Тачи: Нов договор помеѓу Македонците и Албанците

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Тачи: Нов договор помеѓу Македонците и Албанците


Мендух Тачи

За помалку од два месеци, лидерот на ДПА Мендух Тачи, најави дека ќе го обелодени новиот договор помеѓу Македонците и Албанците.

Со него, вели Тачи, ќе се менува деградирачкиот однос кон секоја од партиите на Албанците која ќе се најде во владината коалиција.

„Коалициона влада со партнер, а не со пропорционална застапеност, и дефинитивно да се оспорува и овој проект кој потајно се работи, на етничка Македонија, на еден народ, и да се укажува дека мултиетничноста во Македонија е деградирана“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Тачи и со јасна порака до опозицијата. Договорот ќе бил тест за нив и за тоа колку се сериозни во намерата да се решат сите неправилности кои ги направиле владејачките партии.

„Проектот ќе биде тест за функционирање на институциите на државата, почнувајќи од Парламентот, па до политичките партии, било тие на Албанците или на Македонците. Мислам дека ќе биде добро да се тестира македонската опозиција, дали сериозно мислат да ги затвораме овие проблеми, или е тоа можеби следен блеф за придобивање политички поени, за утре да бидат на власт“, Тачи.

Договорот ќе бил понуден со почит кон сите институции, вклучувајќи ги Владата и Собранието. Со сугестии од сите политички партии, меѓународниот фактор како и повеќе универзитетски професори и аналитичари, ДПА најави измени во сите сфери каде партијата може да дејствува.

A1
 
Договор веќе има со параф на сите 4 најголеми партии и на ЕУ и САД.

Тој договор важи и е на сила.

Менување значи војување.

Тачи малку серуцка бидејќи стана вејка на ветрот во опозиција. Ќе му мине.
 
мема промена од рамковниот...нема мрдање им одговара не им одговара тачи потпиша шо сега шлапа:tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Јас сум за менување на Рамковниот...особено делот со квотите кои Тачи ги спомнува...ОК е да нема квоти , меѓутоа не само помегу коалиционите партнери туку во сите сфери од животот...
 
Јас би рекол едно нешто... се додека гледаме партиска припадност и се делиме на албанци, македонци, срби, власи и тн, а не ја гледаме кадровската спремност на личноста ке не дупат сите како што ке стигнат.
 
Овој ТАчи само заговара нешто само преговара нешто :tapp: веќе досадно ми станува
 
после Срамковниот договор за нас Македонците, сакаат нов договор??абе ајдеее...шо е ова??ова не е бит пазар:pos2:
 
после Срамковниот договор за нас Македонците, сакаат нов договор??абе ајдеее...шо е ова??ова не е бит пазар:pos2:
Pa da de, ovoj nema da bide sramkoven poveke... zar ne go sakas i ti toa, da go nema sramkovniot? :)
 
Pa da de, zar ne sakas i ti nov ne Sramkoven dogovor? :)

Проблем е што до пред некоја година Срамковниот се славеше од страна на Албанците а за Македонците беше голем пораз и капитулација...

Денес кога тој договор е исполнет се јавуват нови желби...

Албанците треба да разберат дека Македонија не е дедомраз , за поклоните кога ќе досадат да се барат нови...

Јас и пред да се потпише бев за тоа сите граѓани да имат исти права и можности во државата ама истата да биде почитувана од сите граѓани...
Албанците беа тие кои сака 20% , 6%, 25%, 15%, 36%...
 
Секое политичко барање е прифатливо. Дали Тачи или било кој друг ќе успее да го наметне како сериозна тема на разговор во државата, тоа треба да видиме. Ние како морони преговараме за име на државата, а ни смета некој наш граѓанин кога ќе бара нешто по демократски пат.
 
Барат нов договор поради 2 можности-
1.Знаат дека ке го получат
2.Знаат дека никоj нема да ги сопре да го получат.

Подпишуването на првиот рамковен договор води до лавина от нови рамковни договори.
 
Барат нов договор поради 2 можности-
1.Знаат дека ке го получат
2.Знаат дека никоj нема да ги сопре да го получат.

Подпишуването на првиот рамковен договор води до лавина от нови рамковни договори.


Секоја лавина кога тогаш сопира...

А потоа знаеш што следи...
 
Секоја лавина кога тогаш сопира...

А потоа знаеш што следи...

Когато сопре "лавината",може веке да е касно.
Ке поживееме и ке видиме.
 
Когато сопре "лавината",може веке да е касно.
Ке поживееме и ке видиме.


Како и да е сигурен биди дека ваша помош не ни треба ...
Доволно беше НОЖ во ГРБ...
Овој пат ќе се справиме сами со предизвиците...на чисто да бидеме....
Зошто гледам дека едвај чекате некоја збрка во Македонија за да ќарите нешто...
Прочитана е таа политика...
И биди сигурен дека Македонија ќе излезе на крај со Албанците...
кога тогаш и тие ќе разберат дека треба да ја почитуват државата во која живеат...
 
Постои рамковен договор за сите барања на Албанците, нема што да бараат повеќе, потпишале ако не им одговара нека се селат или нека ќутат!
И мене не ми се допаѓа рамковниот што им дава толку права на Албанците, но потпишан е, КРАЈ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom