Велешанец (КАЈГАНЏИЈА!) исчезна во водите на Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата аце_шваба
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
veles-vardar.jpg

Потрагата по момчето започна вчера вечер

Дваесетгодишниот Велешанец, Љупчо Солев, исчезна синоќа во водите на реката Вардар. Заедно со својот врсник Б.С., вчеравечер околу 19 часот, Љупчо седел на брегот на Вардар, во близина на ликовниот салон, во центарот на Велес.
Во еден момент, тој се затетеравил, паднал во реката и потонал, а неговиот другар не успеал да му помогне. Според исказот на Б.С., кој случајот го пријавил во полиција, двајцата другари претходно купиле лепак и на брегот на Вардар „дувале“ од него.
Љупчо станал, направил неколку чекори кон водата, се затетеравил и паднал во реката. Неговиот другар помислил дека глетката која ја видел е халуцинација од лепакот, па не скокнал да му помогне на момчето. Б.С. изјавил дека на местото каде потонал, ја видел капата која ја носел Љупчо, како плови по водата.
Потрагата по момчето започнала вчера вечер, кога кајакари од локалниот клуб безуспешно го пребаруваа местото. Од утрово, екипа нуркачи на МВР го пребаруваат Вардар, но засега од момчето нема трага.

А1.

Инаку се работи за кајганџија и лично мој пријател и другар, колку и да сакам информацијава да е лажна таков муабет се врти по градот а еве сега и на А1
се работи за Fabullous_178
 
Da mu ebam mater na taa drogata cela omladina ni izgina od nejze.. Uste eden mlad zivot..
 
дрога или не човекот е закон, штета за него вака мизерно да заврши
 
Која карма човече, а беше најгласниот дека марихуаната (дрогата) не е штетна по животот.

Да се надеваме дека ќе го пронајдат жив и здрав, иако мали се шансите. Премногу :(
 
ц ц ц ц ... загреови детето ...
 
Како што ми изгледет работиве, заминат е, нажалост. :(
Уште еден млад живот згасна од небрежност.
Бог да го прости.
 
Баш му ги гледам темите кој ги отворил и ми изгледа за сосема нормално човече. Доколку е вистина тешка трагедија.
 
Излишен е секој коментар,стварно незнам што би кажал...

Ало бе клошари,лепакот е измислен за цигани,да ви е... :nerv:
 
Страшно.
Се надевам дека ќе го најдат жив..
 
Еве еден негов интересен пост:

"Мака ми е оти одново и одново ги повторувам истите грешки и поради тоа константно повторување,страда квалитетот на мојот живот.
Мака ми е шо во моментов не сакам да видам жива душа околу мене,едноставно сакам да седам сам тука,без никакви контакти,освен со самиот себеси.
Мака ми е зошто сум дозволил да дојдам до ваква состојба на умот,иако сум знаел уште од претходно дека одам во ваква насока,сепак,не сум направил ништо за да го спречам тоа,туку во духот на моето вечно размислување,сум рекол само:Let it be!!!
Мака ми е,зошто дозволувам да ми е мака за било што,наместо да бидам таму некаде надвор и да уживам во сето тоа што го нуди животот.
И на крај,мака ми е коа ќе помислам на должината на периодот кој ќе треба да помине за раните да се излечат.Знам дека ќе дојде и тоа време,сепак,глупо е шо ќе трае премногу долго.
Маки!!!"
 
Останав без зборови ... навистина трагедија :cry:
 
Тибам животот :S

се надевам на добро :( :( :(
 
Sosema jasno, zalosno e bilo koj mlad covek vaka da zavrshi.. tragedija.
уште не сме сигурни дека завршил не ја брзајте предвреме
можеби мали се шансите ама надежта последна умира
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom