој психоанализатор сака да ја покаже својата наводна моќ за перцепција исто како што секој што бара анализа сака да биде ставен во центарот на вниманието, дури и со тоа да биде направен од се подоле. Таква е психологијата на човекот и дали треба да се бега од неа или не е потполно небитно.
Додека, зошто толку сурови, грозни и гадни за читање, веројатно секој има потреба за супериорност кога таква можност ќе му биде дадена, не сите имаат способност вистински да прават анализи исто како што скоро 99% од анализите на темата немаат врска со анализираните.
Хм.....
Значи за џабе не рече една моја другарка се е во ред кога сите функционираат во рамките на еден систем ,се е во ред додека сите привидно си се сакаме и почитуваме
Но проблемот настанува кога некој ќе дојде и ќе почне да кажува тоа што го мисли без влакна на јазикот тогаш сите почнуваат да зборат за култура и морал и норми кои ни самите не се доследни

Иначе да сум фрустрирана кога ќе видам анализа преполна со лигавење кога на некој форумџија му треба совет иубаво шамарање
Сум фрустрирана што ми попувате за тоа што треба да пишувам и не треба да пишувам и дробите тука дека темата ја претворам во циркуз кога веќе е тоа
Сум фрустрирана кога некои кои добро анализираат во анализата наместо директно јасно и гласно да им ги укажат лошите особини они заобиколуваат и притоа намерно ја губат поентата само за да не им се налути некој
Сум фрустрирана кога некој глуми лудило и морализира а кога ни упола од тој морал го нема
Сум фрустрирана кога сите зборат дека се реагирало а не се случувало тоа
И да сум фрустрина што секој пат кога сум ебано искрена се јавува некое света петка тип/ка кој ми збори за култура и маниризам пошто пази молим ти се секојпат кога некој ќе биде искрен сите се препотуваат два пати и им се стега грлото и почнуваат панично да дробат дека сум ваква или таква
помирете се ебаве ако не скокнете ги ебаните анализи кои јас ги правам
И да кажете ме како сакате клон ,ваква таква но барем имам храброст да кажам тоа што го мислам
 
Зошто сонце мислиш дека јас твоите анализи не ги оправдувам или подржувам?
Јас едноставно се обидував во постот да ја лоцирам потребата за правењето на истите, со тоа не сакав да потикнам никаков револт од твоја страна.Секако, исто како што ти самата потенцира дека сите треба да го добијат тоа што го заслужуваат, па дури и да биде во форма на шамар, витруелен нели.
Не очекував дека ќе се браниш само.

Разочарана сум од јачината на репликата.
 
ncuk
тоа е мој стил,јас дури и напоменувам дека така ќе биде ...
Јас сум ти песимист,перфекционист и мизантроп ,ако јас не најдам мана и не ја направм наголемо или не те натерам да вриштитш од фрустрација никој друг нема
Има има. Тоа го можат тие кои знаат строго да плеснат реалност во лице (или на форум), без употреба на вулгарни и погрдни зборови. Како што гадно може да боли рамнодушноста, така гадно може да заболи и вистината, кажана со смирен и културен тон или речник.
На страна го тргам тоа колку има вистина во анализите, бидејќи се сложувам дека е тешко да анализираш точно, некој што само го читаш тука.

Не ,но за некои е. Особено ако мислат дека се светињи
би го поставила прашањето вака:зар се толку мазохисти да бараат анализа каде ќе бидат силувани во неа?
Тоа што има такви луѓе, не треба да не бодри да продолжиме да фрламе со камења врз нив. А всушност, од кај знаеш кој зошто бара? Можеби некој очекува дека ќе биде исклучок и сака да види како би изгледало тоа, можеби некој си тера сеир, можеби некој само тој јазик го разбира итн итн итн. Никогаш не треба да сме сигурни дека сме добри во нешто, само затоа што постојано се бара од нас да го повторуваме истото. Треба да си дадеме малку време и за самоанализа.

Нцук
Пак грешиш

кажи го клон кажи го како сакаш
Али јебеш ако сум клон досега немаше да се дигне толкава прашина ,ниту пак ти ќе реагираше?
М?
Ниту пак ќе реагираа неколкумина од типот :кое насилство развила темта ,патетики итн итн
Ако толку лошо(грешам) анализирам чуму бурни реакции ?
Ако имало клонови пред мене зошто баш сега некој реагира?
Па, подобро ќе сум патетична во нечии очи, отколку среќна со нанесување макар и најмала болка некому.
А бурни реакции имало многу пред тебе. Тука е темата, разгледај ја, па ќе се увериш во тоа. Тоа е можеби добро, но имај на ум дека не секогаш важи онаа: Зад добар коњ прашина се крева.

И да разриел за последната персона можеме дури и да се обложиме во шише вотка дека така ќе биде,не прв не е ни последен, што така ќе помине во животот
И досега ќе речеше веќе видено а не да бараше изричито да се спомне минимум два пати кур и разни внатрешни органи
Убав обид рази,изгледа дека ме читаш повеќе одошто јас мислев?
Тоа е моментот кој претходно го спомнав... никогаш не знаеш со која причина некој ти бара анализа.:)

Исти тешко дека ......
Тоа е лошо, но зошто е така? Треба повеќе храброст на маса да ми направиш вулгарна анализа од тука? Што е разликата? Се плашиш од туѓи реакции, кои не си сигурна како можеш да ги прифатиш ако се во живо? Ако имаш јајца, имај ги секаде.:toe:

Второ морализирање за нешто каква требало или треба да биде анализата е глупаво досега добив 15 дефиниции за тоа каква треба или изгледа... реалноста секој од нас ја перецепира како што сака
Кон последното грешка:)
Порничите се според сите се вулгарни и out of date сепак порно индустријата цути истото важи и за мојот тип анализи
Пак мешаш поими. Зошто упорно мислиш дека нешто е реално ако го кажеш со три реченици во кои секој втор збор е полов орган или пцовка? Всушност не знам, може ти така ги гледаш работите, но мене тоа ми е само чиста незрелост.
А за компарацијата со порничите... некако не ми штима. Порно индустријата цути и врти тешки пари, а што добиваш ти од твоите анализи? По што проценуваш дека цутат?

Значи за џабе не рече една моја другарка се е во ред кога сите функционираат во рамките на еден систем ,се е во ред додека сите привидно си се сакаме и почитуваме
Но проблемот настанува кога некој ќе дојде и ќе почне да кажува тоа што го мисли без влакна на јазикот тогаш сите почнуваат да зборат за култура и морал и норми кои ни самите не се доследни
И да е така како што рекла другарка ти, зошто да не чини тоа? Затоа што имаме илјада животи на располагање, па подобро е секој различно да го живееме, отколку да се трудиме да се прифаќаме со сите, без оглед дали сакаме или на некој начин мораме?
Проблем? Не е проблем за мене тоа што немаш влакна на јазикот, а за тебе е? Јас ќе те прочитам тука ако сакам, ако не - нема и толку. Ти остануваш таа која продолжува да живее со луѓето кон кои не внимаваш како се однесуваш. Туку чекај, не се однесуваше така и во живо... извини.
Сакам да кажам, грда слика е таа која ја остава секој бунтовник без причина. Утре задутре кога ќе треба да го смениш тој однос, како ќе успееш? Од каде ќе научиш како да се смениш, кога си растела вака? А нејќам да слушнам мубает како тој дека не планираш и нема да се смениш. Тоа ќе мораш да го сториш кога ќе ја добиеш првата сериозна работа, кога ќе влезеш дома кај свекрва ти или па кога во тебе ќе гледаат две малечки очиња на кои ти ќе си им се` што имаат.

Иначе да сум фрустрирана кога ќе видам анализа преполна со лигавење кога на некој форумџија му треба совет иубаво шамарање
Сум фрустрирана што ми попувате за тоа што треба да пишувам и не треба да пишувам и дробите тука дека темата ја претворам во циркуз кога веќе е тоа
Сум фрустрирана кога некои кои добро анализираат во анализата наместо директно јасно и гласно да им ги укажат лошите особини они заобиколуваат и притоа намерно ја губат поентата само за да не им се налути некој
Сум фрустрирана кога некој глуми лудило и морализира а кога ни упола од тој морал го нема
Сум фрустрирана кога сите зборат дека се реагирало а не се случувало тоа
И да сум фрустрина што секој пат кога сум ебано искрена се јавува некое света петка тип/ка кој ми збори за култура и маниризам пошто пази молим ти се секојпат кога некој ќе биде искрен сите се препотуваат два пати и им се стега грлото и почнуваат панично да дробат дека сум ваква или таква
помирете се ебаве ако не скокнете ги ебаните анализи кои јас ги правам
И да кажете ме како сакате клон ,ваква таква но барем имам храброст да кажам тоа што го мислам
1. Од кај знаеш ти кому што му треба, за да те фрустрира лигава анализа? И како проценуваш лигава анализа? Секој добар збор или пофалба за тебе е лигавење? Извини, ама не се сите луѓе злобни суштества кои плачат за шамар.
2. Никој не ти попува што треба да пишуваш, само дискутираме. Ама и тука грешно се разбираме, нали? Башка темата е таква каква што ја правите вие кои пишувате на неа. А додека пишувате, сигурно ви одговара.
3. И тоа не треба да те фрустрира, доколку не живееш за другите, секако. Што те интересира тебе дали јас на Разиел од околу ќе му кажам дека има негативни особини или па дека тој мене директно ќе ми го плесне тоа? Јас мислам дека немам право да му го правам тоа на некој кого едвај го познавам, некој мисли обратно, па што не оставиш секој за себе да живее како сака?
4. Тие што морализираат, по дома ти шетаат па знаеш дека немаат ни половина од тоа?
5. Џабе и оваа фрустрација. И јас се фрустрирам кога некој нема да ми ја разбере темата, па никогаш не сум рекла ни напишала дека сум ебано паметна или дека тој е ебано глуп.
И да, ако некој за нешто ти замери, не значи дека се препотил од страв од тебе.:)
6. Добро, ај нема да ги читаме анализите (искрено не ги ни имам прочитано сите), а ти ако сметаш дека си храбра со таков речник, сврти ја еднаш топката. Обрати се на некој постручен и побарај анализа за тебе. Тогаш биди искрена кон себе и признај си дека боли и без вулгарен речник, доколку нели, има што да здоболи.

И пак да се излигавам... ти реплицирам тебе дека ти си од другата страна, а мислам на сите твои истомисленици.:)
 
Марсовка, сакам конкретно да те прашам за анализата која му ја направи на Гладиус... Кој дел од ,,психо" ја има во делот ,,Ти си педерастичен"? Зарем тоа не е твоја лична фрустрација, односно комплекс на повисока вредност и покажување на твојата нелибералност кон различни видови на луѓе?
 
И комплекс и фрустрација, потреба за омаловажување и наместо карактерна проценка добиваш навреда, фрустрацијата е во тоа што тој што ти го “плеснал тоа храбро “у лице“ “ и си радува на приликата што ја добил бидејќи поголемиот дел од мора да живее со своите недостатоци, па за момент пробал да им се сити на другите.
 
Јас ќе се оградам од анализите бидејќи одамна и не ги читам, освен ако доаѓаат од анализатори кои ги признавам како искрени искажувачи на своето мислење а не нафурани (hard core) анализирачи чија цел е само да се докажат и покажат на начин на кој... не знам тие си знаат, што докажуваат... На ова притоа ќе додадам дека немам прочитано анализа (од месец август, не толку далечната 2008г.) :tv: во случај некој да се препознае во мојот исказ, а тоа не ми е намерата значи, само генерализирам.
Инаку, за пак условно, реалниот живот ќе кажам дека моја проценка е дека имаме една неверојатно лоша ситуација во делот `људски манири` или `нема понашање` повеќе во луѓето, генерално земено.
Владее една предрасуда дека мора да се биде лош дури и безобразен за да се постигне некое разбирање или комуникација и притоа се исклучува можноста да се биде фин или добар спрема некого при што најверојано оваа опција се перцепира како невозможна. Значи појавата ја сфаќам како една тензија на пф, модерниот човек кој игра по единствениот за него принцип, принципот на манипулација, блеф, урлање и неразбирање и притоа сето се доживува како корекно или `во мода`. И мене како немодерна секако ни најмалку не ми се допаѓа сето и го сметам за лична некултура. А од психолошка гледна точка (како што е редот) најверојатно се работи за одбрамбен механизам, анксиозност или проблеми со трпеливоста и слично (значи модерни болести) кои се на пат да влезат во кaтегорија `нормално поведение`. Значи нешто слично како променетиот критериум во однос на нормaлниот крвен притисок.
Гореопишаните не ја рационализираат до тој степен реалноста за да би можеле да ја окарактеризираат со епитети како реална или воопшто да креираат поими од типот на реална реалност.
 
.
Гладиус ...ми кажа дека тоа значи меч?
Звучи толку моќно нели ?не звучи како (фенси)геј-типот во клас кој позади грб го исмеваат и имитираат дека е геј......(не е геј инаку!)

Марсовка, сакам конкретно да те прашам за анализата која му ја направи на Гладиус... Кој дел од ,,психо" ја има во делот ,,Ти си педерастичен"? Зарем тоа не е твоја лична фрустрација, односно комплекс на повисока вредност и покажување на твојата нелибералност кон различни видови на луѓе?
вадиш од контекст
И читаш тоа што тебе ти одговара
А кога сме кај лични комплекси погледни и себе пошто не сакам да дрвам и јадам гомна тука освен се разбира ако не сакаш да добиеш анал-иза од мене (ако имаш стомак се разбира за нив)
@квендолин кај мене(во реалност) функционира принципот прашај ќе добиеш одговор истото кај анализите прашуваат а понекогаш и јас ги прашувам
И ме имаат двеста пати анализирано у најлош можен контекст
КРАЈНА линија секој какогледа на тоа
btw имаат опција да бришат анализи и да коментираат за истите не знам ама се јавија сите освен анализираните
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom