Време

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Со зголемување на брзината на движење, се намалува брзината на течење на времето. Така доколку постигнеме некоја брзина блиску до брзината на светлината времето би требало да се враќа назад, или да застане. Како што кажа ДР кулен, ама јас за ова ја прашувам професорката и таа ми вика дека со зголемување на брзината времето се движи побрзо.....:toe:
 
I

Intex

Гостин
Дали е сепак права?
Дали можеш да одиш во неа? (фигуративно кажано)
Дали минатото постоело или постои? (Голема разлика)
Иднината? Постои? Или моментов си е момент, а следниот момент си е момент, кој всушност не претстои туку спонтанот случајно се случува? -.-
На правата немоеш да мрднеш напред ил назад а да прерипаш моменти... -.-

Не е за наука темава. Неќам да знам мислење на Алберт Петковски, сакам твое :)

--- надополнето ---

Е... И дали времето моеш да го набљудуваш од страна?
Пример, точката (ти) да се движи по правата (нели, нанапред, пошо наназад неможе xD), а не, правата да се движи под точката...
Знаеш, ко, ко ја играш онаа формулана на тетрис, формулата ти седи у место а патот ти се движи XD
Мое размислување? Ова погоре е нечие научно размислување, но се согласувам со него.
Еве го моево: ние се движиме низ времето, и со тоа имаме непрекинато движење, ко филм замисли си го. Дали можеме да се движиме низ правата? Можеме и напред и назад, ама прво треба да колабрира времето (да го свиткаме на некој начин) и со тоа ќе можеме да патуваме, зошто ќе имаме целосна контрола над него
Дали можеме одстрана да го гледаме? Не, пошто паралелните универзуми се дел од времето, т.е. се составени од бесконечен број временски 5д универзуми.
Или не, чекај, може можеме, ако постои некоја седма димензија, let say каде универзумот не е материјален, туку е изграден од нешто друго. Да не го чепкам тој дел, оти ќе треба да забегаме во дискусија каде ќе го смешаме Господ. xD
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Време не постои, постои само оваа променлива и минлива материја, но ќе го средам и тоа!
 
A

ateist

Гостин
Малце апстрактна тема, али ме интересираат мислењата...
Лично, дали немам доволно познавања, дали немам доволно интерес ил логика за размислување на темава, али сега за сега немам конкретен став...
Него, ме интересира:
Како го замислувате вемево? Дали го замислувате како полуправа со почеток а без крај (вие сте цртката на почетокот)? Дали како полуправа со крај а без почеток (вие сте цртката на крајот)? Дали само како права?
Ма, можеби, рамнина? о_О

И, не го хејтајте Сенсеи Хејтер, размислете пред да кажете дека тематикава е конфузна.
како за твој години одлично ти е и размислувањето и логиката
сеуште неможеш да ги дефинираш работите ама тоа недоаѓа само од себе туку се научува

вака некако сакаш да кажеш :

Многумина што ја знаат теоријата на релавититет и што го читале Хокинг (кратка историја на времето )
доаѓаат до заклучок дека времето НЕПОСТОИ што е погрешен заклучок .

GoD.HateUSaLL твоето размислување е точно .
Хокоинг не го доведува во прашање постоењето на времето.. кој го читал убаво човекот си споменува Настани
е само не ја напишал дефиницијата .

Дефиниција за време :

Времето е : Редоследна (не) Зачестеност на Настани (случки )

значи :
1) имаме РЕДОСЛЕД .........НИЗА , ПРОГРЕСИЈА , последователност...........ЛИНИЈА ПРАВА (векторска големина = со правец насока сила ) ИТН
2) имаме Зачестеност ....повторливливост покеќекратна или едноединствена (неповторливост во смисла на уникатност или исклучок )
3) Настани ..случки ...........КОЈ СЕ МАТЕРИЈАЛНИ значи од материјална природа а ние луѓето сме дел од неа па така ако некој го негира времето се негира и самиот себе дека постои

сосема друга работа е Брзината со која се стасува од еден настан-случка до друг
Па така ако наедна маршрута јас одам пешки (од едно место-точка до друго ) ќе забележам многу повеќе други детали .Со велосипед многу помалку, со автомобил уште помалку а ако растојанието го поминувам со авион тогаш за случувањата ќе се информирам од средства за јавно инфорирање или други луѓе (рекла казала ) .Ние луѓето се јауваме во улога на независни набљудувачи (значи со целиот багаж дека сме пристрасни или колку се не-разбарме во наука значи од степенот на образованост и спознание НО И САМИТЕ СМЕ НАБЉУДУВАНИ бидејќи сме -секој од нас како настан ).Времето има своја материјална компонента во која сме вклучени и ние луѓето .Но дури ида не постојат свесни битија како нас не значи дека времето непостои .Времето нема да постои ако нема ..1) редослед на настаните 2)зачестеност меѓу настаните 3) самите настани -случки кој се од материална природа но и да се од друга природа мора да постои начин тие да се констатираат како такви .

Дали ако некој со некаква машина се движи со или побрзо од брзината на светлината времето сопрело .
Никако , тоа нее можно бидејќи настаните веќе се наредени (на права , рамнина-како шаховски фигури или како и да е ) а тие се материјални туку набљувачот-патникот во таква состојба неможе да ги детектира .
итн итн

е сеа од Филозфска гледна точка има повеќе видувања :

идеалистчко-метафизичко-религиозната страна тврди дека СЕ Е ПРЕДОДРЕДЕНО притоа зборат за некаков Божји план и дека човекот е тотално немоќен да стори било што .Ова повеќе за свој потреби да ги држат под контрола луѓето да создадат наква апатија разочараност кај истите .Нели нивно тврдење е дека секој од нас и кога е буден уствари сонува (па така не се знае што е јаве а што сон ) дека ние со нашите очи гледаме тоа што некаков бог сака да го видиме а не дека тоа е навистина така И дека секој друг човек има различен суд за една иста работа не поради различните интереси и сваќања ами затоа што бог на нивните очи им прикажува сосоема друга материјалност различна од таа на другите луѓе иако сме се нашле во исто време на исто место и треба да сведочиме за иста случка .Нели познатото тврдење дека тоа што го гледаме уствари е наша вообразија дека тоа реално непостои туку се е дел од некаква аполутна идеа - царство на идеи а дека материјата е фатаморгана па и ние заедно со неа . НО ова тврдење целосно се совпаѓа со теоријата за ТОТАЛНА биг-бенговска предодреденост .Значи се е предодредено уште во прв миг на биг бенгот и соодносот на состојките во бесконечно густото топче па од тогаш до крајот на вселената се е предодредено .Крајно разочарувачка варијанта која немже да се отфрли ...нели ...мислам дека мислам а устваи и мислите се материјални и се се одвива според познатите закони на физика , механика итн па така се било предодредено уште во првиот миг на биг-бенгот уствари ние не сме ниту личности туку и тоа е дел од некаква предодреденост .....крајно разочарувачка варијаната дури нихилизам ...се тече се се менува кон ништо .

Во ваков случај се е доведено во прашање ....
нели имаме дефиниран правец ама на полуправа . полурамнина или како што Хоконг вели за вселената дека може да се апроксимира со површина на балон во фаза на надувување (вселената се шири )
Но се е тоа веќе предодредено и како Редослед и како Зачестеност и како Настан-и

ова веќе подетално сум го објаснил во посебни теми :
ПОСТОИ ЛИ ЛИЧНОСТА 1
http://forum.kajgana.com//showthread.php?28184-постои-ли-личноста

ПОСТОИ ЛИ ЛИЧНОСТА -2

ВТОРО ВАРИЈАНТНО РЕШЕНИЕ
http://forum.kajgana.com/showthread.php?29212-постои-ли-личноста-2.
.
.
материјалистичката филозофија е пооптимистича од религиозно -идеалистико /метафизичката но затоа и похумана почовечна .
.
.
 
I

Intex

Гостин
^ Го прочитав мислењето. Го објаснуваш погоре напишаното, и плус надополнување за тоа што ние го викаме судбина. Од научна гледна точка, судбината постои, зошто сите моменти од времето се испишани, и не можеме да ги смениме, дури и да пропатуваме во минатото. Причина: дедовиот парадокс.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
значи :
1) имаме РЕДОСЛЕД .........НИЗА , ПРОГРЕСИЈА , последователност...........ЛИНИЈА ПРАВА (векторска големина = со правец насока сила ) ИТН
2) имаме Зачестеност ....повторливливост покеќекратна или едноединствена (неповторливост во смисла на уникатност или исклучок )
3) Настани ..случки ...........КОЈ СЕ МАТЕРИЈАЛНИ значи од материјална природа а ние луѓето сме дел од неа па така ако некој го негира времето се негира и самиот себе дека постои
.
Постои и таа уникатна неповторливост, во нашите тикви. И уште поуникатна, поидеализирана станува во нив.
Саатот е направа измислена за мерење на движењата, сама по себе нема ништо лошо во неа, освен што човекот и станал роб, од утро до мрак, и заборавил да живее секогаш сега и овде.
Инаку, постои време во тој смисол. А истотака и не постои. Парадокс на вистината... Може и малку дрвење, затоа сме на филозофија. :)
 
A

ateist

Гостин
^ Го прочитав мислењето. Го објаснуваш погоре напишаното, и плус надополнување за тоа што ние го викаме судбина. Од научна гледна точка, судбината постои, зошто сите моменти од времето се испишани, и не можеме да ги смениме, дури и да пропатуваме во минатото. Причина: дедовиот парадокс.
значи се согласуваме дека времето ПОСТОИ и минатото не може да се смени токму поради материјалната компонента на времето

судбина - предодреденост хмммммммммммммм
едно видување е идеалистичко-метафизичкото - религиозно кажување (разочарувачко и нехумано секогаш врзано со крвнички општествени системи робовладетелство феудализам капитализам )

друго е материјалистичкото кое гарантира дека човековиот мозок иако материјален сепак функционира како независна логична машина која му обезбедува извесна независност од механичкото дејствување врзано исклучиво според закони на физика механика елекроника -- инстиктиктивно делување туку дека човекот е и ДУХОВНО - СВЕСНО ПЛАНИРАЧКО БИТИЕ а тоа е доказ дека СУДБИНАТА НЕ ЗАВИСИ ОД СЛУЧАЈНОСТА те само од природните појави ТУКУ И ОД НЕГО САМИОТ .Дека самиот човекима можност да мисли да планира а потоа тие свој замисли и практично да ги реализира .

Куранско Библиската гаранција нема ништо заедничко со религии вери и идеалитичко-метафизичката филозофија туку е блиска со материјалистичката филозофија со разлика дека тврди оти материјата е реална и човекот е материјален - реален НО ДЕКА Личноста е независна со тоа што е нематеријална и на некој начин преку мозокот како инструмент управува со биолошкото-материјално тело ..
.

--- надополнето ---

Постои и таа уникатна неповторливост, во нашите тикви. И уште поуникатна, поидеализирана станува во нив.
Саатот е направа измислена за мерење на движењата, сама по себе нема ништо лошо во неа, освен што човекот и станал роб, од утро до мрак, и заборавил да живее секогаш сега и овде.
Инаку, постои време во тој смисол. А истотака и не постои. Парадокс на вистината... Може и малку дрвење, затоа сме на филозофија. :)
шо има ш бе ти против филозофијата и тупењето ?
ајде ПРИЗНАЈ !

НЕГО ако негираш дека времето постои значи негираш Редослед , Зачестеност (ритам,повторливост, )Настани

епа добро Хокинг те прашува :

зошто се сеќаваш само на минатото , на Настани -случки за кој си сигурен ако и самиот си се јавил во улога на сведок-набљудувач , или од извори-известувачи кој имаат твоја доверба НО НЕ СЕ СЕЌАВАШ И НА ИДНИНАТА .Не се сеќаваш на настаните од твојата иднина .
Ако времето не постои и ако навистина ја нема материјалната компонента тогаш ТИ БЕЗ ПРОБЛЕМ ТРЕБА ДА СЕ СЕЌАВАШ И НА НАСТАНИТЕ ОД ТВОЈАТА ИДНИНА А НЕ САМО ОД СВОЕТО МИНАТО .
Ако докажеш дека се сеќаваш на иднината тогаш ќе ја побиеш дефиницијата за време како векторска материјална величина .

ама не со тупење туку со доказ ........................хехехехе.
.
.
.
.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
^ Го прочитав мислењето. Го објаснуваш погоре напишаното, и плус надополнување за тоа што ние го викаме судбина. Од научна гледна точка, судбината постои, зошто сите моменти од времето се испишани, и не можеме да ги смениме, дури и да пропатуваме во минатото. Причина: дедовиот парадокс.
Според тебе, не баш...
Нели, самиот рече:
Ако се случи промена во времето (непредвидена промена во нашиов пример) се одразува на друг универзум (паралелен, каде требало да се случи таа промена). Нешто ко одбранбен механизам на Универзумот е тоа.
Што значи?
Се враќаш во времето, го убиваш својот дедо, но продолжуваш да постоиш, но во друг паралелен универзум. Според тебе. :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ако е минато она што се случило,а иднина она што ќе се случи,тогаш што е сегашност???Откако ќе го постирам овој пост тој веќе е во минатото.:toe:
 
I

Intex

Гостин
Постои и таа уникатна неповторливост, во нашите тикви. И уште поуникатна, поидеализирана станува во нив.
Саатот е направа измислена за мерење на движењата, сама по себе нема ништо лошо во неа, освен што човекот и станал роб, од утро до мрак, и заборавил да живее секогаш сега и овде.
Инаку, постои време во тој смисол. А истотака и не постои. Парадокс на вистината... Може и малку дрвење, затоа сме на филозофија. :)
Не збориме за саатот, туку за времето како димензија. : )
значи се согласуваме дека времето ПОСТОИ и минатото не може да се смени токму поради материјалната компонента на времето

судбина - предодреденост хмммммммммммммм
едно видување е идеалистичко-метафизичкото - религиозно кажување (разочарувачко и нехумано секогаш врзано со крвнички општествени системи робовладетелство феудализам капитализам )

друго е материјалистичкото кое гарантира дека човековиот мозок иако материјален сепак функционира како независна логична машина која му обезбедува извесна независност од механичкото дејствување врзано исклучиво според закони на физика механика елекроника -- инстиктиктивно делување туку дека човекот е и ДУХОВНО - СВЕСНО ПЛАНИРАЧКО БИТИЕ а тоа е доказ дека СУДБИНАТА НЕ ЗАВИСИ ОД СЛУЧАЈНОСТА те само од природните појави ТУКУ И ОД НЕГО САМИОТ .Дека самиот човекима можност да мисли да планира а потоа тие свој замисли и практично да ги реализира .
Па не зависи од нас. Ако не можеме да го смениме минатото поради тоа што е испишано, тогаш не можеме и иднината, оти е однапред испишана од почетокот на времето, па до крајот. Хм, крајот не баш, оти нели е бесконечно времето. Универзумот настанал, со тоа и времето, и во тој прв момент времето било испишано. Сега ние само како пиони. (зборам за 5д универзумот, без мешање на паралелните). Всушност, и да ги спомнеме, пак не можеме да смениме ништо поради дедовиот парадокс, кој ќе го објаснам подолу, за Хјуман.
Според тебе, не баш...
Нели, самиот рече:

Што значи?
Се враќаш во времето, го убиваш својот дедо, но продолжуваш да постоиш, но во друг паралелен универзум. Според тебе. :)
Не. Се враќаш во минатото, го убиваш дедо ти. Но тоа не се одразува на универзумот каде живееш ти, туку на некој друг паралелен каде дедо ти треба да биде убиен од страна на некој непознат странец (во овој случај ти). Појасно е сега?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Доколку некој астронаут патува со брзина блиска на светлината и некој од Земјата го набљудува со телескоп, движењата на астронаутот ќе бидат како на забавена снимка, затоа што при таа брзина времето за астронаутот тече побавно во однос на времето на Земјата.
Си набљудувал ти некогаш астронаут во таква положба па да знаеш дали ќе биде забавена или забрзана снимка.
Еве не мора ти, дали има некој на планетава земја кој што го има направено тоа?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Си набљудувал ти некогаш астронаут во таква положба па да знаеш дали ќе биде забавена или забрзана снимка.
Еве не мора ти, дали има некој на планетава земја кој што го има направено тоа?
Зошто да мора да го има направено тоа кога се знае дека со зголемувањето на брзината се зголемува и масата, а со тоа се забавува времето во однос на другите тела што мируваат.

--- надополнето ---

Не. Се враќаш во минатото, го убиваш дедо ти. Но тоа не се одразува на универзумот каде живееш ти, туку на некој друг паралелен каде дедо ти треба да биде убиен од страна на некој непознат странец (во овој случај ти). Појасно е сега?
И се би било така добро доколку постоеше и најмал доказ дела постојат паралелни универзуми.
Доколку постојат, ок, но доколку не постојат не можеш да се вратиш во времето (во минатото) и да го убиеш дедо ти?
Или можи? Постојат доста теории за тоа, една од нив е дека промените за некој што го изменил минатото доаѓаат бавно и дури тогаш се гледаат последиците.
 
Не постојат бавни промени во времето, зошто времето е причинско последично, па ако се смени, сменето е, нема бавни и брзи промени.
Не постојат паралелни универзуми? Логично е да идеме во бесконечност, не може до 5д иде, и после преќине. Паралелните универзуми се заштитата на универзумите.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ве прочитав...
Нешо ми се свиѓа, нешо не ми се свиѓа.
Она шо воглавном не ми се свиѓа е тоа што како мислења ми наметнувате теории guy in a wheilchair and a dead guy.
Абе супер е се тоа. Теориите треба да се знаат! Ама не ми ги наметнувајте како факти.
На прашањава, точениот одговор, засега, не го знае никој.
Има само теории.
А теоритее, ко шо знаеме (или не) можат да бидат и неточни.

Друга ствар. Ко ќе пробувате да објаснувате теорија, make sure you understand it yourself. Хокинг во Кратка историја на времето, за времето зборува од сосема друг агол. Зборува за ред и хаос. Дава примери за имагинарното време. Збори за векторот на времето, односно зборува за 3те различни вектори на време, термодинамички вектор, па психолошкиот вектор па космолошкиот. Ако некој сака да ги разглабаме, во ред. Интересни се бајаги.

Е, и друга ствар. Ова примериве со убивање на дедото при враќање у време.
Значи, термодинамичкиот вектор на времето има насока насочена кон зголемување на хаосот, односно нередот. Така да, доколку би се враќал во времето, ти би одел во обратна насока од овој вектор, значи од состојба на хаос би идел накај состојба на ред.
Односно, би се сеќавал на иднината, а не би знаел ништо за минатото. (атеист нешто наметна..)
И, додека сите нормални луѓе гледаат како чашата паѓа од маса и се крши, ти би гледал како делчиња стакло од земјата се се спојуваат во чаша полна со вода која потоа рипнува на масата. Неред > ред.
Шо, наравно, не е могуќе, па примеров се спомнува само кај имагинарното време...

--- надополнето ---

Не постојат бавни промени во времето, зошто времето е причинско последично, па ако се смени, сменето е, нема бавни и брзи промени.
Не постојат паралелни универзуми? Логично е да идеме во бесконечност, не може до 5д иде, и после преќине. Паралелните универзуми се заштитата на универзумите.
Незнам баш. Ипак времето не е апсолутно :)
 
emu6

emo girl
Член од
8 март 2010
Мислења
11
Поени од реакции
1
епа вака чо`ече, сакам да кажам нешто за времето. неможи времето да е само тука. ние тоа не можиме да го видиме зш во ова време кај нас во минатото или во иднината се случува нешто друго или така нарачени паралелни светови. пр. дали некогаш ви се има случено кога правите нешто како да сте го направиле и друг пат? тоа е причина на тоа дека во некој друг свет, во некое друго време вие сте го направиле тоа, но сите ние тоа мислиме дека е поради соништа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom