Светкање на диодите од тастатурата

  • Креатор на темата Креатор на темата POS-51
  • Време на започнување Време на започнување

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Локација
Помеѓу Кулерот и Процесорот
Сакате да ви светкаат трите диоди (диодите за Num Lock, Caps Lock и Scroll Lock) во ритамот на песната која моментално ја слушате ?

Доколку сакате, прочитајте го следниов краток туторијал кој функционира само преку Winamp:

Инсталирајте Winamp (доколку немате)
Симнете ја оваа мала апликација и инсталирајте ја.
Пуштете Winamp и одете во Winamp Preferences. (Кратенка: CTRL + P)
Одете во Visualization најдете го Visualization Key led и притиснете Start.
За крај пуштете песна и гледајте ги диодите како светкаат.

П.С - Не пишувајте додека ви светкаат диодите, бидејќи автоматски се активира и деактивира caps lock па вашиот текст би бил целиот со големи и мали букви.
Поздрав....
 
Весело, но проклето непотребно. Сепак весело.
 
Интересно и весело особено ако диодите се шарени
 
Хахахахаха ја пробав и се претепав од смеење. :vozbud:
 
Како да напраам доколку сакам да ја деактивирам/избришам апликацијава? Преку add/remove или?
 
Ваква тема имав отворено ееееееееееееееееееее:haha:
 
a ќе може ле ако на тестатурата има 4 диоди.
кај мене е таква.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom