Не би се согласил дека е до толку депресивно. Во 1990 година Социјалистичка Република Македонија беше подепресивно место од Република Македонија во 2009.
- Тоа е времето со 3 ТВ канали (МТВ1+МТВ2+МТВ3) и 3 дневни весници (Нова Македонија, Вечер, Фљака). Се тоа државно... (една верзија на вистината). Сега имаме XY ТВ канали и 7 дневни весници (може се и повеќе) на македонски јазик. Сега чии се тие и какви интереси имаат ни е јасно.
- Во 1990 имаше околу 150-190 илјади невработени. Сите компании во "општествена" сопственост со доцно-југословенски тип на самоуправување. По сите приватизации, евтино продавање фирми, затворање фабрики (кои можеле да преживеат) во 2009 имаме 300 и кусур илјади невработени. Во 1990 немаше 125 типа на мастики да ги купиш во продавница, туку познатите Стипи и Стела. Два типа наполитанки (наредени на цел рафт во познатите Славија и Центро). Сега ако имаш пари можеш и тенк да си набавиш...
- На почетокот на 90-тите Армијата на Република Македонија немаше штекери (пошто ги земаа ЈНА), а камоли зољи. Сега имаме авијација (каква-таква), тенковски единици, специјални единици, еден куп војска надвор од наши граници (кај што не им е местото).
- За Албанците можам само индиректно да зборувам, но верувам дека нивните права како граѓани на РМ се подобри сега отколку во 1990. Имаат универзитети, кои ние како морони не сакавме да им ги дадеме, партии (кои се обидовме да не им ги дадеме).
Затоа Република Македонија во 2009 од мене ќе добие преодна оценка 7/10 и покрај сите срања кои ни се случија овие години - немири во Гостивар, ТАТ, вонпарламентарна опозиција (снајпери на згради), лажирани избори (и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ), две економски блокади, една голема војна во соседство (НАТО vs Србија), бегалска криза (официјално 344.500 луѓе), обид за атентат на еден претседател и пад на авион на друг, блокада во НАТО, инфлации, девалвации, глобална економска криза... (како да нема крај листава).