Време

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Во физика нели времето е дефинирано како интервал помеѓу два настани.
Во филозовска смисла ако концептот време го поделиме на имагинарно (замислено) предодредено време и (судбински) тек на настани и реално односно вистинско време во кое живееме и ги доживуваме настаните, што би добиле?
Имагинарното време време почнува од почетокот на постоењето на нештата (биг бенг или креатор не е битно) и би претставувало полу-права со почетна точа и крај во бесконечност.
Во оваа полуправа нештата се дефинирани од самиот почеток па се до крајот. Однапред дефиниран редослед на настаните во времето, како во минатото така и во иднината која сеуште не сме ја достигнале. Ако постојат некои (јас не верувам) кои што можат да ја видат иднината, тие би ги виделе настаните што се наоѓаат на оваа имагинарна права од времето.
Реалноста не секогаш се поклопува со оваа права туку само понекогаш во некои точки.
Е сеа реалното време за нас почнува од кога ќе се родиме, за минатото може само да читаме или некој да ни раскажува, сегашноста да речеме ни е настанатот во мемнтот, но што е со нашата иднина???
Нашето реално време можеме да го замислиме единствено како крива линија со почеток во моментот на нашето раѓање. Почетната точка ни се наоѓа на правата предходно дефинирана во “имагинарното“ време. Правецот на нашата “крива“ сами го дефинираме со секојдневните одлуки кои не водат од еден настан до друг. Секојдневно носиме одлуки кои можат да насочат во еден или друг правец на развој на нашиот живот, тоа е нели нашата слободна воља. Нашите одлуки не се секогаш поврзани само нас и нашата иднина туку сме постојано во интеракција и со одлуките на другите луѓе што не опкружуваат и постојано си влијаеме едни на други при “насочувањето“ во кој правец ќе продолжат нашите животи. Ако во многу случаи сме донесле така да речам погрешни одлуки кои постојано нашата животна линија ја оддалечуват од предходно зацртаната права добиваме впечаток дека универзумот постојано не “мава“ по глава и дека не ни “иде“ во животот. Секогаш добиваме нови и нови шанси да се вратиме на “вистинскиот“ пат и со некоја своја одлука понекогаш и успеваме да ја пресечеме со нашата крива онаа имагинарна права. Според некои, точките на пресек помеѓу овие две линии ги доживуваме како „дежа ву“ односно стануваме свесни дека сме во вистинското време на вистинското место и тоа ни се гледа познато, односно веќе видено.
Исполнувањето на нашата “судбина“ односно завршувањето на нашиот животен пат во склад со однапред предодреденот за нас, доведува до прогрес и тоа не само за нас (да речеме достигнување на следно ниво) туку и за околината севкупно, односно им помагаме и на тие што не опкружуваат да успеат во правилно остварување на нивниот животен пат.
Залудно потрошен нечии живот е штетен не само за него туки са сите “судбински“ поврзани со него. Правењето на колективни грешки доведува колективно тапкање во место. Кога не извелкуваме поуки од предходни грешки и наместо да смениме и поправиме нешто, ние ги повторуваме истите не доведува до „повторување на историјата“ и едноставно се вртиме во круг без да напредуваме.
Некои луѓе се “заглавени“ врзани во чвор во минатото. Немаат идеја за својата иднина и за исполнување на својата “судбина“.
Некои се во сегашноста и се во постојана потрага по својот вистински пат.
А пак некои премногу рано ја спознале својата цел и така да речам пред време ја оствариле. Па за тие нели велиме дека биле несватени од современиците бидејќи скокнале дел од својот животен пат и пристигнале на својата крајна дестинација (точката на имагинарната права) каде морат да ги “почекаат“ останатите.

Тоа е моето ненаучно, филозовско гледање на ВРЕМЕТО. :pipi:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ти ова од искуство, или ти го кажал некој?
Еднаш со брат ми кренавме 260 780 километри во секунда, у пм, моторо ќе прегореше....уствари прегори... се сеќавам тогаш беше понеделник, а ко се вретивме оп среда! А за нас не поминаа ни 8 саати.

Се е докажано за помали брзини и пресметано што би се случило за поголемо брзини. Немај гајле, баш така е. :)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Се е докажано за помали брзини и пресметано што би се случило за поголемо брзини. Немај гајле, баш така е. :)
Стварно незнам кој докажал, преку калкулации при мали брзини, дека колку побрзо се движиш, толку побавно минува времето за тебе...
Линк4е можеби?
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Стварно незнам кој докажал, преку калкулации при мали брзини, дека колку побрзо се движиш, толку побавно минува времето за тебе...
Линк4е можеби?
Времето и брзината на светлината
и
Временска дилатација

А нели ти бараше наши видувања за времто?
Зошто сега сакаш научни докази за релативноста на времето? :salut:
 
I

Intex

Гостин
@VoniVaras

Не се контраш малку? Океј, малку повеќе?
Значи, има судбина, ама пак ние можеме да носиме одлуки (според тебе). Не, судбината не е дефинирана на тој начин. Судбината е дефинирана дека сите одлуки се исцртани, и ние не можеме да смениме ништо, т.е. само извршуваме веќе однапред испланира замисли.


Е сега да кажам мое размислување што ми текна сега.
Вака: под претпоставка успееме да добиеме информации за положбата на сите тела во Универзумот, заедно со насока, правец (ако се битија и за нивните намери во првиот иден момент). Со тоа ќе успееме да имаме еден цел момент од Универзумот во нешто (супер компјутер пример). Бидејќи ги знаеме намерите (на битијата), насоките, правците на движење на сите тела во Универзумот ќе можеме да го пресметаме и идниот момент, а со тоа и сите други идни моменти, односно со помош на сегашноста ќе можеме да погледнеме во иднината, без разлика дали се случила или не (рековме дека во некое идно време таа е минато, а во некое друго пак сегашност).
 
S

smart ass

Гостин
Тргнете настрана судбна,тргнете ја кладилницата-додека има материја има и време т.е согласно ајнштајновата равенка МАТЕРИЈАТА ИСЧЕЗНУВА односно тоа можеме да го наречеме време еве еден експеримент...па и повторуван е дури,имајте предвид се користи цезиум и ова е атомски часовник-ова е од оригиналот.
During October, 1971, four cesium atomic beam clocks were flown on regularly scheduled commercial jet flights around the world twice, once eastward and once westward, to test Einstein's theory of relativity with macroscopic clocks. From the actual flight paths of each trip, the theory predicted that the flying clocks, compared with reference clocks at the U.S. Naval Observatory, should have lost 40+/-23 nanoseconds during the eastward trip and should have gained 275+/-21 nanoseconds during the westward trip ... Relative to the atomic time scale of the U.S. Naval Observatory, the flying clocks lost 59+/-10 nanoseconds during the eastward trip and gained 273+/-7 nanosecond during the westward trip, where the errors are the corresponding standard deviations. These results provide an unambiguous empirical resolution of the famous clock "paradox" with macroscopic clocks."
J.C. Hafele and R. E. Keating, Science 177, 166 (1972)
In 1971, experimenters from the U.S. Naval Observatory undertook an experiment to test time dilation . They made airline flights around the world in both directions, each circuit taking about three days. They carried with them four cesium beam atomic clocks. When they returned and compared their clocks with the clock of the Observatory in Washington, D.C., they had gained about 0.15 microseconds compared to the ground based clock.


--- надополнето ---

Стварно незнам кој докажал, преку калкулации при мали брзини, дека колку побрзо се движиш, толку побавно минува времето за тебе...
Линк4е можеби?

Ете го експериментот со авионите...а и вони варас гледам оставил линкој.

Буцио нека не се буни...ова наше време и календари се ништо друго туку само....ПРАКТИКА која ни одговара...за да преживееме де:)

Исто како порано кога времето се мерело сезонски....житото де-БИДИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ:vozbud:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Е сега да кажам мое размислување што ми текна сега.
Вака: под претпоставка успееме да добиеме информации за положбата на сите тела во Универзумот, заедно со насока, правец (ако се битија и за нивните намери во првиот иден момент). Со тоа ќе успееме да имаме еден цел момент од Универзумот во нешто (супер компјутер пример). Бидејќи ги знаеме намерите (на битијата), насоките, правците на движење на сите тела во Универзумот ќе можеме да го пресметаме и идниот момент, а со тоа и сите други идни моменти, односно со помош на сегашноста ќе можеме да погледнеме во иднината, без разлика дали се случила или не (рековме дека во некое идно време таа е минато, а во некое друго пак сегашност).
Тоа ти е предвидување. Кое патем ќе е доста точно. И исто така, не само за иднината, може да знаеме и за минатото. Но пак, тоа е само предвидување, не вклучува никакво временско патување....

--- надополнето ---

Еве ме и мене.:vozbud:

Сите знаеме дека време не постои,дека е измислено за да ни помогне во животот.Но ние премногу се занесовме во теориската физика,заборавајќи дека времето е само илузија која нема значење.Секако време постои како единица мерка и невозможно е да се направам милиони експирименти без оваа мерка.Но таа е создадена само да му помогне на човекот,знаејќи дека мерката не постои во реалност.
Уф, јака теорија, времето е илузија, не постои. Ако не постои времето тогаш не постои и просторот. Логично на твојата теорија.

Инаку, мене ме буни следново:
Теоријата за Биг Бенгот почнува: По настанувањето на големата експлозија започнува временско-просторниот континиум. Логично прашање од моја страна е што пред тоа? Што пред тоа ако не постоело времето?!
Можеби е до теоријата...

--- надополнето ---

Ако е минато она што се случило,а иднина она што ќе се случи,тогаш што е сегашност???Откако ќе го постирам овој пост тој веќе е во минатото.:toe:
Да разјасниме: Минатото и иднината не постојат. Минатото поминало, а иднината ќе дојде. Постои само сегашноста, и тоа што правиме во сегашноста, т.е. последиците, тие се оние кои ја одредуваат иднината, и одредуваат што се случило....
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Инаку, мене ме буни следново:
Теоријата за Биг Бенгот почнува: По настанувањето на големата експлозија започнува временско-просторниот континиум. Логично прашање од моја страна е што пред тоа? Што пред тоа ако не постоело времето?!
Можеби е до теоријата...

Ништо.
Биг Бенгот е почетокот.
Пред Биг Бенгот не постоело ни времето ни просторот. Тоа е тоа :)
Blank page.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ништо.
Биг Бенгот е почетокот.
Пред Биг Бенгот не постоело ни времето ни просторот. Тоа е тоа :)
Blank page.
Хехехех.... размислувањата те тераат да мислиш на тоа... :)
Ама јас прашувам, како е тоа Бланк пејџ, какво е тоа ништото? Затоа можеби и Биг Бенгот како теорија е донекаде погрешна...
И пази сега, теоријата вика:
Вселената т.е. временско просторниот континиум и денес се шири со брзина поголема од таа на светлината... Во што се шири временско-просторниот континиум? :)
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
shto i da kazete za vremeto nikogas nema da razberete potpolno .. ne e vo nasata priroda da go razbereme vremet. NIkoj naucnik ni filozof, nikoj ne stignal ni priblizno do teorijata i faktot za vremeto.Nasata humana priroda ne moze da razbere raboti koi ne se od ovaj svet i ovaa nasa Zemjanska natura.Ne se obiduvajte.Poarno obidete se da razgatneme koi se, kakvi gi ima, kakva im e rabotata i tie raboti okolu vonzemnite intelegencii i kako da se spravime so idiotskite konspiracii koi ne delat od nasata priroda.Vremeto e naj malku bitno vo momentov.No nema nikogas da go razbereme nie samite dodeka nekoj od gore ne ni kaze kako e.A i koga bi ni kazale ne veruvam deka ke go raazbereme ...Nikoj ne go razbral vremeto nitu ke go razbere...
A i ne veruvam vo big bengot.Ne moze bas od nisto da ti se sozdade nesto vo koe denes ima uslovi za milioni civilizacii, milijardi sozvezdija i elementi.Temni energii temni materii. Ne e logicno.. barem na mene.I tuka pak ne lazat i pak krijat nesto od naas.Mozebi ima drug univerzum i druga vselena nadvor od ovaa koja se siri, pa mozebi od tamu nekade go sozddale nekoi uste po silni i od najsilnite vo ovoj univerzum. ...

Inace ziveeme vo trite vreminja istovremeno.

Vcera za denes e minato.Utre za denes e idnina. Denes za denes e denes.Taka da ziveeme vo trite vreminja istovremeno.Voa onaka nisko intelegentno razmisluvanje ;) :p
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што е времето?

Нема човек што не го искусил времето, но сепак ретко кој знае да даде дефиниција што всушност претставува! Долго време луѓето времето го сметале за нешто константно и непроменливо! Нешто што постоело одсекогаш и нешто што ќе постои засекогаш, но сепак времето е многу помистериозно, науката преку теоријата на релативноста докажа дека времето ниту е константно, ниту непроменливо, ниту пак одсекогаш постоело! За мене времето е едноставно производ на свеста кога доживува некое искуство!
Што претставува за вас времето?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Времето е континуум на искуство во кое настаните поминуваат од иднината преку сегашноста кон минатото.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Времето е континуум на искуство во кое настаните поминуваат од иднината преку сегашноста кон минатото.
Слично мислење на моето! Според мене за да постои искуство мора да постои и евест - ентитет кој ќе го перцепира тоа искуство! Дали времето постои без свеста?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Слично мислење на моето! Според мене за да постои искуство мора да постои и евест - ентитет кој ќе го перцепира тоа искуство! Дали времето постои без свеста?
Зависи како размислуваш.
Дали просторот постои без свеста?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom