- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Институтот “Маргарет Тачер“ порачува Македонија во 2010г влезе во НАТО
недела, 17 мај 2009, 18:00
Политичко – истражувачкиот институт “Маргарет Тачер“ препорачува краен рок - Македонија да влезе во НАТО, идната година на самитот во Лисабон. Аналитичарката Сали МекНамара во препораките до новиот американски амбасадор во алијансата Иво Даалдер, меѓудругото вели дека администрацијата на Обама треба да ја обнови поддршката на конгресот за политиката на отворена врата на НАТО, особено поддршката за полноправно членство на Македонија.
МекНамара потенцира дека само поради проблемот со името, Македонија не добила покана за алијансата, иако ги исполнила сите услови како Хрватска и Албанија.
„Атина беше безкомпромисна и она што иритира уште повеќе е фактот дека Македонија во моментов има повеќе трупи во НАТО мисијата во Авганистан отколку Грција. Амбасадорот Даалдер треба ги искористи американските дипломатски врски и заедно со своите колеги во Атина да го заокружат членството на Македонија во НАТО за време на 61-от самит во Лисабон“ – вели МекНамара во својата анализа.
Понатаму се вели дека досегашното проширување на алијансата има одиграно клучна улога во стабилизацијата и реформирањето на големи делови од Европа, особено на тие кои беа под Советска доминација.
Институтот Маргарет Тачер ги наведува сериозните предизвици со кои ќе се соочи новиот американски амбасадор во НАТО. Релациите со Русија, состојбата во Авганистан, преговарање за нов стратегиски концепт и формулирање на ново партнерство меѓу НАТО и Европската Унија.
Инаку, Иво Даалдер пред два дена ја презеде функцијата американски амбасадор во НАТО. Јавноста во САД го познава како експерт за надаворешна политика, но и како поранешен советник во претседателската кампања на Обама.
Извор Алфа Тв
Линк: http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=8115
Се стеснува обрачот...