Дали знаеш дека китот има закржлавени задни нозе? (демек бог се премислил среде креирање на китот и рекол “а бе нека плива ова нешто“)
Дали знаеш дека кртот и човечката рипка имаат очи кои не функционират (демек бог му дал очи а да не глредаат)
Дали знаеш дека мажите имаат цицки и брадавици а не даваат млеко (демек бог создал човек по своја лика и му обесил напред нефункционални цицки)
Дали знаеш дека човек има слепо црево - закржлавен орган кој не служи за ништо освен да се воспали и направи компликации (демек бог така ставил вишок дел бескористен во телото)
Дали знаеш дека змиите имаат закржлавени стапала (демек бог не бил сигурен до последно дал да лазат или одат)
Дали знаеш дека и папата и владиката кога ќе се разболат со инфекција се лекуваат со антибиотици кои се тестирни на свињи и шимпанза како најблиски човечки сродници?
Ти не ја сфаќаш еволуцијата. Јас те прашав што е тоа еволуција и ти даде некој свој одговор, свое толкување кое нема никаква врска со еволуцијата.
Зошто ајкулата останала непроменета милиони години, зошто птеродактилот исчезнал зошто човекот се развил драстично во последните 500.000 години а зошто бактерија која пред 50 години успешно била убивана со антибиотик днес е отпорна на него.
Не е тоа толку едноставно како што ти мислиш.
Чиче,ти потполно ме разочара ,а јас мислев дека нешто знаеш ,можеби ти нешто знаеш ама погрешно знаеш ,сега сме 2009,та не се наогаме 70 тите години, кога науката била назадна па изгледа дарвин ти оставил голем утисак врз тебе.Јас мислев дека учиш литература од понова верзија –докажана ти уште си тераш дарвиновите лаги ,и еволуционистичките превари да читаш.
Другар ни еден орган не е вишок и сите органи си имаат своја функкција ,совршена креација. Ако земаме за пример слепото црево (кој си навел како непотребно) одамна научно е докажано дека и те како функционален орган.Јас знам дека и кај народот останало мислењето дека е непотребен ,но науката вака вели:
Анатомијата и во последно време која прикажува голем напредок имуннологијата,велат дека апандисот не е црево и не ја врши функцијата на црево.Кога се гледа од анатомска, хистолошка и физиолошка гледна точка овој мал орган не е црево,него внатрешниот одбранбениот систем на телото е еден ленфоиден орган. Или да ти објаснувам вака народски: овој орган произведува ‘‘одбранбено оружје‘‘ и со разни вируси,бактерии и микроби од типот на протозони влегува во ‘‘војна‘‘ .Разлогот што кај малите деца се гледаат компликации е тоа што кај децата повеке треба ‘‘војување‘‘, а кај старите нема сила да ‘‘војува‘‘ а кај средните луге скоро воопшто нема компликации.Сега трк кај докторот и распрашај се.
Исто така испитувања не прават само кај мајмуните и шимпанзите .Ти имаш телевизор дома? Не гледаш дека испитувањата најпојке се прават кај глувците?
За антибиотикот ,како што знаеш Флеминг кога го открил антибиотикот=пеницилинот верувал дека веке нема да остане ниедна бактерија,но после со тек на времето се дозна дека само на одредени микроби има ефект.Значи пеницилин има бактерии кои ги уништува ,а има бактерии кои остануваат,така да овој случај се случува со секоја нов антибиотик.
Разлогот е ,влианијето на антибиотиците врз бактериите.:Антибиотиците ,поради молекулската структура ,бактеријата на едно видлив протеин е заклучен и доага до ситуација каде не може да го направи дејствието.така бактеријата или умира или не може да се множува и инфекцијата се зема под контрола.Како што се знае ,на секое жив вид , така и кај вид на бактериите се различни и верзии.Еден нов антибиотик што се појавува тие што се чувствителни умираат ,другите ,значи остануваат тие бактерии кои не содржат протеини.Овие бактерии не даваат отпор затоа што се ‘‘развиваат‘‘ или поточно да разбереш :бактериите кога остануват под дејство на антибиотиците,не ‘‘еволулираат‘‘ значи на овој лек тие не произведуваат одбранбен механизам.
Отпорните бактерии,од почеток ефектот или дејството врз бактеријата кои нема протеин,и така доагаме до заклучок дека овој антибиотик не може да му наштети на овие бактерии.Ова специфичност кај овие бактериии и пред да се пронјаде антибиотикот постоело,па и после постои.
Значи , ова е вистина која и порано било пред да се појави антибиотикот,ама еволуционистите со лаги овој специфичност сакаат да го прикажат како ново откритие.
Значи просто да рабереш ,отпорните бактерии постоеле и пред да се пронајде антибиотикот,значи тие не создале одбранбен меканизам со појавувањето на лекот .
[FONT="]Ах тој дарвин ве растурил, да едноставно е ,ама зошто да биде едноставно кога може комплицирано? Тоа го правите вие,а со развивање на науката секој ден тонете и тонете [/FONT]