- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Тачи: Нов договор помеѓу Македонците и Албанците
Мендух Тачи
За помалку од два месеци, лидерот на ДПА Мендух Тачи, најави дека ќе го обелодени новиот договор помеѓу Македонците и Албанците.
Со него, вели Тачи, ќе се менува деградирачкиот однос кон секоја од партиите на Албанците која ќе се најде во владината коалиција.
„Коалициона влада со партнер, а не со пропорционална застапеност, и дефинитивно да се оспорува и овој проект кој потајно се работи, на етничка Македонија, на еден народ, и да се укажува дека мултиетничноста во Македонија е деградирана“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.
Тачи и со јасна порака до опозицијата. Договорот ќе бил тест за нив и за тоа колку се сериозни во намерата да се решат сите неправилности кои ги направиле владејачките партии.
„Проектот ќе биде тест за функционирање на институциите на државата, почнувајќи од Парламентот, па до политичките партии, било тие на Албанците или на Македонците. Мислам дека ќе биде добро да се тестира македонската опозиција, дали сериозно мислат да ги затвораме овие проблеми, или е тоа можеби следен блеф за придобивање политички поени, за утре да бидат на власт“, Тачи.
Договорот ќе бил понуден со почит кон сите институции, вклучувајќи ги Владата и Собранието. Со сугестии од сите политички партии, меѓународниот фактор како и повеќе универзитетски професори и аналитичари, ДПА најави измени во сите сфери каде партијата може да дејствува.
A1