M
marsovka
Гостин
Енергетската војна продолжува по судовите
Освен 160-милионската тужба за анекс-договорот, која се смета за најголем стопански судски спор во историјата на Македонија,само ЕЛЕМ има поднесено уште најмалку четири тужби против ЕВН во македонските судови
Најмалку шест меѓусебни судски процеси во домашните и во странски судови и над една милијарда евра ги делат од помирување двете најголеми енергетски компании во Македонија, ЕВН и ЕЛЕМ, кои произлегоа по поделбата на Електростопанство во 2005 година.Војната меѓу двете компании кулминира пред околу еден месец, откако Основниот суд Скопје 2 донесе одлука ЕВН да му исплати 160 милиони евра на државниот ЕЛЕМ за ненаплатени стари побарувања според анекс-договорот за делбен биланс. Процесот е сега пред Апелацискиот суд, каде што ЕВН поднесе жалба. Доколку овој суд ја потврди одлуката на првостепениот, тогаш таа станува правосилна и ЕВН ќе мора да ги плати парите. Бидејќи ЕВН „Македонија“ објави дека нивните вкупни средства се речиси еднакви на 160 милиони евра, тоа би значело повторна ренационализација на ЕСМ дистрибуција.
Освен оваа тужба, која се смета за најголем стопански судски спор во историјата на Македонија, само ЕЛЕМ има поднесено уште најмалку четири тужби против ЕВН во македонските судови.Според адвокатот на „Електрани на Македонија“, Никола Додевски, постојат три тужби за испорачана а ненаплатена електрична енергија. Со овие три тужби ЕЛЕМ бара од Австријците да му платат дополнителни 20 милиони евра.
- Првата тужба за испорачана електрична енергија од ЕЛЕМ кон ЕВН, но ненаплатена, е поднесена во октомври минатата година за износ од 346.137.443 денари. Неколку месеци подоцна е поднесена втората тужба за 278.527.830 денари, а третата пред само неколку дена за 439.312.285 денари. Овие фактури се однесуваат за периодот од октомври 2008 година до април 2009 година и се без камата - изјави Додевски.
Се работи за различно толкување на Законот за енергетиката од страна на двете компании. Имено ЕЛЕМ, повикувајќи се на новиот Закон, вели дека цените треба да се либерализирани и повисоки. Од ЕВН, пак, велат дека ЕЛЕМ барал да се исплатат фактури по нови цени уште пред тие да поскапат. РКЕ ја поскапе цената на струјата во ноември, а ЕЛЕМ барал да се плаќа по нови цени уште во октомври. Тогаш РКЕ дозволи да поскапи струјата за крајните потрошувачи за 13,6 отсто, од кои 113 отсто поскапе цената на пренос на струја на МЕПСО, за 37 отсто поскапе производната цена на ЕЛЕМ, додека онаа на ЕВН само за 1,4 отсто.
- Реално гледано, тогаш цената беше 1,3 денар за киловат-час, а ние до тогаш му плаќавме 1,8 денар на МЕПСО. Откога ЕЛЕМ го замени МЕПСО и почна да тргува со струјата што ја произведува, тие ни бараат многу поголема цена вадејќи се на Законот за енергетиката. Врз основа на таа комбинација, Закон плус цени, трошоците на компанијата драстично се зголемија. Тоа беше страшно голем финансиски шок за компанијата. Поради тоа моравме да бараме помош во пари од централата во Виена - изјавија од ЕВН.
Четвртата тужба од ЕЛЕМ против ЕВН, според адвокатот Додевски, е за неовластено узурпирање на покривот на зградата во центарот на Скопје со рекламното пано.
- Тоа е направено без согласност од косопственикот на зградата, односно ЕЛЕМ. Паното е поставено во текот на неработни денови и тоа во енормни димензии. Се бара привремена мерка да се отстрани целата реклама - вели Додевски. За петтата тужба веќе има одлука на Основниот суд Скопје 2 за исплата на 160 милиони евра (100 милиони ненаплатени стари побарувања плус камата). ЕВН поднесе дополнителна противтужба за овој случај со која бара да му бидат платени трошоците за 400.000 спорови за ненаплатени сметки. Но судијката не ја прифатила. На ова следуваше реакција на Австријците со тужба пред Арбитражниот суд во Вашингтон против Македонија. Според портпаролот на ЕВН „Македонија“, Ленче Карпузовска, тужбата пред арбитражата во Вашингтон против Република Македонија содржи повеќе елементи поради кои ЕВН трпи загуби уште од 2006 година наваму. Ако судот пресуди во полза на ЕВН, се очекува Македонија како отштета да плати најмалку 500 милиони евра.
- Тужбата се однесува на дискриминација на цена, неприклучување на големи градежни објекти, мобилизирање на сите државни институции за барање незаконски дејствија во компанијата, спречување увоз по пониски цени од оние на ЕЛЕМ, нарушување на имиџот на компанијата преку директни изјави на премиерот и на други претставници на власта - набројува Карпузовска, додавајќи дека чашата се прелеала со тужбата и одлуката на Судот за Анексот на договорот за порамнување меѓу ЕСМ и ЕЛЕМ.Ако се соберат бараните пари во меѓусебните тужби на ЕЛЕМ, како 100 отсто државна компанија и Австриска ЕВН, тогаш сумата достигнува повеќе од една милијарда евра.
Горан Ризаов
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D0E6C42DE6D0B24DBB8DA4D9038A05D0