Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Не заебавај!?! Па за да не е проблем, тогаш ќе го поразиме Лацио.
 

HardRock

Rock n roller
Член од
22 септември 2007
Мислења
71
Поени од реакции
24
Abe Milan ke tepa 100% !!!
Kaj Lazio samo Pandev im vredi drugive se trupoi:)
FORZA MILANN!!!!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.478
Поени од реакции
5.450
ДОКОЛКУ НЕ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЈУВЕ

Дел Пјеро во Милан?
Италијанските медиуми најавија дека Алесандро дел Пјеро многу лесно би можел да заврши во тимот на Милан доколку не биде надмината кризата во преговорите за нов договор со Јувентус.
Спортскиот директор на Јуве, Алесио Секо, пред неколку дена призна дека разликите на двете страни во преговорите тешко можат да бидат надминати, по што с$ почесто се шпекулира за заминувањето на Дел Пјеро од таборот на Старата дама.
Интересно е што првиот човек што јавно изрази заинтересираност за "Пинтуричио" е актуелниот шеф на стручниот штаб на Милан, Карло Анчелоти.
"Доколку Дел Пјеро биде достапен како слободен фудбалер, ние би биле луди да не се обидеме да го ангажираме. Станува збор за еден од најдобрите италијански напаѓачи во последните десетина години и за него сигурно ќе се најде место во нашиот тим", прокоментира Анчелоти, кој имаше одлична соработка со "Пинтуричио" додека седеше на клупата на Јуве.
_____________________________________________________________
ПО ГЛУМАТА НА ГОЛМАНОТ НА МИЛАН ВО ГЛАЗГОВ

"Росонерите" во одбрана на Дида
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани, застана во одбрана на Дида откако чуварот на мрежата на "росонерите" беше остро критикуван за својата глума во финишот од мечот со Селтик.
Само за потсетување, еден шкотски навивач влета на теренот и само малку го закачи Дида, по што Бразилецот ги покажа своите актерски способности, и на носилки беше изнесен од теренот во Глазгов.
"Луѓето од таборот на Селтик прават с$ да изгледа како да е вина на Милан, или поточно на Дида. Тоа апсолутно не е фер. Доколку Селтик ги преземеше сите потребни сигурносни мерки, немаше да биде возможно навивачот да влета на теренот и да го удри нашиот голман. Не е важно каков бил ударот, тој навивач никако не смееше да се најде на теренот. Ние експресно објавивме дека не планираме никаква жалба, покажавме стил, но сигурно не очекувавме дека луѓето од управата на Селтик ќе се обидат да ја префрлат вината на наша страна", изјави Галијани.
____________________________________________________________
КАКА ПОЧНА ДА ФЛЕРТУВА СО ГИГАНТИТЕ ОД ПРИМЕРА ДИВИЗИОН

Сакам да играм во Шпанија
Неколкуте слаби резултати во серија на Милан придонесоа да дојде до незадоволство и кај најдобриот фудбалер на "росонерите", Кака.
Бразилецот летово ја одби понудата на Реал Мадрид и реши да остане на Сан Сиро, но полека но сигурно почнува да жали за својата одлука. Имено, Кака во својата вчерашна изјава за весникот "Марка" открива дека би сакал да заигра во шпанската Примера дивизион.
"Милан е голем тим, но јас не планирам целата кариера да ја минам тука. Моја огромна желба е да заиграм во Шпанија, или во Реал Мадрид или во Барселона. Сите зборуваат за квалитетот на англиската лига, но јас не сакам да заминам таму бидејќи според мене најубавиот фудбал се игра во Шпанија. Таму екипите многу полесно ја движат топката, а тоа е стил на игра што сосема ми одговара", изјави Кака.
Бразилскиот интернационалец напомена дека не размислува премногу за шпекулациите дека ќе стигне до престижната награда "Златна топка" за најдобар фудбалер во Европа за оваа 2007 година.
"Би ми било мило да стигнам до оваа награда, но тоа не ми е опсесија. За мене најважно е Милан повторно да победува, приоритет ни е повторно да славиме во Лигата на шампионите бидејќи ниту една екипа не го одбранила трофејот во ова натпреварување", заврши најдобриот фудбалер на "росонерите".


p.s. ШПЕКУЛАЦИИ КОЛКУ САКАШ...
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Аман бе... зар ќе стане пензионерски клуб Милан?!? Освен тоа се најавува дека и 37 годишниот Перуци има шанси да се повлече од пензија и да застане на голот на Милан.... Ако ова се реализира, честито и официјално сме ПРВИ во европа со најстара актуeлна екипа....
http://ac-milan-macedonia.blogspot.com/


 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Аман бе... зар ќе стане пензионерски клуб Милан?!? Освен тоа се најавува дека и 37 годишниот Перуци има шанси да се повлече од пензија и да застане на голот на Милан.... Ако ова се реализира, честито и официјално сме ПРВИ во европа со најстара актулена екипа....
Немој ти многу да се плашиш. Тоа што го пишува во весниците се шпекулации. Само следи го примерот како ги зедовме Златан, Суазо, Дрогба, Шевченко, Роналдињо. Уживај си.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Немој ти многу да се плашиш. Тоа што го пишува во весниците се шпекулации. Само следи го примерот како ги зедовме Златан, Суазо, Дрогба, Шевченко, Роналдињо. Уживај си.
И ХОУП СОО ...само едно е очигледно ...потребна е свежа крв... значи млади играчи во Милан... бар 3 млади играчи треба да се доведат во тимот за да има рамнотежа во тимот во корелација младост-старост..
Плус тоа.. мислам дека во тимот играчите како Пирло, Гатузо, Сидорф немаат многу конкуренција и имаат осигурано место во првиот тим... значи кога би се довоеле нови млади играчи со тоа и би имало конкуренција за првиот тим....
П.С. Не знам зошто не добива повеќе минути Горкуф... тоа ме иритира.. докажа голема желба за игра против Селтик..дури мислам дека треба да е во првиот тим....
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
И ХОУП СОО ...само едно е очигледно ...потребна е свежа крв... значи млади играчи во Милан... бар 3 млади играчи треба да се доведат во тимот за да има рамнотежа во тимот во корелација младост-старост..
Плус тоа.. мислам дека во тимот играчите како Пирло, Гатузо, Сидорф немаат многу конкуренција и имаат осигурано место во првиот тим... значи кога би се довоеле нови млади играчи со тоа и би имало конкуренција за првиот тим....
П.С. Не знам зошто не добива повеќе минути Горкуф... тоа ме иритира.. докажа голема желба за игра против Селтик..дури мислам дека треба да е во првиот тим....
Се во свое време. Треба да излезе Сидорф, па за да влезе Гуркуф. Е сега вечерва нема да игра Јанкуловски, а можно е да не игра и Амброзини. Да се надеваме дека на Гуркуф денес ќе му се даде шанса, и ако му се даде нека ја користи до максимум, за да не се мачи да влегува во игра од клупата.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.478
Поени од реакции
5.450
Се во свое време. Треба да излезе Сидорф, па за да влезе Гуркуф. Е сега вечерва нема да игра Јанкуловски, а можно е да не игра и Амброзини. Да се надеваме дека на Гуркуф денес ќе му се даде шанса, и ако му се даде нека ја користи до максимум, за да не се мачи да влегува во игра од клупата.
Не игра Јанкуловски ? тоа значи дека дедо Фавали ќе заземе место...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom