- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
Како што објавува денешен „Дневник“, Владата купи „ХАЦЦП-кујна“ вредна 160.000 евра за новата претседателска вила на Водно во која е сместен претседателот Ѓорге Иванов.

Според Законот за безбедноста на храната, македонските компании што се во допир со пазарот на храна требаше до 1 јануари да го воведат овој стандард, кој предвидува исклучување на сите точки со кои храната се загадува.
Казните за невоведување на системот за безбедност на храната, Владата ги одложи до крајот на годинава. Тендерот за апаратите во кујната на претседателот Иванов го доби фирмата ЛТХ, која обезбедила опрема според највисоките стандарди, односно инокс-техника за двете кујни во вилата на Водно.
„Се работи за голема набавка на полици, фрижидери, работни маси, шпорети, клима-комори и комори за пареа и други работи. Се' е инокс-техника“, изјавува за „Дневник“ Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Иако на тендерот имало поевтини понуди, владината служба ја избрала најскапата понуда зашто имала повеќе сертификати за квалитет, без разлика што главен услов на огласот била цената. За цената се добивале 70 поени, а за квалитетот 15 поени.
„Цената е решавачка на тендерот само ако се работи за две фирми со иста понуда и исти сертификати за квалитет, а не ако тоа што се нуди не е квалитетно. Целата постапка е во согласност со законот“, вели директорот Доневски.
Скопските угостители, што ги консултиравме вчера, велат дека набавката на кујна по ХАЦЦП за нов ресторан чини многу помалку. Сопственик на реномиран ресторан, кој сакаше да остане анонимен, вели дека платил околу 30.000 евра за нова инокс-кујна. Речиси цела опрема е набавена од истата фирма - ЛТХ. Според него, неговата кујна е изработена за опслужување на 300 луѓе.
„Професионален шпорет од инокс за ресторантска кујна чини околу 1.500 евра, за 2.000 евра се купува фрижидер од инокс. Околу 500 евра чини фритеза, цената на работните маси зависи од површината и од квалитетот на иноксот“, ја пренесува „Дневник“ изјавата на бизнисменот.
Тој објаснува дека во неговиот ресторан има и луксузна фурна од инокс за подготовка на традиционални македонски јадења која чини околу 6.000 евра. Оваа цена е пресметана во вкупната сума од 30.000 евра. Притоа објаснува дека има попусти за големи набавки, кога не важат малопродажните цени.
Угостителот вели дека во висината на цената најмногу учествуваат коморите за одржување на квалитетот на храната и од големината на кујната зависи и бројот на коморите. Има повеќе фрижидери за одржување на различни температури.
„Бројот на работните маси зависи од бројот на готвачите, кои според ХАЦЦП-стандардите треба да имаат дефиниран простор за работа“, вели угостителот.
Од фирмата ЛТХ тврдат дека владината набавка е неспоредлива во однос на она што го набавуваат рестораните. Според нив, во случајот се работи според однапред изработен проект.
„Производите се од увоз, но мора да имаат сертификати. Се наоѓаат во поевтина изведба, а ист тип инокс. Тие се декларирани дека се изработени од инокс, но квалитетот е послаб. Најбитно е да има сертификат за квалитет, а некои го немаат“, велат во ЛТХ.
Оттаму потврдуваат дека од кај нив имаат купувано опрема и неколку скопски ресторани. Тие објаснуваат дека целата опрема во вилата е според ХАЦЦП-стандарди и е изработена според сите потребни сертификати за безбедност.
„Се работи за комплетна технолошка опрема за кујна. Има над сто парчиња бела техника. Во тендерот, на пример, за ладилникот се бара да ја мери температура на храната, да биде лесен за одржување, да биде од инокс, а истото важи и за печката. Опремата е целосно според системот за безбедност на храната, а и работните маси се од инокс. Станува збор за две кујни со повеќе од сто елементи, во кои влегуваат и мали уреди за сечкање салати, мешалки за тесто и шлаг“, велат во ЛТХ.
A1
edna od podobrite antikrizni merki