Се бојкотира наставата поради името на училиштето во Гостивар

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Се бојкотира наставата поради името на училиштето во Гостивар
Револтирани поради промената на името на гостиварското основно училиште од „Братство-единство“ во „Башкими“, родителите на околу 1.000 ученици што учат на македонски наставен јазик од денеска нема да ги пуштат децата на настава. Како надлежен за решавање на проблемот, од иницијативниот одбор на родители го посочија министерот за образование Перо Стојаноски.

- Министерот не не' удостои ниту на второто писмо. Предупредивме на последиците, но никој не наоѓа за потребно да го реши ова прашање - велат од иницијативниот одбор на родители и нагласуваат дека иницијативата ја потпишале 700 родители, а останатите дале поддршка.Бојкотот на наставата велат дека ќе трае се' до изнаоѓање на соодветно решение, а доколку не се најде, родителите нема да ги запишат децата и во наредната учебна година од наесен. Проблемите во ова гостиварско училиште почнаа пред една година, по одлуката да се преименува во „Башкими“. Како последица од ова, 800 ученици се' уште не ги зеле ланските свидетелствата.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=73442A3DC83DCD46889FD4C5C9AA8CF
 
А што очекуваат тие луѓе од таму, училиштето да се вика Гоце Делчев???Не ме разбирајте погрешно, но и да сака министерот да интервенира неможе а зошто, зошто ние така потпишавме се сеќавате.
 
Што треб да направи министерот? Да разрешува хипотетични дилеми кои се влечат со години?
Образование нема врска со политика. Кој одлучува за имиња на школите го има правото неговиот збор да биде конечен. Во случајов мислам дека е тоа локалната власт.

Грешка кај министерот е што треба да излезе и ова да им го објасни на лугето.
 
Од лошо полошо го смениле. :)
 
А што очекуваат тие луѓе од таму, училиштето да се вика Гоце Делчев???Не ме разбирајте погрешно, но и да сака министерот да интервенира неможе а зошто, зошто ние така потпишавме се сеќавате.
јас и мојата дамилија како што се сеќавам НИШТО НЕМАМЕ ПОТПИШАНО за таква работа..а ако мислиш на Срамковниот од страна на 4-ца е тоа е веќе друго.....зашто 90%од мАКЕДОНЦИТЕ никој не сакаше да го смени УСТАВОТ
а за школото,најдобро решение е како што прават ОНИ бојкот на наставата,неплаќање државни сметки,блокирање патишта известување на меѓународната заедница за ЗАГРОЗУВАЊЕ на т.н."мултиетничноста" И ПРОБЛЕМОТ е РЕШЕН!!!
 
Аха, а кај бевме да протестираме?????
Што, еднаш што влеговме во Собрание, и на крај што се случи, го фативме Љубчо, Б.Ц. го фативме, да не лежеа во затвор случајно??
Не, едниот и ден денес си доаѓа со неговиот бугарски пасош во државава кога сака, а другиот до вчера беше претседател.А Македонецот како и обично, ич уво не го боли, си го гледа својот интерес.
 
А што очекуваат тие луѓе од таму, училиштето да се вика Гоце Делчев???

Тие луѓе од таму,се МАКЕДОНЦИ,Гостивар е дел од Македонија,МАКЕДОНСКИ ГРАД,нели?Нормално е да очекуваат да се вика Гоце Делчев :toe:
 
Што сака нека се, таму се знае кој се мнозинство, и инаку јас очекувам да се вика Гоце Делчев, ама и да сакам нема да се вика а зошто самата процени.
 
точно,неможе во Македонски град Албански имиња да ни даваат на школи.
 
Аха, а кај бевме да протестираме?????
Што, еднаш што влеговме во Собрание, и на крај што се случи, го фативме Љубчо, Б.Ц. го фативме, да не лежеа во затвор случајно??
Не, едниот и ден денес си доаѓа со неговиот бугарски пасош во државава кога сака, а другиот до вчера беше претседател.А Македонецот како и обично, ич уво не го боли, си го гледа својот интерес.
не знам за тебе(бидејќи лично не те познавам) кај беше, но јас барем знам дека протестирав, и јас СУМ ЗА ден денес да ги плукаме,омалажуваме на улици,анкети,весници,ТВ(зашто не уништија по 2 пат и пак никому ништо) НО ПО СЕ ИЗГЛЕДА јас ќе испаднам поголем деген,кретен и морон, зашто кај нас НЕРВОЗАТА трае НЕЦЕЛИ 2 месеци
 
Што сака нека се, таму се знае кој се мнозинство, и инаку јас очекувам да се вика Гоце Делчев, ама и да сакам нема да се вика а зошто самата процени.

Ај ако не сите школи да се викаат Гоце Делчев, и сите градови да имаат по еден Александар Македонски, и сите улици Даме Груев да се викаат.

точно,неможе во Македонски град Албански имиња да ни даваат на школи.

Е што бе, Братство единство преведено на албански, Башкими, исто му е :)

А тоа, одлучува локалната власт,која што моментално е предводена од Руфи Османи. И мене не ми се допаѓа што ми градат цркви и џамии со мои пари, ама локалната власт така одлучува...Така да...
 
не знам за тебе(бидејќи лично не те познавам) кај беше, но јас барем знам дека протестирав, и јас СУМ ЗА ден денес да ги плукаме,омалажуваме на улици,анкети,весници,ТВ(зашто не уништија по 2 пат и пак никому ништо) НО ПО СЕ ИЗГЛЕДА јас ќе испаднам поголем деген,кретен и морон, зашто кај нас НЕРВОЗАТА трае НЕЦЕЛИ 2 месеци

Брат, како Македонец и мене многу работи ме болат, премногу, и мразам кога ги пишувам некои работи ама тие се вистината за мене, за таа ситуација што се случи самите ние сме си криви, никој не ни е крив.Не викам дека ние ја сносиме целата вина,значи тука се криви и други фактори али најголемиот дел од вината ние ја носиме.
Само се надевам повеќе ќе дискутираме за ова во некоја друга тема, темата сега е нешто сосем друго.
Поздрав до тебе.
А ти ако си протестирал тогаш од мене имаш едно браво и алал да ти е, ама не е битен почетокот, битен е крајот.Зошто и јас сум протестирал, за многу работи, ама крајот пак останувал ист.

Ај ако не сите школи да се викаат Гоце Делчев, и сите градови да имаат по еден Александар Македонски, и сите улици Даме Груев да се викаат.

Кажи а, исто како што не треба да се има Бурмали џамија сред центар, така и ова.
 
Тие луѓе од таму,се МАКЕДОНЦИ,Гостивар е дел од Македонија,МАКЕДОНСКИ ГРАД,нели?Нормално е да очекуваат да се вика Гоце Делчев :toe:
Kako sto normalno e da ocekuvaat da se vika Mithat Frasheri na primer. :toe::toe::helou::helou:

Albanski grad. Pomiri se.... ili pak pukni...imas bajagi izbor :):):toe:

точно,неможе во Македонски град Албански имиња да ни даваат на школи.
E moze be.

Aj sea idi kaj mama da places i da cicas mleko, oti bato Quark rekol deka moze. :)
 
Kako sto normalno e da ocekuvaat da se vika Mithat Frasheri na primer. :toe::toe::helou::helou:

Albanski grad.

Доста бе провоцираш.
Заеднички, наш е градот и нема ништо лошо да биде преименувано во Башкими училиштето.
Само не ми е јасно како не се создала поголема меѓусебна доверба до сега, сепак тоа е клуч кон реализација на вакви решенија.
Ај за компромис, нека биде Башкими и во загради Братство и единство.
(нема врска со Република Македониџа (Скопџе)).
 
Е да си ми здрав ова што го напиша. Зашто бе да не се вика Братство- Башкими, Башкими- Братство(сеедно)? Нели така сите би биле некако помирни.

Патем истиов проблем беше и лани, протестирања, кај директорката одења, па до министерот стигна и се одложи проблемот- ете го сега пак. Али некој така тивко си работи и полека поелка си ги подредува работите на поштен начин. Лани имаа проблем полуматурантите со сведителствата ради тоа, за уписите сведителства немаа :tapp: И пак од се ова учениците страдаат, а тоа професорите молчат ко сучки :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom