Уставниот суд го суспендираше екстерното оценување

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Ете гледаш што се случува кога не се размислува со своето мозоче ...

Значи уставниот суд ги СУСПЕНДИРАШЕ елементите од законот за основно и средно образование додека не УТВРДИ дали тие елементи (наменети за екстерно тестирање и оценување) се УСТАВНИ или не. Уставниот суд не ги УКИНА тие елементи ... е сега трик прашање за вас правниците експерти по уставно право со 16 години ...

Уставниот суд може но не мора да ги укине овие елементи (бидејќи за да ги укине треба да најде неуставни елементи- кои очугледно ги нема бидејќи во тој случај наместо привремена суспензија ќе имаше причина за целосно укинување), но најверојатно ќе донесе одлука со која ќе им наложи на МОН да извршат корекции во законот (и сите подзаконски акти и правилници) со што ќе се отстранат одредени недоречености и неправилности кои сега беа предвидени и секако беше причина за вашето бунење ...

Дури и во најлоша варијанта - и да дојде до укинување на тие членови од законот (бидејќи се утврди дека се науставни) нема правна пречка владата преку собранието да донесе измени и дополнувања на законот во кои повторно може да предвиди екстерно тестирање (кое во тој случак би било во согласност од уставот)...

Затоа дечки едно советче - УЧЕТЕ СИ ВИЕ ЗА ДА ПОНЕСЕТЕ ЗНАЕЊЕ - не се правете сезнајни на 12-18 години ... :kesa:
Бидиков, една корекција:
Уставниот суд, со ова времена мерка (да се запре со екстерните), не носи решение во врска екстерните тестови, туку до одлучувањето околу уставноста на истите, ја суспендира нивната примена во образованието.
Тоа не значи дека екстерните неможат да послужат за прибирање интерни податоци за МОН, но врз основ на тие тестирања, неможе да се казнуваат или наградуваат наставници, како што е предвидено во оспорениот дел од законите.
 
Бидиков, една корекција:
Уставниот суд, со ова времена мерка (да се запре со екстерните), не носи решение во врска екстерните тестови, туку до одлучувањето околу уставноста на истите, ја суспендира нивната примена во образованието.
Тоа не значи дека екстерните неможат да послужат за прибирање интерни податоци за МОН, но врз основ на тие тестирања, неможе да се казнуваат или наградуваат наставници, како што е предвидено во оспорениот дел од законите.

Корекцијата ти е на место - заборавив да го споменам тој метод т.е зошто е донесена времената мерка.

I stand corrected :pipi:
 
Лесни се многу.. Мислам дека треба да ги има, а не како што викаат некои „Кај ќе научам цела книга за 2 дена“ . Ако не учел до сега, што ќе му е да учи тие 2 дена.. Баш е супер.
 
Лесно ви е на вас да речете , некој ќе полага македонски, некој математика, информатика... Ама ај оди и положи со таа оцена за која си се борел цело време, инфектологија со епидемиологија, малку ли бактерии изучивме оваа година, кај и да е се мешаат, тешко се помнат, брзо се забораваат... И сега цела година на час сме знаеле, сме правеле тестови, се следело нашето знаење континуирано, за на крај да дојде некој што не не ни знае и со еден тест да ни ја "реши" оценката... Мислам во ред е да се следи дали правилно се оценуваат учениците, ама тоа да влијае на оценките ?!? Професорот е оној кој ги пишува, зошто ние да бидеме оштетени ( доколку не сме биле правилно оценети)???
 







Инспекторите нашле куп нереални оценки во дневниците

Наставниците и професорите нетранспарентно и необјективно оценувале во текот на учебната година, констатирале државните просветни инспектори, кои го објавија извештајот за работата на инспекторатот за минатата година


transparent.gif
Освен нереални оценки, тие утврдиле и дека изборот на предметите не се вршел според волјата и интересот на учениците, потоа дека родителите не биле информирани за наставните планови и програми по кои учат нивните деца, а во училиштата не се применуваат современи техники и стратегии во процесот на настава.

- Не се оценува објективно, ургенции за оцени имаше и лани, има и годинава. Ако ученикот преку цела учебна година имал тројка по еден предмет, таа тројка на крајот лесно се претвора во петка. Наставниците не се плашат да поправаат оценки бидејќи годинава нема да бидат дел од екстерното тестирање. За оцена плус ургираат и самите вработени во Министерството за образование, советници од Бирото за развој - вели директорка на основно училиште што сакаше да остане анонимна.

Освен во дневниците, просветните инспектори нашле и други низа неправилности во работата на повеќе училишта во земјава. Тие, заедно со трудовите инспектори и финансиската полиција реагирале во неколку училишта во Струмица, Охрид, Струга, Пробиштип Демир Хисар, откако утврдиле дека незаконски биле разрешувани директори, а се вршело и незаконско менување на членовите на училишните одбори. Инспекторите утврдиле и дека наставниците и директорите со ништо не ги мотивираат учениците за да постигнат подобар успех - не ги вклучуваат децата во различни проекти, натпревари и други активности. Освен тоа, не се следат ниту постигањата на учениците откако ќе го завршат основното образование.

Во извештајот како уште еден од недостатоците е наведена и нестручноста на наставниците за работа со ученици со посебни потреби.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=69935436889&id=9&prilog=0&setIzdanie=21707


Еве што дозволи уставен суд да продолжи да се прави во образованието.
Нема екстерно. Ама затоа пак има инспекција.
 
Бравос за уставниот суд бидејќи то екстерното е глупо на пример јас цела година сум учел и сум имал 5 а сега ако се збунам на тесто и добијам 3 оценката во сведителството ќе ми е 4 значи џабе трудот цела година. Ако сакат тие толку да проверуват како се пишат оценките си има инспекција за образование.
 
Темава .......време и е да се крене од заборавените....


Екстерното оценување во февруари

петок, 25 декември 2009, 16:43

Владата никако не се откажува од екстерното тестирање. Уште ни законите не се поминати во Собранието, а Министерството за образование веќе знае како ќе изгледа тестирањето. Први ќе полагаат матурантите. Замислата е екстерното да се полага уште во февруари, за да не се мешало со полагањето на матурата. За потребите на екстерното, учениците ќе се тестираат по четири предмети, а оценките ќе им се впишат во посебен додаток на свидетелство.

“Очекувам дека до крајот на годината ќе бидат разгледани законите, доколку тоа не се случи очекувам дека тоа ќе биде во првата половина на месец јануари. Ова е неопходно доколку сакаме да спроведеме екстерно тестрање за средношколците односно матурантите во првата половина за месец февруари како што е предвидено со предлог законот кој е доствен до Собранието на Македонија изјави министерot за образование Никола Тодоров.”

Кога Уставниот суд го прогласи екстерното за неуставно образложи дека не може некој надвор од учлилиштето да го оценува образовниот процес. За да се избегне повторно укинување, сега се предлага тестовите да ги подготвува државен испитен центар, а оценувањето да го прават училиштата.
За разлика од ова, од министерството не смислиле како матураните од стручните училишта ќе полагаат екстерно и матура без учебници. Цело прво полугодие, без учебници останаа и учениците од четврто и седмо одделение. Денеска, министерот со ново ветување – учебниците ќе стасале по Нова година. Требало допрва да се распише тендер за нивно печатење, што значи дека ќе без учебници ќе се навлезе и во второто полугодие.


http://www.time.mk/read/6b07945a8b/c9765a7294/index.html
 
Ете по подолг период темава се врати од мртвите и повторно ќе бидат револтирани матурантите, ќе се бега од школо, мал дел ќе одат пред МОН, ќе гаѓаат со јајца, ќе играат чочек и бла бла... Полугодието повторно ќе се загуби, а на крај пак ќе биде зорт како лани.
Значи како Владава ќе науми така ќе биде и точка. ни Уставен ни било каков суд не може да и ги одбие екстерните тестови. Па каде до лани беше еден предмет, сега им се видоа како малку па ај нека бидат 4. Значи 4 екстерни + 2 екстерни матурски + 2 интерни матурски + 1 матурски проект, што значи за тој што ќе полага се различно на матура ќе му се соберат точно 9 предмети, од можни 10 (се разбира физичко нема да влезе во екстерните). Е сега, за да биде поинтересно тие викаат дека оцените од екстерните тестови нема да влијаат никаде, но сепак се запишуваат на посебен лист кој иде во пакет со сведителството и тој пакет заедно со 3-те сведителства од минатите години се приложува на приемните денови на факултет. Глупости невидени!
До вчера немав ништо против екстерните, но од денес, откако видов дека се 4 и дека влегуваат на лист, но не влијаат а влијаат, епа не може бе у пм! :S
 
И професорите пак несакаат да ми стават повисока оценка демек ученици ќе има екстерно оценувајње,ама дај нека кажуваат ќе има или ќе нема не вака!!!
 
Сега од што им фуфа не даваат и кај што треба да попуштат.
 
Ах радувајте се оти ви ја укинаа ...

Абе имаше деца благодарение на матурата научија да пишуваат и читат, да не зборуваме пак за граматика, правопис, познати литературни дела...

Срамота! За ваше добро се тие тестови (единствена причина поради која мора да научите :) )
 
Ах радувајте се оти ви ја укинаа ...

Абе имаше деца благодарение на матурата научија да пишуваат и читат, да не зборуваме пак за граматика, правопис, познати литературни дела...

Срамота! За ваше добро се тие тестови (единствена причина поради која мора да научите :) )

Матурата е океј, овие тестови се бетер од циркус. Ни кажаа лани како ќе ги правеле, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш, пишував некаде по темава.
 
И оваа година е паднато, не се секирајте.:helou:
 
Оваа година ги укинаја,ама наредната не верувам.
Само се мислам шо ќе прајме,јас ко ќе дојдам 4та година ем матура,ем екстерен...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom