P
Princ
Гостин
Македонија наскоро ќе добие Авганистанци за државјани. 15 Авганистанци бараат азил во Македонија, но нивниот пример можат да го следат и останатите 32-ца Авганистански државјани кои по илегалниот премин од Грција, се сместени во Центарот за странци во Скопје.
По бунтот во Центарот, со барање да бидат пуштени или да разговараат со премиерот Груевски, или претседателот Иванов, Македонските власти им соопштиле дека можат да побараат азил кои некои од нив веднаш го прифатиле.
„Добро е во Македонија. Македонската Влада е добра. Ми олесна мене и на другите. Немавме проблеми со полицијата и во владата“, изјави азилант.
„Имам право како и секој млад човек во другите земји, како што прават тие... на пример, потребно ми е за живот, потребно ми е за образование, за да се образувам и да сторам нешто за мојот народ, за нашиот народ, за моите родители, за да бидам добар во иднина“, рече азилант.
Бројот на илегалци од Грција се зголемува во последниве два три месеци, па македонските гранични органи се сомневаат дека грчките гранични служби намерно ги пуштаат Авганистанците да преминат на македонска територија. Грчката Влада не го почитува договорот за реадмисија потпишан со ЕУ, според кои треба да ги врати на своја територија илегалците од Македонија, кои поседуваат грчки документи со кои се докажува дека претходно престојувале во Грција.
„Не се враќам во Авганистан. Не се враќам во Авганистан, не се враќам во Грција“, вели азилант.
Засега од ЕУ нема реакција за грчкото непочитување на договорот за реадмисија, иако тоа беше една од работите за кои Македонија беше оценувана за да и се одобри визна либерализација.
Согласно договорот, заедничката комисија за спроведување на реадмисијата треба да се состане дури наесен, и тогаш Македонија ќе побара објаснување зошто Грција не го почитува договорот. Дотогаш за сместувањето на се поголем број на авганистански илегалци, Македонија ќе троши огромни средства од буџетот.
Извор - А1