Енергетската војна продолжува по судовите

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Енергетската војна продолжува по судовите
Освен 160-милионската тужба за анекс-договорот, која се смета за најголем стопански судски спор во историјата на Македонија,само ЕЛЕМ има поднесено уште најмалку четири тужби против ЕВН во македонските судови
5B2D0E4CB6F48744B128366B3CDEBF0A.jpg

Најмалку шест меѓусебни судски процеси во домашните и во странски судови и над една милијарда евра ги делат од помирување двете најголеми енергетски компании во Македонија, ЕВН и ЕЛЕМ, кои произлегоа по поделбата на Електростопанство во 2005 година.Војната меѓу двете компании кулминира пред околу еден месец, откако Основниот суд Скопје 2 донесе одлука ЕВН да му исплати 160 милиони евра на државниот ЕЛЕМ за ненаплатени стари побарувања според анекс-договорот за делбен биланс. Процесот е сега пред Апелацискиот суд, каде што ЕВН поднесе жалба. Доколку овој суд ја потврди одлуката на првостепениот, тогаш таа станува правосилна и ЕВН ќе мора да ги плати парите. Бидејќи ЕВН „Македонија“ објави дека нивните вкупни средства се речиси еднакви на 160 милиони евра, тоа би значело повторна ренационализација на ЕСМ дистрибуција.

Освен оваа тужба, која се смета за најголем стопански судски спор во историјата на Македонија, само ЕЛЕМ има поднесено уште најмалку четири тужби против ЕВН во македонските судови.Според адвокатот на „Електрани на Македонија“, Никола Додевски, постојат три тужби за испорачана а ненаплатена електрична енергија. Со овие три тужби ЕЛЕМ бара од Австријците да му платат дополнителни 20 милиони евра.

- Првата тужба за испорачана електрична енергија од ЕЛЕМ кон ЕВН, но ненаплатена, е поднесена во октомври минатата година за износ од 346.137.443 денари. Неколку месеци подоцна е поднесена втората тужба за 278.527.830 денари, а третата пред само неколку дена за 439.312.285 денари. Овие фактури се однесуваат за периодот од октомври 2008 година до април 2009 година и се без камата - изјави Додевски.

Се работи за различно толкување на Законот за енергетиката од страна на двете компании. Имено ЕЛЕМ, повикувајќи се на новиот Закон, вели дека цените треба да се либерализирани и повисоки. Од ЕВН, пак, велат дека ЕЛЕМ барал да се исплатат фактури по нови цени уште пред тие да поскапат. РКЕ ја поскапе цената на струјата во ноември, а ЕЛЕМ барал да се плаќа по нови цени уште во октомври. Тогаш РКЕ дозволи да поскапи струјата за крајните потрошувачи за 13,6 отсто, од кои 113 отсто поскапе цената на пренос на струја на МЕПСО, за 37 отсто поскапе производната цена на ЕЛЕМ, додека онаа на ЕВН само за 1,4 отсто.

- Реално гледано, тогаш цената беше 1,3 денар за киловат-час, а ние до тогаш му плаќавме 1,8 денар на МЕПСО. Откога ЕЛЕМ го замени МЕПСО и почна да тргува со струјата што ја произведува, тие ни бараат многу поголема цена вадејќи се на Законот за енергетиката. Врз основа на таа комбинација, Закон плус цени, трошоците на компанијата драстично се зголемија. Тоа беше страшно голем финансиски шок за компанијата. Поради тоа моравме да бараме помош во пари од централата во Виена - изјавија од ЕВН.
Четвртата тужба од ЕЛЕМ против ЕВН, според адвокатот Додевски, е за неовластено узурпирање на покривот на зградата во центарот на Скопје со рекламното пано.

- Тоа е направено без согласност од косопственикот на зградата, односно ЕЛЕМ. Паното е поставено во текот на неработни денови и тоа во енормни димензии. Се бара привремена мерка да се отстрани целата реклама - вели Додевски. За петтата тужба веќе има одлука на Основниот суд Скопје 2 за исплата на 160 милиони евра (100 милиони ненаплатени стари побарувања плус камата). ЕВН поднесе дополнителна противтужба за овој случај со која бара да му бидат платени трошоците за 400.000 спорови за ненаплатени сметки. Но судијката не ја прифатила. На ова следуваше реакција на Австријците со тужба пред Арбитражниот суд во Вашингтон против Македонија. Според портпаролот на ЕВН „Македонија“, Ленче Карпузовска, тужбата пред арбитражата во Вашингтон против Република Македонија содржи повеќе елементи поради кои ЕВН трпи загуби уште од 2006 година наваму. Ако судот пресуди во полза на ЕВН, се очекува Македонија како отштета да плати најмалку 500 милиони евра.

- Тужбата се однесува на дискриминација на цена, неприклучување на големи градежни објекти, мобилизирање на сите државни институции за барање незаконски дејствија во компанијата, спречување увоз по пониски цени од оние на ЕЛЕМ, нарушување на имиџот на компанијата преку директни изјави на премиерот и на други претставници на власта - набројува Карпузовска, додавајќи дека чашата се прелеала со тужбата и одлуката на Судот за Анексот на договорот за порамнување меѓу ЕСМ и ЕЛЕМ.Ако се соберат бараните пари во меѓусебните тужби на ЕЛЕМ, како 100 отсто државна компанија и Австриска ЕВН, тогаш сумата достигнува повеќе од една милијарда евра.
Горан Ризаов

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D0E6C42DE6D0B24DBB8DA4D9038A05D0
 
......Најмалку шест меѓусебни судски процеси во домашните и во странски судови и над една милијарда евра ги делат од помирување двете најголеми енергетски компании во Македонија, ЕВН и ЕЛЕМ......

E pusta glava inaetciska. Sega narodot ke treba da istrese edna milijarda evra. Samo od kade?!?!?!?? :tapp:
 
Мојот коментар е следен : :kafe:
 
E pusta glava inaetciska. Sega narodot ke treba da istrese edna milijarda evra. Samo od kade?!?!?!?? :tapp:

Всушност затоа и се продадоа сите “златни кокошки“ во оваа држава,во која народот плаќа милјарди евра на оние кој ги направија договорите за матните и секогаш криминални купопродаѓби.:toe:
 
Всушност затоа и се продадоа сите “златни кокошки“ во оваа држава,во која народот плаќа милјарди евра на оние кој ги направија договорите за матните и секогаш криминални купопродаѓби.:toe:

Jas navistina ne znam kakvi asovi si drzat vo rakav i ednite i drugite, sto niedna revizija i niedna tuzba ne e pokrenata kako sto treba i isterana do kraj? Ocigledno koj i da dojde na vlast, sekomu mu odgovara da si premolcuva za greskite na drugiot, oti i sam e vo g*vna do gusa.
 
Всушност затоа и се продадоа сите “златни кокошки“ во оваа држава,во која народот плаќа милјарди евра на оние кој ги направија договорите за матните и секогаш криминални купопродаѓби.:toe:
Мене ми доаѓа едно прашање на ум
Бидејќи преосеќам дека еден дел од пресудаат е да влаДАТа ПОМОГНЕ ПРИСИЛНО ДА СЕ НаПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ .Дали некој овде воопшто е свесен дека илјадници граѓани не можат да платат за струја поради секономската криза и опшатта немаштија што владее?

Дали некој воопшто е свесен дека може да избијат немири и ова да биде последната капка во чашата полна со гнев на граѓаните и се прелее на нашите улици и излее врз нечиј имот и тело?
И на крај некој друг ќе им биде крив:uvo:
 
Ocigledno koj i da dojde na vlast, sekomu mu odgovara da si premolcuva za greskite na drugiot, oti i sam e vo g*vna do gusa.
Ако може да направам една споредба на оваа продажба на ЕВН со онаа на Окта.
ДПМНЕ ја продаде Окта со штетен договор за Македонија како држава (си лапнаа добра провизија). Другиве сакаа како демек да ја исправат грешката па пробаа со поништвања на договор ова она да лапнат и тие некое процентче ама на крај пак го изеде државата на судот во Стразбур па ни одредија и казна од некои 50 милиончиња кој пак со никаков договор за монопол на Окта ги компензиравме.
Вториов случај.
СДСМ со лош договор (со опростување на долг, исто за добра провизија) го продаде дел од ЕСМ (дистрибуција) на ЕВН и сега мајчиниов Чинговски, кој сака да единствениот што ќе пали гаси со струјата (единствен ГАЗДА), ќе го наплаќал долгот. :uvo:
ЕВН си го има договорот во нејзина корист, нашиве се повикуваат на НОВ закон за енергетика (оспорен од сите) специјано скроен за оваа намена.
Многу е лесно да се предвиди дека однапред губиме на меѓународен суд и дека пак ќе ни закачат некоја дебела казна која што ќе ја плаќа народот.
До кога вака???
Додека не му скисне на народот кој што е премногу толерантен кон сите испади на нашиве политичари.
 
Мене ми доаѓа едно прашање на ум
Бидејќи преосеќам дека еден дел од пресудаат е да влаДАТа ПОМОГНЕ ПРИСИЛНО ДА СЕ НаПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ .Дали некој овде воопшто е свесен дека илјадници граѓани не можат да платат за струја поради секономската криза и опшатта немаштија што владее?

Дали некој воопшто е свесен дека може да избијат немири и ова да биде последната капка во чашата полна со гнев на граѓаните и се прелее на нашите улици и излее врз нечиј имот и тело?
И на крај некој друг ќе им биде крив:uvo:

Проблемот е во тоа што ЕВН не направи доволно заложби за да ги наплати долговите кој ги превзеде со самото купување на ЕСМ.Инаку никој будала не би им продал фирма што вреди 400 милиони евра за 200 милиони,без разлика дали тоа било од страна на власта или опозицијата.
 
абц не заебавај имаше пред тоа фрки околу тоа што исклучуваа цели села бидејќи не можеле да влезат внатре
Потоа донесоа како доказ тужбите и барањата за да си ги наплатат неплатените долгови кои се заглавени во основен суд

Абц ова само ќе го притиснат народот ништо више ,ова уствари обид да се доцеди некое милионче за да се пополни дупкат во буџетот
И тоа очаен,толку очаен говори фактот дека скоро сето земјиште кое не е продадено а е во сопственост на владат е на лицитација.

Овие од влада се во големи гомна со финансиите што прават очајни потези а колку е лошо сево ова иди читај во економија имаш неколку теми за тоа

да не споменувам дека ни се заканува дефлација која ќе го дотолчи просечниот граѓанин
 
Само ти можеш вака да ја свртиш темата во друг правец (кој тебе ти одговара)...
Значи запамти EVN има обврска да си наплати, нивен проблем како ќе го направат тоа.
Дали ќе одат со полиција, обезбедување, војска нивна работа.

Еве ти уште еднаш...

Позајмено од Братот Цитирам:

“анексот е јасен, ова не е долг на ЕВН кон ЕЛЕМ, туку е на потрошувачите кон ЕЛЕМ, а ЕВН наследил обврска да го наплати од потрошувачите тој стар долг, а откако граѓаните ќе го подмират, ЕВН да му префрли на ЕЛЕМ 50%

Околу овој долг на ЕВН спорат.

ЕВН сега вели дека нема да го исплати, иако веќе 4% исплатил.

Значи првин прифатил, а кога увидел дека тешко ќе оди собирањето на долговите, сака да се повлече.
 
Евн наследил да ,ама владат е должна да обезбеди услови за наплата
Или пак треба да напоменувам дека се дигнаа сите на нозе бидејќи евн исклучувал цели села поради тоа што не можел да влезе во селата i одделно да исклучува домаќинствават?
:tv:
Нејсе ајде нека ти биде чим така велиш (џабе расправам)
врз таа основа ќе изгубат не создавање услови за наплата
 
Ало, администратори, модератори кај сте?

Спојте ги топиците за ЕВН, оваа марсовкава отвори 1000 наслови за една иста тема....

Мој коментар. ЕВН веќе уплати 4% од долгот кон ЕЛЕМ, што во секое право значи дека го прифаќа долгот.
Кутрински, Рест, Древник, Шлиц, Б1, Амфа и Дреме, упорно овој факт го премолчуваат, зошто се платени само да лајат против владата и Македонија.
 
Мене ми доаѓа едно прашање на ум
Бидејќи преосеќам дека еден дел од пресудаат е да влаДАТа ПОМОГНЕ ПРИСИЛНО ДА СЕ НаПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ .Дали некој овде воопшто е свесен дека илјадници граѓани не можат да платат за струја поради секономската криза и опшатта немаштија што владее?

Тие илјадници граѓани сакаат-не' сакаат,било криза економска или не,ќе мора да платат,принудно со извршители.
И тоа не само сметките за струја што ќе мора да се платат,туку и вода,комунални услуги,кредити и слично.Во спротивно извршителите ќе повлекуваат пари од банкарските сметки на должниците.
Наздравје :kesa:

во најлош можен момент ?
Без ниакква помош олеснување ?
Владата наместо да се договори со евн некако да замрзне плаќање не знам што ти ми не ,она со нејзе отвара војна ?
Јас реков оваа влада сака анархија изледа за да се свести
Сака да бидеме грција втор дел на македонски начин
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom