Остров на искушение

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
„Остров на искушение„ е новото реално шоу кое од денес почна да се емитува на Сител. На еден остров се сместени 4 љубовни пара,и околу 30 слободни. По пристигнувањето на островот љубовнтите парови ќе бидат разделени и ќе треба да се состануваат со некој од слободните. Врската им е ставена на тест.По 25 дена разделени ќе треба повторно да се сретнат и да видат дали нивната врска ќе продолжи или не.
Не знам дали сте го гледале шоуто.Еве и линк за подобро да видите што се се случува на островот:
http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=9F463087C5DC134EBC01717F3107E651

Но темата не е за тоа, дали ви се допаѓа шоуто или не. Прашањето е: дали вие би прифатиле вакво нешто и дали сте спремни да ја ставите вашата врска на ваков тест, каде што 25 дена пстојано ќе бидите заведувани на сите можни начини од од други личности. Дали имате 100% доверба во вашиот партнер и во самите себе, дали сте сигурни дека ништо не би можело да ве раздели.
 
Вакви искушенија има и во ријл лајф... не знам зошто им треба шоу:/
 
Вакви искушенија има и во ријл лајф... не знам зошто им треба шоу:/
Па има искушенија и во вистинскиот живот, но не толку многу и толку привлечни на едно место. Но темата е дали вие би направиле такво нешто,а не да се дискутира шоуто како шоу,дали чини или не.
 
Сигурно дека би прифатил. 100% сум сигурен во нас. :back:
 
јас мислам дека не е реално
зошто самата помисла дека има камера ти ги менува постапките
едно е кратка авантура и никој да не знае за тоа а друго е кога ке испратиш само еден поглед а сите тоа ке го забележат
мислам дека шоуто е осдено на пропаст од самиот старт, освен ако организаторите не најмат актери па да има малку сапуници
 
јас мислам дека не е реално
зошто самата помисла дека има камера ти ги менува постапките
едно е кратка авантура и никој да не знае за тоа а друго е кога ке испратиш само еден поглед а сите тоа ке го забележат
мислам дека шоуто е осдено на пропаст од самиот старт, освен ако организаторите не најмат актери па да има малку сапуници
треба да бидеш идиот да изневериш на телевизија...треба да бидеш идиот да се пријавиш со цел да не издржиш...
 
Значи добро ај читајте малку поубаво за што е темата! Не е за да го коментирате шоуто, за тоа си има подфорум Филм и Тв.

Прашањето е, дали ВИЕ би се пријавиле на такво нешто, дали би си ја ставиле врската на тест со пријавување на такво нешто.

Одговарајте на тие прашања, се поврзано со тоа кој пар ќе тепа и слично, ќе биде избришано.
 
Оф (по официјалниве правила): Секој пат кога ќе се појави вакво шоу го оставам истиот коментар, што не ќе измислат за да забавуваат народ, што „поконтроверзно“, толку поинтересно, на арно се движиме.

Он: Не, никогаш не би дозволил мојот живот, т.е. еден многу важен дел од мојот живот да му претставува забава на некој кауч потејто кој не може самиот да стапи во врска па се диви на раскинување на туѓи. Тоа е, на арно се движиме...
 
Имам доверба а и стварно треба некој да е премногу расипан за да вара на телевизија. Инаку не би се пријавила од причина што сметам дека не треба да го делам приватниот живот со цел свет.
 
Па доколку би бил во некоја свежа врска на која би ми зависело многу би се пријавил, чисто за да ја изневерам со сите 25 љепотици таму.

Пази, каде на друго место на светов некој ќе те стави со 25 атрактивни жени кои сакаат да те легнат?

Нормално дека ќе успеат, повеќе се.
 
Не џабе рекле приликата го прави крадецот :icon_lol:. Кој сака да ризикува нека повели. На ТВ може и да успее ама во приватен живот ризикот е преголем.
 
Ако би одело сето тоа на ТВ, верувам дека не би се осудил партнерот да ме изневери, па не е страшно. Но и така и поинаку, мислам дека не би се осмелила да се пријавам со него на некое такво реално шоу. Никогаш и во никого не сум 100% сигурна (ни во мене понекогаш), па нема потреба самата да додавам екстра лути зачини.:)
 
Многу пати сум рекла дека немам 100% доверба во никого (дури ни во себе), но на ваков начин да се открие тоа е малку смешно. Не би се пријавила, не заради стравот да се посомневам во него или во себе, туку едноставно заради што не сакам да го споделувам мојот приватен живот со милионска публика, а има и многу други начини за тестирање на врската.
На вакви шоуа одат претежно добри глумци заради слава,пари или авантура, а поретко за навистина да ја преиспитаат својата врска.
 
Јас секогаш имам 100% доверба во дечкото со кој одам, меѓутоа јас моја интима и приватен живот да изложувам на телевизија - не благодарам. Не сакам таков тип внимание врз себе.
 
у секој случај ќе има далги у шоуво ...

Околу прашањето: зависи во каква врска си .. колку е сериозна ...
инаку секој кој би отишол би паднал на некоја ако не и на повеќе од понудените женки :toe: :sekss:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom