ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Абе немам намера да критикувам никаква акција или замисла,туку само сакам да кажам што треба да биде приоритет во оваа држава,за која и самиот велиш дека има 1300 хектари земја за потенцијални индустријски објекти.На овој начин владата нема да обезбедува работа за невработените туку само малку ќе помогне со создавање услови за вработување,па тоа треба да биде приоритет на секоја влада во секоја земја ебаго,без разлика дали во социјализам или “робовладателство“.Ни една држава не може да преживее со 30% администрација од работното население.А кадрите кој ги произведуваме ние по факултетите наши или средните училишта,мислиш ги нема по светот?Ги има бе брат,ги има,нема само добри мајстори,дреари,заварувачи,стаклари или дрводелци како Македонциве,кој дома би ги работеле производите за да ги извезуваат во странство.Па не може бе сите да ги иселиме во странство,има добри мајстори кој никогаш нема да научат Германски или Италјански ама ни дома нема да можат да си го најдат чарето оти никој ни домашен ни странски потенцијален инвеститор не би инвестирал доколку фабриката не му ја оставиш во негова сопственост.Па АУДИ побегна од Македонија оти Бранко им ја даваше само под концесија ама не во сопственост.Што ќе прави странецот или било кој друг инвеститор со 1000 метри квадратни хала во Македонија,ќе си ја носи дома?Не бе,таа пак ќе си остане тука како траен влог во Македонската економија,ама во приватна сопственост,а тоа не е голем “зашарок“,дури мислам дека е прилично позитивно за сите нас.Ти викам - со устав е забрането да се оттуѓуваат делови од земјава. Затоа е измислен механизмот „концесија“. 20 години е сосема солиден период. Ова не е стара догма туку актуелна и присутна во сите земји штопостојан на светов.
Многу симплистички ги поставуваш работите. Ако ти е целта да ги критикуваш акциите за садење на дрва - одма да ти кажам дека ептееен грешиш. Во Македонија има површина и за садење дрва и 130 х 10 = 1300 хектари за економските зони.
Повторно симплизам. За едни пишливи набавки на пенкала, нотеси, и друг канцелариски материјал треба да распишуваш тендери ако надминуваат сумите одредена граница, а не пак за инвестиции од 100-200 милиони Еура.
Незнам дали овој поглед на работите го влечеш од некои одамнешни времиња, ама ептееен е застарен.
Не е владата таа која им обезбедува работа на потенцијалните завршени кадри. Во социјализмот владата им обезбедуваше работа на завршените кадри.
Во модерниот свет - образованите кадри многу полесно или наоѓаат работа, или отвораат самите бизнис или како што викаш - одат во странство.
Ама дури и тој негативен феномен на одлив во странство е на кадри кои со своето образование наоѓаат работа таму. Се помалку се кадри без образование. Такви кадри не им требаат ни на странските земји (ги има со илјадници од африка, балканот и од муслиманските земји на средниот и далечниот исток).
Ај проанализирај како тоа Македонија 19 години откако се осамостои, секоја година има дефицит од 1/2, па 1, па 2, па ... милијарди долари?
Од каде парина Македонија секоја година да има тоолку дефицит?
Од парите кои на овој или оној начин доаѓаат во Македонија токму од оние кои отишле во странство.
Така да - иако не го поддржувам феноменот на иселување - имај предвид дека од иселениците Македонија и тоа како добива пари.