Искрено, помалку згадена од темата за психоанализи помеѓу форумџиите, се решив да ја отворам оваа, со две-три прости прашања:
Дали реалноста реално ја прикажуваме само ако притоа се изразуваме на најлош можен начин и со најпогрдни зборови?
Дали само така, најдобро може да се долови некоја лоша ситуација или нечија лоша постапка и карактер?
Толку ли е прост човечкиот мозок, кој за да го убедиме во нешто мора најгнасно да му се обратиме?
Не генерализирам, само сакам да продискутираме за оваа појава т.е. за луѓето кои така живеат и ваљда мислат дека така треба, бидејќи само тоа е реалноста од која навидум сите останати бегаме.
За нив, еве уште едно потпрашање: -Со таквиот пристап, искажувате некаков револт, празните преполни батерии или едноставно уживате во него?
п.с. Да не се сфатиме погрешно, само прашувам. Напоменувам, дека прашањава секако изгледаат малку како да напаѓам.
Делумно, одговорите на прашањава би ги поврзал со
темава.
Сепак, за да дадам и лично размислување, “малку“ ќе образложам...
Првото прашање би ти го одговорил со друго прашање:
- Дали тие луѓе кои го прават тоа, се свесни дека го прават поради тоа што тоа е единствениот начин на кој го гледаат животот?
Одговорот на второто прашање би бил малку комплициран.
-Секако дека не е тоа единствениот начин да се опише некоја негативна постапка или пак лош карактер. Но секој со своите можности за изразување, а богами и секој со својот фонд на зборови.
Човек кој искрено сака да помогне да се промени нешто, е човек кој и најлошата ситуација ќе ја погледне од позитивниот аспект и на било кој можен начин ќе направи своите критики и совети да бидат правилно прифатени.
Но ајде, дури и оние кои се вешти со зборови можат да го направат тоа, притоа да го постигнат ефектот што го сакаат а сите од страна да бидат задоволни. Нешто слично на:
И волкот сит, и овците на број.
Меѓутоа, луѓето кои сметаат дека погрдните зборови се единствен начин за нешто да се докаже дека не вреди и притоа непотребно ги употребуваат, се луѓе кои се отфрлени од средината и во тие зборови го наоѓаат вентилот за птфрлување на бесот према општеството.
Третото прашање:
-Човековиот мозок и да е прост, сигурно динствен начин за убедување нема да бидат погрдните зборови.
Со оглед на тоа што луѓето се последната стапка на еволуцијата (зборувам за психичкиот развиток), тоа ги прави малку посовесни и поадаптивни на се’ она околу нив. Зборот цивилизација, како живеење во средина со луѓе опфаќа и цивилизиран однос.
А во една таква средина, како што веќе кажав, колку и да е прост човековиот мозок, работите не ги резонира на тој начин. Прост пример:
прв случај: Оди дете на училиште. Професорот се дере, го понижува, омаловажува итн. И сето тоа со цел за да детето седне и научи... Резултат: никакво подобрување, само страв и отуѓување.
втор случај: Детето трупец си седи во клупа и мудро (колку што му дозволува паметот) си молчи. Професорот го разгледува секој можен начин кој би го натерало детето само да стане свесно за своите грешки и да се поправи. Резултат:промена на детето од мрза, во високо-интелектуална личност.
За делот каде прашуваш за начинот на пристап (поради тоа што е лично прашање засекој од нас) можам да ти одговорам дека себеси не се сметам за способен своите мисли да ги изразувам на таков начин. Револт искажувам на цивилизиран начин. Сепак живееме во 21 век, не во камено доба. Празнам батерии на супер искачања, а ги полнам на прошетки, кафенца и одмори. И не уживам во ништо слично на она кое се разработува во темава. Едноставно не сум развиен во таков правец
