Од тоа што досега имам читано, гледано и анализирано во врска со 9/11, на мислење сум дека се работи за еден добро исцениран филм во режија на американските структури зад кои стои банкарската елита, која и најмногу профитираше од настанот.
Еве зошто:
1. Од најмалку 4 обиди за внесување недозволено средство во 4 авони, сите се успешни. Од 4 обиди за превземање на авионите, сите 4 се успешни. Сите 4 превземања се синхронизирани. Било какви пропусти да имал американскиот безб. сист. на аеродромите, ова пак немало вака да се случи. Од два обида да се насочат авионите кон СТЦ, двата се успешни.
2. Пилотот кој наводно управувал со авионот кој се урна во Пентагон, не бил способен да маневрира на таков начин на кој свртел пред да се забие во во зградата. Безбедносните камери покажуваат дека воопшто не се работи за Боинг, туку за некој мал летечки објект, најверојатно мало џетче.
3. Веднаш после наводното уривање на авионот врз Пентагон, теренот експресно беше посипан со песок. Многу песок. Никаде ни парче од авионот, барем од крилата... А сите безбедносни камери кои снимале во близина биле конфискувани од ЦИА.
4. Оној четвртиот авион се чини испарил.
5. Документарката “Духот на времето“ содржи снимка, во која Њујорчани тврдат дека се слушале експлозии пред да почнат да се уриваат близначките. Документарецот има снимка каде јасно се гледаат поединечни експлозии на секој кат со бел чад, за кој експертите тврдат дека е термит или што ти ја знам каков експлозив кој развивал огромни температури.
6. Буш се усра во дткање кога го прашаа зошто не бил сам на испрашување пред Комисијата, туку со некој од секретарите. Кога втор пат му го поставија прашањето, тој одби да одговори.
Американците немаше да сакаат војна во Ирак и Авганистан ако не се случеше 9/11.
За време на ВСВ, Американците пуштиле голем брод со патници да плови во нацистички води, иако знаеле дека подморниците ќе го потонат. Така и се случило. Овој настан САД го искористуваат за да влезат во ВСВ.
Нападите во Перл Харбор можеле и да не се случат, ама Американците сепак дозволиле да се случат, како повод за фрлање на атомските бомби.
И да биле тие луѓето кои ги управувале авионите, ЦИА знаела што се готви, најверојатно и самите го режирале настанот, за да потоа овој настан ја крене Америка и светот на нозе, а жителите на САД ги исполни со бес (баш како во Нетворк: Јас сум човечко суштество, да му се сневиди!) и тука сопирање немаше.
Од војните знаеме дека најмогу профитираат банките, а САД ја раководат банкарски структури, каде Претседателот е само мапет играчка која треба да ја забавува публиката. Буш тресеше зелени и го смееше народот, а од Обама поголем оратор не сум видел ни чул!
Едит: За да го активираш народот, или барем да го ставиш во психолошка состојба која ти одговара тебе како манипулатор, мора на истиот да му создадеш слика за напријател. Хитлер тоа го сторил со Евреите, банкарите од САД тоа го сторија со муслиманските терористи.