Леле шо закон коментари читам! Мх, мх, мх. Македонче менталитет пар екселанс.
Значи, вака. Протестот е у спремање веќе подолго време, јас сум еден од дечките што помага во организирањето, (не сакам да го користам зборот организатор пошо сите сме задолжени за нешто и главната идеа е да немаме лидери и овчари дека сите сме студенти и сите сме еднакви) па од старт можам да ви кажам дека
ние не зависиме од ама баш никој. Ниедна партија не сакаме, ни една организација, никакви движења и проекти и невладини. Тоа е првобитната поента, да настапиме како аморфна маса.
Јас сум лично презадоволен од протестот, имаше 300 души преку сила, ама Сител ко сител, не снимаше кога бевме 15 души и рекоа дека протестот е од ЕсДеЕс, што, воопшто не сум шокиран, сметајќи го непостоечкиот кредибилитет на стандард на фацки ко Латас.
Друго, пичињата си се пичиња и пичиња ќе останат. Упаднавме на сите факултети, пичињата си тргаа сеир и се смееја и не сакаа да се симнат, иако гледаа дека сме огромна толпа, па неколку пати ги попцув у лице и тоа многу добро ми легна на душичката.
Трето, многу ме израдува стравот и очајноста на вмровските војничиња на Самоил. На двапати имаше едно кутро детенце шо извади СДС знаме сакајќи да го снимат, добро што го спречивме, се уплаши малото "Ама ја не знам, ја само го најдов!" Ќе се расплачеше, за жалење. Тоа е направено од две причини.
1) Да кажат дека протестот е партиски па да ја разводнат целата ствар, па да искочиме и ние партиски полтрончиња ко нив
2) Дечкото да изедеше ќотек па после да кажат дека имало инцидент и дека ние сме биле нецивилизирана маса на варвари собрани од улица.
За среќа не им успеа ништо, бидејќи ние нашиот труд најмногу го посветивме на тоа. Да бидеме спремни на сите провокации и лајнојадечки способности на Македончето.
Секако, не застануваме тука. Следува прес, па наредна акција а студентите шо ќе останат у Скопје преку летото ќе фураат акции и за овде.
А да, зашо сеа при крај. Па пошо на 24ти е 60 годишнина на УКИМ, па сакавме убаво да го обележиме. Simple as that.