Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Сега веќе кога се знај комплетниот состав на Милан за оваа сезона, уба идеја ми даде Миланез’ ќе ве замарам малце со по некоја реченица за сите играчи. Мои мислења се разбира и не се воопшто објективни, така да очекувајте секој играч да е најак на светот :))

Прво почнувам со голманската позиција.

Дида -
За Дида има многу да се кажи, на времето беше споредувам со најдобрите голмани, а денес е најчет изговор за примените голови. Дида е одличен можи и најдобар (спорно, се разбира) кога станува збор за дирекните удари кон голот, брзи рефлексни реакции и слободни удари дирекно во голот. Во овие ситуации е идеален и многу ретко греши. Проблемот кај Дида е то шо има катастрофално лоша проценка и поради тоа е несигурен при корнери и кросови од страна. Сите грешки шо ги има напраено се од вакви позиции и јас сметам дека ја има најлошата проценка од светски познатите голмани. Ако почнете да ги забележувате неговите одбрани ќе сфатите дека е одличен голман, но за жал на голманите им се паметат само грешките. Толку за Дида, да беше подобар на кросови ќе беше далеку најдобриот голман после Буфон досега.


Калач - Нема шо да пишам многу за Калач, нема да го гледаме многу се надевам. Просечен голман, како и сите голмани шо се во сенка знај на една утакмица да брани како дрогиран, а на следната да напрај такви грешки шо ќе ти врежи во главата непобитна мисла дека е најлошиот голман. Има сличен проблем со Дида, многу често ја испушта топката од раце при нафрлување, досега фала богу такви ексцеси му се случија само на минорни натпревари (од купот), во лигата ко бранеше при повредата на Дида беше повеќе од солиден, памтам дури еден меч ги спаси Милан од пораз со 3-4 неверојатни одбрани. Во секој случај не го ценам многу, би претпочитал јас да се врати Абиати од позајмица или барем Сторари да го задржеа според мене е за класа подобар. Со оглед на тоа што Абиати е предобар голман да скапува на клупа, имам разбирање.

Фиори - Џабе ќе ве лажам, искрено само еднаш сум го видел да брани на пријателски натпревар и тоа со Чикаго Фајр во САД. Само се сеќавам дека 2-3 контри ама комплетно сам му одбрани на американците, се умрев во смеење. Освен тој натпревар мислам дека уште еднаш играл на официјален натпревар и толку во неговата 8 годишна кариера во Милан, алал да му е се отепа во лежење, а плата зема домаќинска.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
На позиција десен бек ќе напишам 3 опции - Одо, Кафу и Шимич (иако Шимич појќе се снаоѓа како стопер)

Одо - Одо прв избор за десната бековска позиција, одлично засилување многу брзо се вклопи во играта на Милан, едно оти е италијанец и друго оти беше дете од школата на Милан. Моментално е во неверојатна форма и е еден од наискористените играчи во играта на Милан. Снажен е не губи дуели, одличен е во одбрана и зато многу го ценам. Во напад многу често се уфрла од десната страна топ има во ногата, кросевите шо ги нафрла ако удрат некој од напаѓачите во глата голема е веројатноста дека ќе има гол. Единствена работа шо можи да му се замери е шо многу често кросевите му се непрецизни, ама никој не е идеален.


Кафу - Дедото е лудила, зрачи со позитивна енергија. Неговите кросеви за разлика од оние на Одо скоро никогаш не завршуваат на погрешно место. Во одбрана е цврсто копиле и на земја ретко дуел губи, во воздух поради висината и староста е често инфериорен. Годините полека го јадат и многу често му се случува во последно време да не ги стигнува топките шо порано многу лесно ги прифаќаше. Идеален е како замена за во домашното првенство, можи и во средниот ред да го видиме некогаш. За поважните мечови прва опција е Одо и тоа е само поради тоа што е физички супериорен.

Шимич - Ништо појќе од просечен играч за италијански стандарди, ретко ќе игра бек можи ич, најчесто стопер како замена и во купојте. После освојувањето на Лигата на Шампионите во 2003
, каде играше важна улога, Шимич го изгубе местото во првиот тим од Кафу и од тогаш гла нема кренато. Не се осеќам сигурен кога Шимич е во игра, не зошто прај грешки или нешто, ама едноставно физички некогаш е неспособен да се држи со брзи или снажни напаѓачи. Многу го почитувам оти ја прифаќа клупата веќе 4 години и е лојален, а сигруно можеше да игра во кој било просечен серија А тим.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Позиција лев бек можи да играт 5 играчи, ама најчесто 3 ќе се менуваат на ова позиција. Јанкуловски, Фавали и Сержињо, а во итни случаи Каладзе и Малдини се опција.


Јанкуловски - Според мене Јанкуловски е најслабата алка во одбраната на Милан. Најсилован е Милан по левата страна, Јанкуловски едноставно никогаш не покрива навреме. За разлика од одбраната каде е нешто подпросечен, кога се уфрла во напад Јанкуловски е одличен. Добро се уиграни со Сидорф и кога Сидорф игра лево скоро секогаш Јанкуловски се уфрла. Има одличен шут од далечина го потврди то со неколку гола ланската сезона и многу е битно шо единствено тој шутира со левата нога во тимот (и Сержињо, ама двајцата ретко ќе играат заедно). Истотака дава одлични кросеви, далеку попрецизни од Одо, ама физички е слаб и во одбрана често потфрла.

Фавали - Сакале или не Фавали ќе биди најчеста замена за Јанкуловски. Особено кога се игра на резултат, во итни случаи можи и стопер да игра. Нуди поголема сигурност во одбраната од Јанкуловски, а пријатно сум изненаден и од неговата игра во нападот солидни кросеви дава, а и постигна и 2 гола лани. Лани изигра подобро од очекуваното, се надевам дека ова година нема да биди ништо полош. Многу ме потсеќа на Панкаро (копилето за курташак го зедоја, одма за прв тим изборе место) и зато го сакам и на сурат исти се да ги ебам.

Сержињо - Конкордо сеа го зедоја малце годините по колена, ама ќе ја извај уште ова сезона од газо. Лани го повреде грбо лом се сторе цела сезона не играше. Пред две години според мене беше (после Замброта) најдобриот лев бек, во напад е убиство. Брзината сеуште ја има не како порано ама пак оса е. Кросевите му се оригинални - прецизни, високи и секогаш добиваат паѓачка линија, но не ретко знај и да испрати по некој и во гол аут. Во одбрана никогаш не бил совршен, секогаш покрива на време со својата брзина, ама многу киксови прави особено во воздушните дуели. Ова година клупата е резервирана за Серхио, ќе влегува и во среден ред па и како крило, ама физички не е способен да изигра компетитивни 90 минути.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Денес пишам уште за четворицата стопери, утре ту би континјуд за среден ред и напад истотака и за подножичките во тимот т.е. тие шо нема на ниту еден натпревар да играат било каква улога.

Неста - Мислам дека нема потреба да си ги трошам зборовите за Неста, репер претставува за одбрамбен играч. Одличен е во секој аспект од играта во одбрана, брз е, снажен, одличен во воздушните дуели, а според мене и многу други најдобар одбрамбен играч во светот веќе неколку години. Лани се сјеба со повредата, ама за среќа се врати во подобра форма од секогаш. И со топка е солиден, знај некогаш да пронајди некој во нападот со долга топка. Шо е најважно за одбрамбен играч многу ретко прави киксови и ако му се случи екцес брзо се поправа. Прав лидер на одбраната, искусен и одлично ја позиционира одбраната при офсајд стапици и пресинг.


Малдини -
За Малдини нема шо многу да се кажи, кој барем малку гледал фудбал во животот ќе знае за каков играч станува збор. Малдини ќе биди играч кој најчесто ќе го гледаме во најважните дуели, искуството и широкото познавање на фудбалот надополнуваат за физичките предиспозиции кои полека ги губи. Брзината е мал проблем за него, но кога станува збор за позиционирање и одземање на топка не постои сомнеж. Колку и да е банално, неговото присуство на теренот делува мотивирачки, скоро и да не постои можност да направи грешка во поставување на офсајд стапица или при маркирање во прекините. Оваа сезона ќе биде сигурно физички посбособен од лани затоа што ги реши проблемите со коленото со операција летово. Па ако успеа повреден да биде најдобар одбрамбен играч во Европа, нема никаква причина да се сомневаме во неговите квалитети.


Каладзе - Ако го оценувам Каладзе според игрите кои ги прикажа претходните две години (иако лани го пропуште поголемиот дел од сезоната поради повреда) не можам да го ставам ништо подолу од Неста и Малдини. Се сеќавам дека со Каладзе во одбраната осеќав несигурност, правеше многу киксови но најчесто играше на левата бековска позиција. Од кога принудно ја зазеде позицијата стопер како да се пронајде себеси и искрено јас лично не се сеќавам кога направил грешка. Во воздушните дуели е одличен, знае често да биде несмасен во лизгачките стартови, но затоа добро се гради и ретко кој напаѓач го натрчува има долг чекор со што надокнадува за недостатокот на експлозивност. И тоа шо е многу важно е дека одлично партнерство има воспоставено со Неста, јас лично не се сеќавам кога еден од овие двајца погрешил во офсајд стапица.

Бонера -
Кога прв пат го видов во Милан ми заличе на млада верзија од Шимич, играше десен бек и најискрено кажано смрдеше во одбрана беше просечен во напад ретко го гледавме ама беше ужасен. Принудно беше префрлен на позиција на стопер поради многуте повредени во одбраната. Кој го следеше Милан минатава сезона ќе го именува како спасител, јас не сум видел досега таков прогрес за толку кратко време кај еден фудбалер. Беше далеку најдобар играч во одбраната на Милан, изклучително експлозивен играч, располага со одлични лизгачки стартови. Просечен е во воздушните дуели главно поради физичката инфериорност, не е особено брз но е како што кажав стартен. Не случајно беше избран за најдобар италијанец од одбраната минатата сезона во Серија А и беше повторно повикан во репрезентацијата (поради повреда не настапи). Сеуште е млад и очекувам од него големи нешта, прогресот можеби се должи на неговите тутори Малдини, Костакурта и Неста. Очекувам од него да ја подобри ориентацијата и позиционирањето и ќе биде со сигурност наследник на Неста за 2-3 години.


П.С. Намерно ги напишав во посебни постој, мислам дека поубо изгледа. Ако инсистират модераторите можи и да ги спојат. Мислев слики да клам, ама нема потреба да ви трошам бендвит за чисто естетски срања.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Овај пост цел за Пирло оти најак е!!!
ПИРЛО
Цела ебена игра на Милан деца се фокусира на Пирло и Анчелоти самиот го има то изјавено, дека е од круцијална важност да се овозможи простор за игра на Пирло. Не случајно Милан игра со 2 дефанзивци покрај него, Гатузо и Амбро (Броки или Емерсон). Пирло е уникатен тип на играч и е незаменлив за својата позиција и улога. Сите напади на Милан започнуваат од Пирло, човекот има неверојатна визија и во моментот кога ќе забележи играч да се отвара за топка веднаш испратува длабочинска топка да го пронајде. Покрај неверојатната прецизност на пасовите, многу важно е да се каже дека и дистанцата на која ги испратува овие пасови е во рамките на 40-50 метри. Многу е важно тоа што ги упатува пасовите со уникатна техника така што топката успорува кога ќе ја допре земјата. За слободни удари нема потреба да зборувам, ѕирнете ги клипчињата на јутјуб и ќе ви стани јасно. Истотака Пирло е рекордер во постигнати голови од слободен удар во една сезона во Милан, тој на 2 пати има постигнато по 4 гола, зад него се Албертини со 3 и Рајкард со 2. И покрај огромната важност во организацијата на нападите на Милан, Пирло секогаш е присутен и во одбраната да пресече топка и да маркира. Не ретко му се случува да заземе и поофанзивна позиција и да шутира од дистанца, располага со многу силен шут. И нормално како секој фудбалер и Пирло не е идеален, најголеми мани на Пирло се неговата брзина и неговата инфериорна физичка градба, за кои секако надоместува со неверојатната техника.

Толку за Пирло, како шо видовме мене ми е омилен играч (субјективен сум шовебам), мислам дека Пирло е играч кој можи да направи разлика во еден тим. Според мене е највреден играч на светот, а тоа што е незабележлив на теренот не го прави ништо помалку. Липи за него рече „Pirlo e un fuoriclasse silenzioso!“, незабележлив но неверојатно важен играч. Беше најважен играч и во репрезентацијата на Италија која стана светски шампион и во двата шампионски тима на Милан 2003 и 2007.

 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Следно малку запознавање со „кучињата“ шо го чуваат Пирло и му помагаат на одбраната. Тие драгоцени животни се Рино „Носорогот“ Гатузо, Емерсон „Пумата“, Амброзини „Орелот“ и Броки „Кучето“. (Гатузо и Емерсон, навистина ги носат тие прекари, другите два јас ги траснав за да биди поинтересно, знам глуп сум не досадвајте :helou:)

Гатузо - Многу јасно му е на сите каков играч е Гатузо, не си арчам зборови. Гатузо стана поим за дефанзивен играч од среден ред, секој друг играч кој е надежен се споредува со него. Гатузо е класичен дефанзивец, опериран е од секакви обврски во нападот, најчесто неговите додавања се кратки, ама има моменти во неговата кариера кога знај и да нафрли. Високите топки всушност му се далеку подобри од додавањата по земја. Значи Гатузо кратко и едноставно не знае да подава, пасовите многу често ги греши, а и кога ќе погоди не ретко тешко се контролираат неговите топки. Како шутира е подобро да остане тајна, досега фала богу ретко се обидува, иако сум бил сведок и на негови погодоци. НО!!! Сите овие фудбалски незнаења Гатузо ги надополнува со својата борбеност со енергијата која ја внесува во играта, Гатузо едноставно го уништува противникот го има на секаде на теренот и никогаш не се случило да биде наттрчан на некој натпревар. То е Гатузо го мразиш кога игра против тебе, го обожаваш кога игра за тебе. Играч шо ја врши својата улога перфектно и е незаменлив дел од тактиката на Милан.

Амброзини - Дефинитивно најмалку ценетиот фудбалер од тимот на Милан. Ама во никој случај нема да се сложат вистинските познавачи на неговата игра. Амброзини е играчот кој е на крајот на секоја висока топка во средината, доколку се води статистика за пресечени топки никогаш не би се тргнал од врвот. Физички супериорен играч кој не дозволува да загуби дуел. Не располага со технички квалитети, но за разлика од Гатузо, на пример, знае и тоа како да додава. Пасовите се единствената работа шо знае да ја направи со нозе, не знае да шутира, а уште помалку да дрибла. Но тоа што е најважно е што Амброзини во Милан ја има улогата на "target man", шо значи дека при сите слободни удари и корнери топката се упатува кај него. Располага со најдобриот скок (дискутабилно, но според мене само Канаваро има подобар скок) и истотака одлично игра со глава. Многу често се уфрла во напад очекувајќи висока топка, постигнал голем број голови со глава. Дали е коинциденција или не, 90% од головите кои ги постигнува се од решавачки карактер. За жал Амброзини голем дел од кариерата се бори со повредите, да се надеваме дека ја доби борбата и докрај нема да се повреди.

Броки - Броки сличен е по конституција на Гатузо и во Милан добива слична улога како Гатузо, да ја разбие играта на противникот. Истотака технички не надарен фудбалер, но за разлика од Гатузо располага со одличен удар (да, да, да и голој има даено, нејќам збор да слушнам) од далечина и знае да подава. Финтата со Броки е шо можи да се брани, можи и да игра поофанзивно, ама ни едно од двете не го прави одлично. Го почитувам затоа што е голем борец и е од школата на Милан. Минатата сезона Броки ја изигра одлично дури беше повикан и за репрезентација, единствено се посра на мечот со Манчестер со киксот во последната минута. Покрај тоа даде одлични партии и повеќе од шо се очекуваше од просечен играч како него. Одлична замена е, позитивно е то шо можи да ги замени и Пирло и Гатузо и Амбро.

Емерсон - Емерсон е многу специфичен играч, за разлика од Гатузо и Амброзини, Емерсон не поседува никакви физички предиспозиции за да игра на позиција дефанзивец во среден ред. Бавен играч кој истотака не е добар во воздушните дуели. Но Емерсон и тоа како сето ова го надокнадува со тактичката свест и поставеноста на теренот, како ебена мачка го има насекаде во средината на теренот и ја пресекува секоја топка. Тој е играчот, покрај Амбро, кој ги прави сите оние тактички мали фаули кои ја уништуваат играта на противникот. И покрај одбранбените улоги, Емерсон истотака располага со прецизни додавања, за разлика од неговите колеги од оваа позиција. Емерсон најчесто ќе биде играчот кој ќе го заменува Пирло при водство, за подобро да се затвори средината, а ништо чудно и да го гледаме како стартер пред Гатузо или Амбро.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Сега време е јас мислам да кажам два збора и за “техничарите“ во тимот на Милан. Тука има ни појќе ни помалце ами 3 играчи: Сидорф, Гуркуф и Кака.

Сидорф -
За Сидорф можи да ви расправам 2 сати и пак да има шо да кажам. Многу често играше класично лево крило, сега има поистурена улога и често игра на десната страна, всушност ротираат со Кака. Најдобар играч од среден ред минатата сезона, нема потреба друго да се кажва. Исклучиелно надарен фудбалер со неверојатна техника и фудбалско чуство. Располага со топовски удар и недајбоже да го погоди голот. Единствено ме иритира шо често промашува во обидите од далечина, но неговите голови го оправдуваат тоа. Друга мана е тоа што е прилично бавен, но исклучително снажен играч и не сум сретнал фудбалер кој умее да загради топка поуспешно од него. Како шо кажав располага со големо фудбалско чуство и неговите асистенции се секогаш забавни за гледање. Тактични е еден од најсвесните фудбалери и можам да се кладам со кој сака сега дека доколку биде некогаш тренер ќе биде најдобриот. Неговиот придонес во тимот може да се види по неговите неповторени од никој успеси, 4 европски трофеи со 3 различни клуба е премногу за да биде коинциденција.

Гуркуф - Момчето можи да се опиши само со еден збор - потенцијал. Со тоа што го имам досега видено од него сум фасциниран, штета е шо не може да се избори за место во првиот тим пред Сидорф и Кака. Може да игра лево крило и заземе поофанзивна позиција која мислам дека подобро му лежи. Брз експлозивен играч кој располага со одлична техника и силен удар. Тоа што го задржува е неискуството и често знае да се загуби во формацијата, тактичката свест сеуште не му е на ниво, често греши во кратките додавања. Затоа пак негова специјалност се кросовите, особено добро ги изведува корнерите и често добива можност дури и кога Пирло е во игра. Добро се снаоѓа и во воздушните дуели, постигнато има и еден одличен гол со глава (мислам против Ѕвезда). Очекувам и се надевам дека ќе биде достојан замена за Сидорф за 2-3 години.

Кака - Неоспорно најдобриот и најкорисен играч на планетата. Не постои човек шо можи да ја оспори супериорноста на Кака, располага со супериорна техника и брзина. Не постои аспект од играта кој на Кака не му лежи. Шутира со неверојатна сила и прецизност, пасовите му се секогаш на правото место. Особено е опасен кога тргнува во контра напад, поради неговата брзина. И покрај тоа што е стартен, Кака истотака прави големи чекори што му овозможува многу лесно да ги претркува одбранбените фудбалери. Со новата поофанзивна позиција што ја доби минатата година дојдоја до израз комплетно квалитетите на Кака. Извинете, ама јас не успеав да најдам ниту една најмалечка мана во играта на Кака, можеби некогаш пребрзо паѓа за да изнуди фал но тоа јас го сметам за умешност, напротив. И како личност е прекрасен, принципиелен, лојален. Ако се сложиме дека не постои перфектен фудбалер, тогаш Кака мора да е најблиску до таа идеализација.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
И за крај напаѓачите и две реченици за фигуративните играчи. Значи за место во нападот се борат Роналдо, Џилардино и Инзаги.

Роналдо - Не зборам за историјата, зошто ќе биде далеку од реално да се опише во овој момент Роналдо како оној пред 8 години. Дефинитивно оваа година најмотивиран играч во редовите на Милан ќе биде Роналдо, со тренинзи започна пред своите колеги, води посебен режим на исхрана и прима медикаменти кои треба да го вратат во формата во која што некогаш беше нарекуван феномен. Доколку не се повреди целата сезона Роналдо без многу мака ќе биде најдобар стрелец во Милан, а ништо чудно и во Серија А. Роналдо сепак не претставува класичен шпиц, има одлична контрола на топката, силен и прецизен удар од далечина и располага со неверојатна техника. Иако оспоруван поради тежината, Роналдо сепак е најбрз во редовите на Милан на 30 метри. Исклучително е експлозивен и снажен единствената мана на Роналдо е играта со глава во која впрочем не е толку лош. Друга негативна страна е тоа што е пасивен и скоро никогаш не се враќа во одбрана да маркира. Роналдо не само што ќе биде од важност при реализацијата, ами како шо видовме оваа полусезона ќе повлекува многу играчи на него и ќе овозможува другите напаѓачи да имаат повеќе простор. Со Роналдо на располагање Анчелоти може да игра и со 2 напаѓачи. Непобедлив е во дуелите 1 на 1 и несомнено ќе изнудува многу прекршоци, шо ќе ствараат потенцијални шанси.

Џилардино - Тука можеби најмногу ќе ми замерите, ама сепак мислам дека Џилардино располага со огромен талент. Исклучително пргав играч и одлично игра со глава. Не располага со техника и воглавно му лежи позицијата на истурен напаѓач. Неговата игра е најчесто со еден допир на топката, исто како и неговите препознатливи ослободувања од одбранбените играчи при примањето на топката. Не ретко постигнува голови со акробации, со макази пета или летачки со глава. Често знае и да прими тешки топки и да бие од свртување, истотака знае да истрча неколку метри пред одбраната во контра, но сепак најчесто се наоѓа во офсајд. Ова се можностите на Џилардино, но за жал моментално има големи проблеми да ги истакне. Тоа му се случува на секој напаѓач, но јас сум убеден дека ќе ја искористи дадената шанса. Тоа ќе го стори во моментот кога ќе почне да игра со срце и ќе заборави на фрустрациите при промашувањата. Неоспорно е дека знае да промаши празен гол, но неоспорни се и неговите можности.

Инзаги - Секогаш оспоруван за своите фудбалски квалитети, но секогаш на вистинското место за да постигне гол. Инзаги е мит во фудбалот, секогаш успева да ги заќути критичарите. Не располага со фудбалска техника ниту пак со силен шут, не е воопшто снажен, ама поседува нешто шо никој друг на планетата го нема инстинкт, вродено чуство за гол. Не може да се нарече коинциденција тоа што секогаш Пипо се наоѓа на вистинското место. Има неспоредливо фудбалско чуство за ориентација и тактичка свест на највисоко ниво. Одлично игра со глава и најчесто така ги постигнува головите. Исклучително експлозивен играч кој не ретко знае да се ослободи од противникот при примањето на топката со ролинг. Познат е по тоа што многу често се наоѓа во офсајд, но доволно е една грешка на одбраната за тој да остане 1 на 1 со голманот. Тоа е Инзаги, може да го снема цела сезона и кога е најважно да постигне гол. Токму и во тие најважни натпревари и ќе го гледаме.


Други фигуративни играчи се: Дигао - Иначе тоа е братот на Кака, играше за Римини, висок играч игра на позиција стопер. Не е ни блиску до нивото за да игра во Милан и доколку не беше брат на Кака немаше ни да помисли да игра во Милан. Нема да го видиме за среќа да игра ниту еден натпревар сезонава, претпоставувам.; Дармиан -е играч од одбраната , истотака дојде од подмладокот. Има досега играно за сениорскиот состав, не ми остави добар впечаток, ами напротив беше најотворено кажано најлош од сите млади кои ги видов на тој натпревар, за купот беше нешто. Не веррувам да добие шанса. Ибрахим Ба - незнам ни дали воопшто ќе тренира, нема абсолутно ни теоретски шанси да заигра. Единствената причина за доведувањето на Ба е Гуркуф, затоа што во Милан нема играч шо знај француски и Ба ќе биде ни помалку ни повеќе тутор.; И за крај Аубамејанг - истотака дојде од подмладокот, доби шанса да се покаже на пријателските дуели во Москва и најблаго кажано е дека нема шанса да игра на натпревар кој е од било каква резултатска важност за Милан. Немаше никаква координација во нападот и не ги искористе 100% шанси кои му се укажаа, а имаше барем 4. Не ме плаши тоа што ги промаши туку како ги промаши, катастрофално аматерски буквално трема како да имаше. Истотака не верувам да добие шанса.

За Пато ќе прајме муабет во Јануари, сеа џабе.


П.С. Е ако има некој будала вака ко мене за другите тимој да напиши за секој играч, многу ќеф ќе ми напрај. Јас само Милан ги пратам и можам да ги оценам во целост. Ако има таква можност ќе биди убо да се запознајме со играчите.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212

П.С. Е ако има некој будала вака ко мене за другите тимој да напиши за секој играч, многу ќеф ќе ми напрај. Јас само Милан ги пратам и можам да ги оценам во целост. Ако има таква можност ќе биди убо да се запознајме со играчите.
Уште еден играч од подмладокот на Милан, паметам играше и лани во некои куп средби за сениорите. Игра во одбрана и најблаго кажано врска нема, не очекувам да заигра истотака.;
Јас би напишал за Барса, али кога ке имам повеке слободно време како ти сега. :wink:
 
T

tino097

Гостин
П.С. Е ако има некој будала вака ко мене за другите тимој да напиши за секој играч, многу ќеф ќе ми напрај. Јас само Милан ги пратам и можам да ги оценам во целост. Ако има таква можност ќе биди убо да се запознајме со играчите.
уба идеа, шо се вика можи и како посебна тема да биди.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Јас би напишал за Барса, али кога ке имам повеке слободно време како ти сега. :wink:

Да напишиш, оти има играчи така во рандом тимој шо врска немам какви способности имат. Ама ако пишиш сакам и маните да му ги кажваш како мене. Јес да е малку пристрасно, ама ова е вистината за мене.

П.С. Ако не се сложва некој нека кажи, слободно ќе го отерам у пичку матер :pos2:


уба идеа, шо се вика можи и како посебна тема да биди.
Да бе арно викаш, ама најубо некако да се одберат прво како еден вид на претставници од фен клубовите. За да биди прегледна и квалитетна темата за читање. Пример велам сеа, не мора така да биди. Ама имам впечаток дека ако пишат сите безвезе ќе се изгуби смислата и ќе има многу некомплетни ретроспективи. Нека бидат со доза на субјективност, ама да не се несредени, кратки и прости.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ќе биде разгледана опцијата да се направи посебна тема за ова, во која ќе бидат сите тимови вака претставени (секако, ако се најде јунак што ќе направи за својот тим). Синдикат, алал да ти е за ова, ти вредеше трудот, искрено сум воодушевен. :boki13:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ќе биде разгледана опцијата да се направи посебна тема за ова, во која ќе бидат сите тимови вака претставени (секако, ако се најде јунак што ќе направи за својот тим). Синдикат, алал да ти е за ова, ти вредеше трудот, искрено сум воодушевен. :boki13:
Абе ко ќе нема работа чоек, шо ќе прај
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Ајде ако се отвори тема, јас ќе правам за Рома :)

Мислам дека би било доста интересно ...

Синдикат :salut:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ајде ако се отвори тема, јас ќе правам за Рома :)

Мислам дека би било доста интересно ...

Синдикат :salut:
Е за Рома ако напрајш брат, немаш појма шо ќеф ќе напрам. Од Рома само за Тоти можам да кажам 2 збора, за Де Роси и за Мансини, другите врска неам шо луѓе се, ги знам ама незнам како играт. Е една ваква тема да се напрај и мислам дека после на плејстејшн ко ќе паѓат муабети за фудбал има на сите стручњак да му се прам. Ама немој да лажи некој, да сирезилам негде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom