VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Во физика нели времето е дефинирано како интервал помеѓу два настани.
Во филозовска смисла ако концептот време го поделиме на имагинарно (замислено) предодредено време и (судбински) тек на настани и реално односно вистинско време во кое живееме и ги доживуваме настаните, што би добиле?
Имагинарното време време почнува од почетокот на постоењето на нештата (биг бенг или креатор не е битно) и би претставувало полу-права со почетна точа и крај во бесконечност.
Во оваа полуправа нештата се дефинирани од самиот почеток па се до крајот. Однапред дефиниран редослед на настаните во времето, како во минатото така и во иднината која сеуште не сме ја достигнале. Ако постојат некои (јас не верувам) кои што можат да ја видат иднината, тие би ги виделе настаните што се наоѓаат на оваа имагинарна права од времето.
Реалноста не секогаш се поклопува со оваа права туку само понекогаш во некои точки.
Е сеа реалното време за нас почнува од кога ќе се родиме, за минатото може само да читаме или некој да ни раскажува, сегашноста да речеме ни е настанатот во мемнтот, но што е со нашата иднина???
Нашето реално време можеме да го замислиме единствено како крива линија со почеток во моментот на нашето раѓање. Почетната точка ни се наоѓа на правата предходно дефинирана во “имагинарното“ време. Правецот на нашата “крива“ сами го дефинираме со секојдневните одлуки кои не водат од еден настан до друг. Секојдневно носиме одлуки кои можат да насочат во еден или друг правец на развој на нашиот живот, тоа е нели нашата слободна воља. Нашите одлуки не се секогаш поврзани само нас и нашата иднина туку сме постојано во интеракција и со одлуките на другите луѓе што не опкружуваат и постојано си влијаеме едни на други при “насочувањето“ во кој правец ќе продолжат нашите животи. Ако во многу случаи сме донесле така да речам погрешни одлуки кои постојано нашата животна линија ја оддалечуват од предходно зацртаната права добиваме впечаток дека универзумот постојано не “мава“ по глава и дека не ни “иде“ во животот. Секогаш добиваме нови и нови шанси да се вратиме на “вистинскиот“ пат и со некоја своја одлука понекогаш и успеваме да ја пресечеме со нашата крива онаа имагинарна права. Според некои, точките на пресек помеѓу овие две линии ги доживуваме како „дежа ву“ односно стануваме свесни дека сме во вистинското време на вистинското место и тоа ни се гледа познато, односно веќе видено.
Исполнувањето на нашата “судбина“ односно завршувањето на нашиот животен пат во склад со однапред предодреденот за нас, доведува до прогрес и тоа не само за нас (да речеме достигнување на следно ниво) туку и за околината севкупно, односно им помагаме и на тие што не опкружуваат да успеат во правилно остварување на нивниот животен пат.
Залудно потрошен нечии живот е штетен не само за него туки са сите “судбински“ поврзани со него. Правењето на колективни грешки доведува колективно тапкање во место. Кога не извелкуваме поуки од предходни грешки и наместо да смениме и поправиме нешто, ние ги повторуваме истите не доведува до „повторување на историјата“ и едноставно се вртиме во круг без да напредуваме.
Некои луѓе се “заглавени“ врзани во чвор во минатото. Немаат идеја за својата иднина и за исполнување на својата “судбина“.
Некои се во сегашноста и се во постојана потрага по својот вистински пат.
А пак некои премногу рано ја спознале својата цел и така да речам пред време ја оствариле. Па за тие нели велиме дека биле несватени од современиците бидејќи скокнале дел од својот животен пат и пристигнале на својата крајна дестинација (точката на имагинарната права) каде морат да ги “почекаат“ останатите.
Тоа е моето ненаучно, филозовско гледање на ВРЕМЕТО.